Дали се исполнуваат ветувањата во вашата општина?
Следењето на изборните ветувања и мерките на локалните власти им овозможува на граѓаните да проверат што е реализирано, што сè уште се спроведува и каде нема напредок. На овој начин се поттикнуваат поголема транспарентност и отчетност на општините, а граѓаните добиваат проверени информации што можат да ги користат за да побараат исполнување на ветеното и да се застапуваат за потребите на својата заедница.
Мониторингот се спроведува од 2020 година. Во петтиот циклус, кој го опфаќа периодот 2026–2027, осум граѓански организации следат 27 мерки во 16 општини: Битола, Чаир, Центар, Делчево, Гостивар, Кичево, Кисела Вода, Кочани, Кривогаштани, Прилеп, Шуто Оризари, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово и Вевчани.
Овој циклус на мониторинг се спроведува од април 2026 до јуни 2027 година, а податоците се собираат и објавуваат квартално. За секоја избрана мерка, граѓанските организации го следат напредокот според однапред утврдени критериуми и редовно ја оценуваат фазата на нејзината реализација.
За полесно разбирање на резултатите се користи систем на семафор, при што зелената боја означува дека мерката е во завршна фаза, жолтата дека се спроведуваат конкретни активности, а црвената дека реализацијата на мерката е во застој.
Собраните податоци се прикажани во онлајн Матрицата за мониторинг. Таа овозможува пребарување и преглед на мерките според општина, тематска област, одговорна граѓанска организација и статус на реализација.
Изберете ја вашата општина и проверете кои мерки се следат, каков напредок е постигнат и за кои ветувања се бара отчетност од локалните власти.
Здружение за граѓански развој „За Тетово“
- Општински услуги за улично чистење за јавна хигиена и еколошки стандарди во општина ТеарцеТеарце
- Отстранување на нелегални депонии во општина ТеарцеТеарце
- Надоместување на трошоците за субвенционирање на граѓаните за велосипеди во општина ТетовоТетово
- Надоместување на трошоците за субвенционирање на граѓаните за клима-инвертери во општина ТетовоТетово
Здружение за грижа и нега во домот „Центар за Асистенција“ - Скопје
- Мониторинг на одржување и заштита на локалните патишта на општина СтуденичаниСтуденичани
- Мониторниг на изградба и реконструкциија на локални патишта на општина СтуденичаниСтуденичани
- Изградба на дополнителни паркизни и зонско паркирање во Општина ЧаирЧаир
- Мониторирање на изградбата на подземниот паркинг кај плоштадот Скендербег во општина ЧаирЧаир
Здружение за меѓународна младинска соработка „ИНТЕРАКТИВ“ – Битола
Здружение за рурален развој локална акциска група „Агро Лидер“
- Подобрување на системот за собирање на комунален отпад во општина Кривогаштани - редовност, територијална покриеност и ефикасност на услугитеКривогаштани
- Спречување и отстранување на диви депонии во општина Кривогаштани - идентификација, отстранување и спречувањеКривогаштани
- Подобрување на системот за собирање на комунален отпад во општина Прилеп - редовност, територијална покриеност и ефикасност на услугитеПрилеп
- Спречување и отстранување на диви депонии во општина Прилеп - идентификација, отстранување и спречувањеПрилеп
Здружение на граѓани за истражување, анализа и креирање политики „Евротинк – Центар за европски стратегии“ - Скопје
Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико
Сојуз за родова еднаквост: Национална мрежа ЖЕНИТЕ ЗА ЖЕНИТЕ- Скопје
- Јакнење на свеста кај жените за континуирана грижа и заштита на сопственото здравје во општина ГостиварГостивар
- Проект за подигање на свеста кај жените и мажите во општина ГостиварГостивар
- Воведување социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина ЦентарЦентар
- Поддршка на повозрасните граѓани/ пензионери во социјален ризик во општина ЦентарЦентар
