Јакнење на свеста кај жените за континуирана грижа и заштита на сопственото здравје во општина Гостивар

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Не

Согласно Програмата, за мерката се предвидени 100.000 денари. Со ребалансот, целата Програма за еднакви можности е намалена за 1.000.000 денари. Нема јасен одговор дали и во кој износ се намалени средствата за конкретната мерка, ниту колкав износ останува алоциран во буџетот. Општината потврди финансиско учество од 70%, додека ординациите обезбедуваат 30% од средствата.

Службен гласник на Општина Гостивар бр.14 од 29.12.2025

Официјална веб-страница на Општина Гостивар: https://gostivari.gov.mk/042/mk/archives/2629

Службен гласник на Општина Гостивар бр.9 од 31.08.2026 – Решение за прогласување на Заклучок за усвојување на Ребаланс на буџетот на Општина Гостивар за 2026 година, бр.08-1963/1 од 31.08.2026.

Писмен одговор по електронска пошта од од вишиот соработник за млади и спорт.

Записник од телефонски разговор со вишиот соработник за млади и спорт во Општина Гостивар (30.09.2026).

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Не

Нема промена на податоците од последниот квартален извештај (01.04.2026–30.06.2026). Мерката не се реализира по пат на јавни набавки ниту преку јавен повик, туку согласно Програмата, во континуитет околу седум години. На состанокот од 29.09.2026 беа повторени истите информации.

Записник од состанок со претставничка на Општина Гостивар од 29.09.2026.

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да

Направени се подготвителни консултации со здравствените ординации за потребите и бројот на пациентките. Поради поскапувањето на прегледите, предвидено е Општината да покрива 70% од трошоците, а ординациите 30%. За средината на октомври е планиран настан во рамките на „Розов октомври“, месецот посветен на подигање на свеста и борбата против ракот на дојка

Записник од состанок со претставничка на Општина Гостивар од 29.09.2026.

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Не

Заклучно со состанокот од 29.09.2026, нема почнати активности за реализација на мерката. Во октомври 2026 година е планирано организирање на активности поврзни со мерката.
.

Записник од состанок со претставничка на Општина Гостивар од 29.09.2026.

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Не

Во периодот на известување не се пронајдени информации за мерката на официјалната веб-страница на Општината. На состанокот со претставнички на граѓански организации за борба против ракот на дојка, учесничките посочија дека тешко наоѓаат информации, особено на општинските социјални мрежи, и најчесто мора да ги бараат од вработени во Општината. Според теренскиот прашалник, 83,9% од испитаниците во последните три месеци не забележале информација, објава или активност поврзана со бесплатните мамографски прегледи.

Официјална веб-страница на Општина Гостивар: https://gostivari.gov.mk/042/mk/pocetna

Записник од состанок со When in Trouble и членки на „Борка“ од 29.09.2026.
Теренски прашалник 2 – Гостивар, спроведен на 29.09.2026

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Не

Нема промена на податоците од последниот квартален извештај (01.04.2026–30.06.2026). Според писмениот одговор од Општината, во тековната 2026 година нема пристигнато барање за информации од јавен карактер поврзано со реализацијата на мерката.

Писмен одговор по електронска пошта од вишиот соработник за млади и спорт во Општина Гостивар од 29.09.2026.

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Да

Општината е отворена за соработка и споделува информации по барање на засегнати страни. На 29.09.2026 беше одржан состанок со претставнички на Националната мрежа „Жените за жените“, на кој беа споделени информации за мерката. По дополнително барање, беше доставен и писмен одговор по електронска пошта.

Записник од состанок со претставничка на Општина Гостивар од 29.09.2026.

Писмен одговор по електронска пошта од вишиот соработник за млади и спорт во Општина Гостивар од 29.09.2026.

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Не

Според податоците добиени од страна на Општината, мерката се креира преку консултации со здравствените ординации за потребите и бројот на пациентките. Не беше потврдено дека во консултациите учествуваа, граѓаните и ГО. На средбата со When in Trouble и членките на „Борка“, жените нагласија дека не биле прашани за мислење при подготовката на мерките и дека поддршката што ја добиваат не ги покрива нивните потреби.

Записник од состанок со претставничка на Општина Гостивар од 29.09.2026.

Записник од состанок со Women in Trouble и членки на „Борка“ од 29.09.2026.

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Не

Во периодот на известување не се добиени информации за поднесени барања за средби, консултации, петиции, граѓански иницијативи или други форми на учество од страна на граѓаните во однос на мерката. Во рамки на мониторингот не се евидентирани ниту други форми на проактивно вклучување на граѓаните поврзани со реализацијата на мерката.Според наодите од теренскиот прашалник, ваквата состојба може делумно да се поврзе со ниското ниво на информираност за мерката. Имено, 83,9% од испитаниците изјавиле дека во последните три месеци не забележале информација, објава или активност поврзана со бесплатните мамографски прегледи.

Записник од состанок со претставничка на Општина Гостивар од 29.09.2026

Теренски прашалник 2 – Гостивар, спроведен на 29.09.2026
https://forms.gle/E7JTqSi5fbG8KwjY6

Писмен одговор по електронска пошта од вишиот соработник за млади и спорт во Општина Гостивар од 29.09.2026.

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Да

Во периодот на известување не се добиени информации за јавни собири, дебати или форуми организирани од Општината во врска со мерката. Во октомври се планирани активности поврзани со мерката.Националната мрежа „Жените за жените“ организираше средба со граѓани во Гостивар, преку разговор на кафе за мерките за бесплатни мамографски прегледи и поддршка на жртви на родово базирано насилство. Целта беше да се слушнат мислењата на граѓаните за мерките, колку се информирани за нив, дали биле вклучени во нивното креирање и како ја оценуваат достапноста на информациите и транспарентноста на Општината. Според одоворите на посетителите, 51,8% од испитаниците некогаш присуствувале на настан организиран од Општината. Од оние што го одговориле прашањето потврдно, 8,9% учествувале на јавен форум, а 6,7% јавна расправа. Овие одговори се однесуваат на настани организирани од општината генерално и не потврдуваат учество на настан за конкретната мерка.

Записник од состанок со претставничка на Општина Гостивар од 29.09.2026

Теренски прашалник 2 – Гостивар, спроведен на 29.09.2026
https://forms.gle/E7JTqSi5fbG8KwjY6

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Нема нови информации за електронско учество на граѓаните во однос на мерката во споредба со последниот квартален извештај (01.04.2026–30.06.2026). Не се добиени податоци за користење мобилни апликации, електронски обрасци или други електронски механизми за учество поврзани со бесплатните мамографски прегледи. Според теренскиот прашалник, испитаниците најчесто добиваат информации за општинските програми и мерки преку Facebook (55,4%), локални медиуми (35,7%) и пријатели и познаници (33,9%). Официјалната веб-страница на Општината ја навеле 17,9%, а граѓанските организации 5,4%. Овие податоци ги покажуваат каналите на информирање, но не потврдуваат електронско учество во одлуките или спроведувањето на мерката.Дополнително, 41,1% сметаат дека Општината не обезбедува доволно можности за искажување мислења и ставови, 28,6% сметаат дека тоа го прави делумно, а само 5,4% одговориле потврдно. Оваа оценка се однесува на можностите за учество генерално.

Записник од состанок со претставничка на Општина Гостивар од 29.09.2026

Теренски прашалник 2 – Гостивар, спроведен на 29.09.2026
https://forms.gle/E7JTqSi5fbG8KwjY6

3.3.3Отворени денови на општината Не

Нема промена на податоците од претходниот квартален период (01.04.2026–30.06.2026). Не е јасно дефинирано дали Општината организира отворени денови, а во периодот на известување не се добиени информации за отворен ден поврзан со мерката. Според теренскиот прашалник, 35,6% од испитаниците што го одговориле прашањето за видот на општинскиот настан навеле присуство на отворен ден. Овој податок се однесува на досегашно присуство на општински настани генерално и не потврдува учество на отворен ден за бесплатните мамографски прегледи во извештајниот период.

Записник од состанок со претставничка на Општина Гостивар од 29.09.2026

Писмен одговор по електронска пошта од вишиот соработник за млади и спорт во Општина Гостивар од 29.09.2026.

Теренски прашалник 2 – Гостивар, спроведен на 29.09.2026
https://forms.gle/E7JTqSi5fbG8KwjY6

Стагнација
Општина Гостивар
Организација Сојуз за родова еднаквост: Национална мрежа ЖЕНИТЕ ЗА ЖЕНИТЕ- Скопје
Финансиски индикатор (општина) Отвори