Урбанизација за вдомување на млади брачни парови во општина Делчево

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Да

Предвидени се 350 000 мкд, одговор добиен по пат на слободен пристап до информации

Информацијата е добиена од Локалната Самоуправа преку барање од Слободен пристап до информации од Јавен Карактер

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Не

Општината нема спроведено постапка за јавна набавка и центарот за јавни набавки и општи работи не располага со никаква документација

Проверено во Системот за Јавни Набавки

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да

Избрана е локација и предвидени се 350 000 мкд во буџетот. Согласно изјавата на Градоначалникот при нашата последна средба се очекува одобрение од Министерство за транспорт и врски. Се очекува до крајот на годината да се реализира ветувањето согласно изјавата на Градаоначалникот.

Преку директните средби со Градоначалникот и по пат на слободен пристап до информации од јавен карактер. Локацијата ја имаме и лично посетена, истата е државно земјиште.

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Да

Исцртана е локацијата па се очекува поделба на границите на плацевите , критериумите по кои истите ќе се доделуваат и вклопување во ДУП

Средби со тимот на Урбанизам и посета на локацијата

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Да

Во периодот на известување споделувани се информации на Бизнис форумот со Иселениците. При тоа е користена истата презентација каде е посочена и локацијата за Урбанизација на локацијата за нови брачни парови.

Веб страна и фејсбук страница на Локалната Самоуправа

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Да

Општината одговара на барањата за Слободен пристап до информации каде стои дека има обезбедено 350 000 мкд за урбанизација и дека е избрана локацијата. Во јавност неколку пати, но пред се на Бизнис Форумите се презентирани плановите за урбанизација.

Одговори на барања за информации од јавен карактер, пауер поинт презентација

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Да

Редовно сме во Комуникација, имаме состаноци и Локалната редовно одговара на Барањата за Информации од Јавен Карактер. Изјава за Урбанизацијата Градоначалникот даде и на интервјуто за 360степени.

Барање за информации од Јавен Карактер https://360stepeni.mk/video-edna-godina-podotsna-shto-vetuvaa-a-shto-ispolnija-gradonachalnitsite/

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Да

Учество на Бизнис форум со иселениците кој беше одржан на 11 август 2026. Таму се разговараше за можности за инвестиции на иселениците, потенцијалот на младите и можностите кои се нудат со планираните урбанистички планови.

Слики, презентација на Градоначалникот https://www.delcevo.gov.mk/novosti/35023

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Да

Младинскиот Совет беше иницијатор за реализација на Општински Совет наменет за младински прашања. Во делот на домување е укажано дека се работи на урбанизација и дека се чека на Министерство за Транспорт и Врски. Седницата се одржа на 18 Септември.

Објави на ФБ https://www.facebook.com/DelcevoDenes/posts/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D1%98%D0%B0-%D1%83%D1%87%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%B8-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8-/1518481136972988/

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Да

Младите беа дел од Бизнис Форумот со иселенниците. Нивна идеа беше да чујат предлози од иселениците но во разговор со нив не дошле до таква дискусија. Останува само презентацијата од Градоначалникот каде спомнува дека за младите има младински центар, дека е при крај младинскиот парк и дека се работи на Урбанизација за ноби брачни двојки.

ФБ објави иобјави на веб страната https://www.delcevo.gov.mk/novosti/35023

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Нема услови за дигитални комуникации бидејќи не е во функција алатката Смарт Делчево. Тоа лично го имаме искусено како проектен тим, директно а и во комуникација со службеник од општината бидејќи закупиле толкав простор.

Проектен тим

3.3.3Отворени денови на општината Да

Јавно е објавено дека има денови за средба со Градоначалникот и службите. Оваа информација е објавена на вратата на Информативниот Центар и Портирата на Локалната Самоуправа.

Јавно објавено соопштение во Информативниот центар

Се спроведуваат активности
Општина Делчево
Организација Здружение на граѓани за истражување, анализа и креирање политики „Евротинк – Центар за европски стратегии“ - Скопје
Финансиски индикатор (општина) Отвори