Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Да | Предвидени се 330 000 мкд за оваа година. Од овие средства секој месец се префрлаат по 25 000 мкд. Центарот е опремен со елементарна опрема и е во функција. Досега на име на НВО се префрлени 150 000 мкд. | Информацијата е добиена од Локалната Самоуправа преку барање од Слободен пристап до информации од Јавен Карактер. Исто така Организација ЖЕНА која раоводи со младинскиот центар даде писмена изјава дека средствата редовно пристигнуваат се исплаќаат на лицето кое е Координатор на Центарот |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Не | Општината нема спроведено постапка за јавна набавка и центарот за јавни набавки и општи работи не располага со никаква документација. Не се планирани јавни набавки за центарот во овој период. Проверен е и годишниот план за јавни набавки каде не се гледа таква набавка. | Проверено во Системот за Јавни Набавки |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Да | Обезбеден е простор, набавена е опрема, издвоени се средства во буџетот, избрана е НВО и Координатор на центарот | Слики од просторот , квартални извештаи и физичка посета на просторот |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Да | Обезбедена е основна опрема а сега се бараат донации за да се доосовремени, односно се побаруваат средства за смарт табла, проектор, 20 столици и мебел. | Поднесена е Апликација во Државната Лотарија, разговор со вработен во општината и невладина организација |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Да | Најмалку еднаш во 3 месеци општината објавува прилози за Младинскиот Центар. Објавите овој квартал биле за општинската седница за младински прашања. | Веб страната на општината и фејсбук страната на Младинскиот Центар https://www.delcevo.gov.mk/ https://www.facebook.com/p/%D0%9C%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2%D0%BE-61587258279290/ |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Да | Добиваме одговори на сите доставени барања до Општината Делчево | Одговори на барања за информации од јавен карактер |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Да | Редовно сме во Комуникација, имаме состаноци и Локалната самоуправа редовно одговара на Барањата за Информации од Јавен Карактер. Евротинк одржа двете средби со младинскиот совет и членовите на младинското собрание, но и на сите други средби покрај предизвиците на младите секогаш се споменувал младинскиот центар. | Слики, записници, листа на присутни од средбите |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Да | Младите учествуваа на Општински Совет. Младите споделуваа дека треба да продолжи да функционира младинскиот центар и дека е даден предлог да се направи и регионален младински центар за поголема организација на младите. Исто така, во рамки на младинскиот центар функцонира и кариерно советување. | Слики од настаните, листа на присутни, објави на фејсбук //www.facebook.com/reel/1491196879734968 https://www.facebook.com/DelcevoDenes/posts/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D1%98%D0%B0-%D1%83%D1%87%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%B8-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8-/1518481136972988/ |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Да | Младинскиот Совет беше иницијатор за реализација на Општински Совет наменет за младински прашања. Седницата се одржа на 18 Септември . На седницата беа адресирани повеќе прашања до раководителите на Институциите во делот на вработувањето, беа поставени прашања за функционирање и збогатување на активностите во Младинскиот центар. Заклучок е да се зајакне комуникацијата помеѓу младите и институциите преку почести средби и повеќе политики насочени кон младите. | |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Да | Во периодот на известување младите беа дел од Седницата посветена на младите, која беше претходно спомената | |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Нема услови за дигитални комуникации бидејќи не е во функција алатката Смарт Делчево. Тоа лично го имаме искусено како проектен тим, директно а и во комуникација со службеник од општината бидејќи закупиле толкав простор. | Проектен тим |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Да | Јавно е објавено дека има денови за средба со Градоначалникот и службите. Оваа информација е објавена на вратата на Информативниот Центар и Портирницата на Локалната Самоуправа. | Јавно објавено соопштение во Информативниот центар |
