Мониторинг на Програмата на Владата и локалните самоуправи

Период: април - јуни 2026 · Последно ажурирано: 18.9.2026

Дали се исполнуваат ветувањата во вашата општина?

Следењето на изборните ветувања и мерките на локалните власти им овозможува на граѓаните да проверат што е реализирано, што сè уште се спроведува и каде нема напредок. На овој начин се поттикнуваат поголема транспарентност и отчетност на општините, а граѓаните добиваат проверени информации што можат да ги користат за да побараат исполнување на ветеното и да се застапуваат за потребите на својата заедница.

Мониторингот се спроведува од 2020 година. Во петтиот циклус, кој го опфаќа периодот 2026–2027, осум граѓански организации следат 27 мерки во 16 општини: Битола, Чаир, Центар, Делчево, Гостивар, Кичево, Кисела Вода, Кочани, Кривогаштани, Прилеп, Шуто Оризари, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово и Вевчани.

Овој циклус на мониторинг се спроведува од април 2026 до јуни 2027 година, а податоците се собираат и објавуваат квартално. За секоја избрана мерка, граѓанските организации го следат напредокот според однапред утврдени критериуми и редовно ја оценуваат фазата на нејзината реализација.

За полесно разбирање на резултатите се користи систем на семафор, при што зелената боја означува дека мерката е во завршна фаза, жолтата дека се спроведуваат конкретни активности, а црвената дека реализацијата на мерката е во застој.

Собраните податоци се прикажани во онлајн Матрицата за мониторинг. Таа овозможува пребарување и преглед на мерките според општина, тематска област, одговорна граѓанска организација и статус на реализација.

Изберете ја вашата општина и проверете кои мерки се следат, каков напредок е постигнат и за кои ветувања се бара отчетност од локалните власти.

Збирни податоци по општини
27Вкупно мерки
0 Во завршна фаза
11 Се спроведуваат активности
14 Стагнација
Мерката е во фаза на завршување (0)Се спроведуваат конкретни теренски активности (11)Мерката е во стагнација (14)
Се спроведуваат активности

Воведување социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар

Центар

Сојуз за родова еднаквост: Национална мрежа ЖЕНИТЕ ЗА ЖЕНИТЕ- Скопје

Се спроведуваат активности

Изградба на нов систем за улично осветлување и замени на стари светилки во општина Вевчани

Вевчани

Здружение Планинарски спортски клуб „КAБ Струга 2017“

Се спроведуваат активности

Изградба на спортска сала во ООУ „Кузман Јосифовски Питу„ во општина Кисела Вода

Кисела Вода

Здружение на граѓани за истражување, анализа и креирање политики „Евротинк – Центар за европски стратегии“ - Скопје

Се спроведуваат активности

Општински услуги за улично чистење за јавна хигиена и еколошки стандарди во општина Теарце

Теарце

Здружение за граѓански развој „За Тетово“

Се спроведуваат активности

Отворање и опремување на Младински центар во општина Делчево

Делчево

Здружение на граѓани за истражување, анализа и креирање политики „Евротинк – Центар за европски стратегии“ - Скопје

Се спроведуваат активности

Отстранување на нелегални депонии во општина Теарце

Теарце

Здружение за граѓански развој „За Тетово“

Се спроведуваат активности

Подобрување на системот за собирање на комунален отпад во општина Кривогаштани - редовност, територијална покриеност и ефикасност на услугите

Кривогаштани

Здружение за рурален развој локална акциска група „Агро Лидер“

Се спроведуваат активности

Подобрување на системот за собирање на комунален отпад во општина Прилеп - редовност, територијална покриеност и ефикасност на услугите

Прилеп

Здружение за рурален развој локална акциска група „Агро Лидер“

Се спроведуваат активности

Спречување и отстранување на диви депонии во општина Кривогаштани - идентификација, отстранување и спречување

Кривогаштани

Здружение за рурален развој локална акциска група „Агро Лидер“

Се спроведуваат активности

Спречување и отстранување на диви депонии во општина Прилеп - идентификација, отстранување и спречување

Прилеп

Здружение за рурален развој локална акциска група „Агро Лидер“

Се спроведуваат активности

Урбанизација за вдомување на млади брачни парови во општина Делчево

Делчево

Здружение на граѓани за истражување, анализа и креирање политики „Евротинк – Центар за европски стратегии“ - Скопје

Стагнација

Јакнење на свеста кај жените за континуирана грижа и заштита на сопственото здравје во општина Гостивар

Гостивар

Сојуз за родова еднаквост: Национална мрежа ЖЕНИТЕ ЗА ЖЕНИТЕ- Скопје

Стагнација

Изградба на атмосферска и фекална канализација на улиците Вашингтонска, Гвадалахара и Слан Дол во општина Шуто Оризари

Шуто Оризари

Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико

Стагнација

Изградба на дополнителни паркизни и зонско паркирање во Општина Чаир

Чаир

Здружение за грижа и нега во домот „Центар за Асистенција“ - Скопје

Стагнација

Изградба на младински центар во општина Кисела Вода

Кисела Вода

Здружение на граѓани за истражување, анализа и креирање политики „Евротинк – Центар за европски стратегии“ - Скопје

Стагнација

Изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик во општина Кочани

Кочани

Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико

Стагнација

Изградба на потпорен ѕид во Ромско маало во општина Кочани

Кочани

Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико

Стагнација

Мониторинг на одржување и заштита на локалните патишта на општина Студеничани

Студеничани

Здружение за грижа и нега во домот „Центар за Асистенција“ - Скопје

Стагнација

Надоместување на трошоците за субвенционирање на граѓаните за велосипеди во општина Тетово

Тетово

Здружение за граѓански развој „За Тетово“

Стагнација

Надоместување на трошоците за субвенционирање на граѓаните за клима-инвертери во општина Тетово

Тетово

Здружение за граѓански развој „За Тетово“

Стагнација

Одржување и унапредување на урбаното зеленило во општина Битола: (1) Изработка на Стратегија за развој на зеленило, (2) Поставување на подземни садови за комунален отпад

Битола

Здружение за меѓународна младинска соработка „ИНТЕРАКТИВ“ – Битола

Стагнација

Поддршка на повозрасните граѓани/ пензионери во социјален ризик во општина Центар

Центар

Сојуз за родова еднаквост: Национална мрежа ЖЕНИТЕ ЗА ЖЕНИТЕ- Скопје

Стагнација

Проект за подигање на свеста кај жените и мажите во општина Гостивар

Гостивар

Сојуз за родова еднаквост: Национална мрежа ЖЕНИТЕ ЗА ЖЕНИТЕ- Скопје

Стагнација

Хумано управување со бездомните кучиња во општина Кичево

Кичево

Здружение за меѓународна младинска соработка „ИНТЕРАКТИВ“ – Битола

Стагнација

Чистење на диви депонии во Струга

Струга

Здружение Планинарски спортски клуб „КAБ Струга 2017“

Сè уште не е мониторирано

Мониторирање на изградбата на подземниот паркинг кај плоштадот Скендербег во општина Чаир

Чаир

Здружение за грижа и нега во домот „Центар за Асистенција“ - Скопје

Сè уште не е мониторирано

Мониторниг на изградба и реконструкциија на локални патишта на општина Студеничани

Студеничани

Здружение за грижа и нега во домот „Центар за Асистенција“ - Скопје