Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Да | Издвоени се сретства преку ПРОГРАМА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2026 ГОДИНА Бр./Nr. 08-1410/7 од 13.03.2026 во точката 4.1. Одржување на јавната чистота, комуналната хигиена и водоснабдителните системи, се предвидени 3.000.000 денари. Средствата се јасно алоцирани и е спроведена јавна набавка.Нема досега пренамена на средства. | ПРОГРАМА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2026 ГОДИНА Бр./Nr. 08-1410/7 од 13.03.2026 во точката 4.1. Одржување на јавната чистота, комуналната хигиена и водоснабдителните системи, се предвидени 3.000.000 денари., РЕШЕНИЕ |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Да | Реализирана е набавка за чистење на диви депонии преку електронскиот систем e-nabavki@gov.mk. Постапката е завршена, донесена е одлука за | РЕШЕНИЕ |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Да | Во текот на мониторингот, вклучуваќи и вториот квартал, не се забележува никаде за потреба за некоја посебна дозвола. Склучен е договор со ДООЕЛ „Нефи Ик“ од Охрид, како клучен предуслов за реализација на мерката. | РЕШЕНИЕ |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Да | Согласно Решение бр. 03-5428/2 од 17.09.2026 година, на прашањето „Дали е започната постапка со чистење на дивите депонии во подрачјето на Општина Струга?“, Општина Струга информира дека делумно е започнато со чистење на дивите депонии, при што приоритет е даден на зоните каде што има поголема потреба. Во одговорот не се наведени конкретни локации, обемот на извршените работи или други податоци за реализираните теренски активности. | РЕШЕНИЕ |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Да | За мерката која е предмет на мониторинг, тимот на проектот реализираше средба со општинските инспектори од животна средина на која се известени за состојбата со дивите депонии и за постапката за јавна набавка која тогаш беше во тек. Во делот на транспарентност по мерката и податоците, не се забележува некоја конкретна објава на социјалните мрежи за постапката и за ивршениот избор на компанијата, но добиен е одговор - Решение Бр. 03-5428/2, 17.09.2026, по претходно електронско доставено барање. | РЕШЕНИЕ |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Да | За вториот квартал, доставено е едно Барање за слободен пристап од јавен карактер на електронска форма, до Општина Струга. Има еден одговор по барањето. Општината не наплатила за дадените информации, добиената информација се достави на електронска форма до мониторот. | РЕШЕНИЕ |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Да | Претставник на Совет на Општина Струга, споделуваше информации во врска со чистењето на дивите депонии на настанот организиран од КАБ Струга со млади учесници на 23.09.2026. | |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | Граѓаните не се вклучени во одлуки поврзани со мерката. | Проектен тим |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Не | Нема никаква информација за граѓанска иницијатива по ова прашање. Според средбата која се реализира со инспекторатот, беше истакнато дека е зголемен бројот на дивите депонии во подрачјето на општина Струга, но нема никаква иницијатива од граѓаните. | Разговор со шефот на кабинетот на Градоначалникот |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Да | Преку настан на здружението КАБ од Струга со младите и претставници од советот на Општина Струга, активно беа вклучени млади и другите учесници. Настанот се одржа на 23.09.2026 година и во него учествуваа вкупно 20 учесници, 14 м-пол,6 ж-пол,13 од 18 до 29 години, 7 над 30 години | Информација од реализиран настан на КАБ Струга |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Не се забележува таква можност | Информација добиена од состанокот со општинскиот инспекторат |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Не | Нема отворен ден во општината за овој квартал, нема информации по мерката која се следи. | Информација добиена од општинскиот инспекторат |
