Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Да | Во буџетот на општината издвоени се средства во износ од 100.000 денари. Средствата се алоцирани во ставката во општинскиот буџет R10 Заштита на животна средина и природа, 42 Стоки и услуги и соодветсвува со финансискиот план на ЈКП „Пелагонија“ за 2026 година . Обезбедувањето на средствата за комуналните мерки и инфраструктурата за 2026 година е комбинирано: Централен буџет и општински буџет. Исто така има 934.153,00 денари од Министерството за финансии преку проект поддржан од Светска Банка. | Информации објавени во службен гласник - буџет на општината: https://krivogastani.gov.mk/wp-content/uploads/2015/09/%D0%A1%D0%BB%D1%83%D0%B6%D0%B1%D0%B5%D0%BD-%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA-5-2026.pdf |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Да | Во планот за јавни набавки на општина Кривогаштани и ЈКП Пелагонија, нема ни планирани ни реализирани набавки | |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Да | Во овој дел не е потребно исполнување на неопходни предуслови за поставување на канти и контејнери бидејќи истите се поставуваат на општинско место. | Овие информации се добиени на средба со директорот на ЈКП Пелагонија на 19.06.2026 |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Да | Мерката физички се спроведува, набавено е ново возило за собирање и селекција на отпад. Кантите сеуште не се целосно распоредни. Во моментов се прати мапирање на терен за тоа колку канти и контејнери има на терен во сите населени места. Согласно пописот на опрема на терен, ќе се одлучи каде ќе бидат поставени новите добиени канти за отпад. Други конкретни активности нема | |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Не | Двете институции, општина Кривогаштани и ЈКП Пелагонија иако имаат активна Фејсбук (Facebook) страница во периодот јули-септември имаат само една објава поврзана со набавка на ново возило за собирање и селекција на отпад на 26 август 2026 | |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Не | На 3 септември, ЛАГ Агро Лидер испрати Барање за информации од јавен карактер. На истото досега нема испратено одговор. Воедно, досега нема пристигнато ниту едно барање од други лица поврзано со мерката | Проектен тим |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Да | Во овој квартал нема споделување на информации на засегнатите страни преку состаноци, интервјуa. ЛАГ Агро Лидер оствари една средба со директорот, на која средба беа дадени информации за тоа што е мерка за мониторинг. | Средба со директорот на ЈКП Пелагонија на 03 септември каде што е наведено дека поради летниот период и работата на терен на граѓаните не се реализирани вакви средби |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | Во овој квартал нема формални консултации и средби со граѓани. | Средба со директорот на ЈКП Пелагонија на 03 септември каде што е наведено дека поради летниот период и работата на терен на граѓаните не се реализирани вакви средби |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Не | Во текот на овој квартал не се евидентирани официјално поднесени писмени барања за средби, потпишани петиции или формални граѓански иницијативи доставени до архивата на општина Кривогаштани или ЈКП „Пелагонија“. Исто така, немало директно физичко учество на граѓани на седниците на советот на општината конкретно за оваа мерка | Секојдневно следење на клучните локални Фејсбук групи, фан-страници и коментарите на официјалните профили на институциите; проверка со општината за тоа дали пристигнал формален допис или иницијатива |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Да | На 26.06.2026, се одржа директна средба со граѓани. На средбата се разговараше за мерката, односно за редовноста на собирање на комунален отпад, територијална покриеност и ефикасност на услугите во Кривогаштани . Средбата опфати граѓани од различна возраст. На 26.08.2026 и 17.09.2026 исто така се одржаа јавни кампањи. Беше промовиран QR код каде што граѓаните сликаа слики од отпад и праќаа за да може да се мапираат површини со отпад. На јавните кампањи учестуваа повеќе од 150 граѓани. | https://radiopela.mk/73431/ |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Општина Кривогаштани нема можност на официјалната веб страна за електронско учество на граѓаните. | |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Да | Иако Општина Кривогаштани нема посебно назначен отворен ден, граѓаните можат секој ден да си ја посетат општината и да се информираат за работи поврзани со мерката. Нема конкретен отворен ден за мерката за собирање на комунален отпад - редовност, територијална покриеност и ефикасност на услугите. Во просек има по 4-5 граѓани секој ден што ја посетуваат општината. На овие посети граѓаните бараат подобри услови за живот, пријавуваат не собирање на отпад, итн | дадените наоди од разговор со претставници од општина и ЈКП на 03.09.2026 |
