Мониторинг на одржување и заштита на локалните патишта на општина Студеничани

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Да

Во Буџетот на Општина Студеничани за 2026 година се алоцирани средства во вкупен износ од 2,436,000.00 денариза одржување и заштита на локалните патишта, усвоени со одлука на Советот на Општината. Во текот на мониторингот ќе се следат реализацијата на средствата и евентуалните измени при ребаланс.

Програма за локални патишта на општина Студеничани

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Да

Јавната набавка поврзана со реализацијата на мерката е спроведена и завршена, со избран понудувач ФЛУИД Проект Доо.
Договорена вредност: 2,436,000.00. Во понатамошниот мониторинг ќе се следи реализацијата на договорот и извршувањето на предвидените работи.

Назив на набавката: За јавна набавка на работи одржување на локални патишта на територијата на општина Студеничани по јавен оглас бр. 06503/2026

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да

Обезбедени се потребните предуслови за одржување на локалните патишта: буџетски средства, спроведена јавна набавка и ангажирана фирма преку рамковен договор а одржување на патишта ЗБp. 09-837/1
01.06 2026 год. За редовното одржување не се утврдени дополнителни пречки за реализација.

Бp. 09-837/1
01.06 2026 год.
Рамковен договор за одржување на патишта

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Не

Во текот на кварталот е завршена јавната набавка и склучен е договор, но не се обезбедени податоци или докази дека се започнати конкретни теренски активности за реализација на мерката. Во следниот период ќе се следат отпочнувањето, видот и обемот на изведените работи. Анализирана е фејсбук страната на градоначалникот.

https://www.facebook.com/Mr.EjupAbazi 

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Не

Општината повремено објавува информации за активности поврзани со одржување на локалните патишта, но објавите не се редовни и не содржат секогаш доволно податоци за локацијата, видот и текот на интервенциите. Потребно е подобрување на транспарентноста и редовното информирање на граѓаните.

https://www.facebook.com/Mr.EjupAbazi 

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Да

Според информациите од Општина Студеничани, во тековниот квартал биле примени најмалку 2–3 барања од граѓани поврзани со мерката. На барањата е одговорено по електронска пошта и писмено, без наплата на надоместок. Општината нема посебен правилник за наплата на информации од јавен карактер. Барањата за интервенции и одржување на улиците се проследуваат од Одделението за урбанизам до фирмата со која Општината има склучено рамковен договор за одржување.

Записник од состанок со вработено лице од општината

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Да

Во текот на кварталот Општина Студеничани споделуваше информации за мерката преку директни разговори и средба со граѓаните, на која присуствуваше градоначалникот. Беа презентирани информации за текот на реализацијата, активностите и пречките со кои се соочува Општината.

Извор на информации: Извештај од средбата со Општината и спроведени прашалници до граѓани

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Не

Во текот на кварталот граѓаните не биле формално вклучени или консултирани при донесување одлуки поврзани со мерката. Нема податоци дека нивните ставови и предлози биле вклучени во понатамошните одлуки на Општината.

Записник од разговор со вработено лице во општината

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Не

Во овој квартал нема евидентирани формални барања, петиции или граѓански иницијативи поврзани со мерката. Граѓаните досега не иницирале учество во донесувањето одлуки.

Записник од разговор со вработено лице во општината

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Да

На 30.06.2026 година организацијата Центар за Асистенција организираше средба со граѓаните во Општина Студеничани, на која беа презентирани почетните наоди од мониторингот на локалната патна инфраструктура. На средбата присуствуваше и градоначалникот, а граѓаните поставуваа прашања и даваа предлози. Во понатамошниот мониторинг ќе се следи дали предлозите ќе бидат земени предвид.

Извештај од спроведена средба

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Не е обезбедена посебна можност за електронско учество на граѓаните во врска со одржувањето на локалните патишта преку мобилна апликација, веб-образец или друга електронска алатка. Во овој квартал нема евидентирано електронско учество.

Видливо на wеб страната на општината, како и Записнк од спроведен разговор со вработено лице.
https://studenicani.gov.mk/

3.3.3Отворени денови на општината Да

Општина Студеничани организира отворени денови во четврток, на кои граѓаните можат директно да разговараат со претставниците на Општината и да поставуваат прашања поврзани со локалната патна инфраструктура. Во понатамошниот мониторинг ќе се следат бројот на учесници, поднесените барања и нивниот исход

Достапно како информација на веб страната

https://studenicani.gov.mk/

Се спроведуваат активности
7 од 12 критериуми исполнети (58%)
Општина Студеничани
Организација Здружение за грижа и нега во домот „Центар за Асистенција“ - Скопје