Спречување и отстранување на диви депонии во општина Кривогаштани – идентификација, отстранување и спречување

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Не

Нема посебна ставка во буџетот на општина Кривогаштани за 2026 за мерката Чистење на диви депонии. Средствата не се јасно алоцирани, односно се ставени како комунални сервиси без да се прецизира сумата. Алоцираниот износ од 150 000 денари во ставката комунални сервиси е и за собирање на отпад и за чистење на диви депонии.

План на Програми за развој на комуналните дејности во населените места во Општина Кривогаштани за период од 2026-2028 година и буџет на општина Кривогаштани и ЈКП Пелагонија усвоена 12.12.2025 година Буџет на оптина Кривогаштани усвоен на 29.12.2025

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Не

Во планот за јавни набавки нема предвидено јавни набавки за оваа мерка

План за јавни набавки на општина Кривогаштани - https://e-nabavki.gov.mk/InstitutionGridData.aspx?fbclid=IwAR2ksoZ5zha0RCNSv9YmvmxeTrxd0aQj68iR10jnNov_HF_dH0kMZQ10zLw#/ciAnnouncementPlansGrid/c5cd9bd3-395a-4244-a481-2d890e42261d

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да

Предуслов за оваа мерка мапирање дивите депонии, по што истите и се отстрануваат.. Не постои официјален документ за каде има диви депонии. Секојдневно никнуваат нови диви депонии кои директно од терен се мапираат од ЈКП Пелагонија.

Средба со директорот на ЈКП Пелагонија на 03.09.2026

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Не

Иако нема објави на веб страна и фб страна, наведено е дека има конкретни теренски активности. Беше наведено дека има вондредно чистење на диви депонии два пати месечно на следниве локации: Кривогаштани, Бела Црква, Руфци, Крушеани и Обршани.

Состанок со директорот на ЈКП Пелагонија Кривогаштани на 03.09.2026

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Не

Општина Кривогаштани има активна веб страна каде што се споделуваат информации за менаџирањето со отпад. ЈКП Пелагонија нема активна веб страна, со тоа што добивме одговор дека истата е во изработка и се очекува да биде функционална. Двете институции имаат активна Фејсбук (Facebook) страница, но не споделуваат тековни активности иако на терен се реализираат.

фб страна на ЈКП Пелагонија: https://www.facebook.com/profile.php?id=100081132322758

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Не

На 3 септември, ЛАГ Агро Лидер поднесе барање за информации од јавен карактер. До крајот на овој период нема одговор на Барањето.

Проектен тим

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Не

Во овој квартал, ЛАГ Агро Лидер оствари средба со директорот на ЈКП Пелагонија Кривогаштани. Иако нема официјални средби, секој граѓанин може да поднесе барање за одржување на средба со релевантни лица. Но, во овој период нема барања од граѓани за нивно вклучување

Средба со директорот на ЈКП Пелагонија на 3 септември 2026

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Не

Во овој квартал нема формални консултации и средби со граѓани.

Средба со директорот на ЈКП Пелагонија на 3 септември 2026

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Не

Во овој квартал не се евидентирани официјално поднесени писмени барања за средби, потпишани петиции или формални граѓански иницијативи доставени до архивата на општина Кривогаштани или ЈКП „Пелагонија“. Исто така, немало директно физичко учество на граѓани на седниците на советот на општината конкретно за оваа мерка.

Сребда со секретарот на општина Кривогаштани и директорот на ЈКП Пелагонија Кривогаштани на 03.09.2026

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Да

ЛАГ Агро Лидер иницираше и одржа јавен собир - теренска средба на 26.06. 2026 во Кривогаштани поврзана со оваа мерка. За време на средбата се дискутираше за актуелните предизвици за мерката. Учествуваа 20 граѓани од различна возраст и населено место. Исто така, беа одржани 2 јавни кампањи каде што беше промовиран QR код за граѓаните да сликаат и да мапираат диви депонии

https://radiopela.mk/73431/
https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=1662211289237301&id=100063453378603&rdid=tVEox5FwxU3YM9mk#
https://otv.mk/uchesnicite-na-krushevo-niz-korija-mapiraa-divi-deponii-so-qr-kodovi/?fbclid=IwY2xjawTxHTxwZG9mBWV4dG4DYWVtAjExAGJyaWQRMWJjU2xZZzZWM1BLYmNYQzFzcnRjBmFwcF9pZBAyMjIwMzkxNzg4MjAwODkyAAEexB1WVlKdROOzyzRiuZc7a4ZukAitf_vxqUSlrBuLRfR4F1KKYO6nkZF-e_c_aem_d0kpDV1nx5DCfg9QM2eeIg
https://www.facebook.com/share/v/1CwBSnqzWy/
https://infokompas.com.mk/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%bd%d0%be%d0%b2-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bb%d0%b0%d0%b3-%d0%b0%d0%b3%d1%80%d0%be-%d0%bb%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d1%80-%d0%bf%d0%be%d1%87/

https://infokompas.com.mk/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%bd%d0%be%d0%b2-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bb%d0%b0%d0%b3-%d0%b0%d0%b3%d1%80%d0%be-%d0%bb%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d1%80-%d0%bf%d0%be%d1%87/

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Општина Кривогаштани и ЈКП Пелагонија немаат можност на официјалната веб страна за електронско учество на граѓаните.

https://krivogastani.gov.mk/

3.3.3Отворени денови на општината Да

Иако Општина Кривогаштани нема посебно назначен отворен ден, граѓаните можат секој ден да си ја посетат општината и да се информираат за работи поврзани со мерката. Нема конкретен отворен ден за мерката за собирање на комунален отпад - редовност, територијална покриеност и ефикасност на услугите. Во просек има по 4-5 граѓани секој ден што ја посетуваат општината. На овие посети граѓаните бараат подобри услови за живот, пријавуваат не собирање на отпад, итн

Дадените наоди од разговор со претставници од општина и ЈКП Пелагонија на 03.09.2026 година

Стагнација
Општина Кривогаштани
Организација Здружение за рурален развој локална акциска група „Агро Лидер“
Финансиски индикатор (општина) Отвори