Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Да | Во општинските програмски и буџетски документи се предвидени средства и финансиски модели за развој на паркинг-инфраструктурата и дополнителни паркинг-решенија. Во кварталот не е утврдена пренамена на планираните средства. | Буџет/Програма на Општина Чаир 2026; програмски документи за паркинг-инфраструктура. |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Не | До 30.09.2026 не е идентификувана објавена или започната јавна набавка конкретно за воведување на зонскиот систем или за конкретните дополнителни паркинг-решенија. | План за ЈН/ЕСЈН – проверка; програмски документи на Општина Чаир. |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Не | Не се обезбедени доволно податоци дека се исполнети сите потребни предуслови за зонскиот систем и конкретните нови паркинг-решенија, вклучително технички решенија, формални одлуки, набавки и организациски предуслови. | Програмски документи; комуникација со Општина Чаир; записник 25.09.2026. |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Не | Во јули–септември 2026 не е обезбеден доказ дека започнала фактичка реализација на зонски систем или изградба на конкретни нови паркинг-капацитети. Активностите на мониторинг и средбата со граѓани не се сметаат како реализација на самата мерка. | Теренски увид/фото-документација; записник 25.09.2026. |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Не | Постојат поединечни јавни објави за паркирањето, но во кварталот не е утврдено редовно и континуирано информирање конкретно за воведувањето на зонскиот систем и фазите на неговата реализација. | Веб-страница и социјални мрежи на Општина Чаир – преглед јули–септември 2026. |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Не | Не се добиени информации, ниту е обезбеден документарен доказ дали во мониторираниот период биле поднесени и одговорени Барања за информации од јавен карактер конкретно за оваа мерка. | Проектна документација и комуникација со Општината – нема обезбеден документарен доказ за БИЈК конкретно за мерката. |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Да | На средбата од 25.09.2026 со претставници на Општина Чаир беа споделени информации и се дискутираше за состојбата со паркирањето и планираните паркинг-решенија. | Записник од средба 25.09.2026; службена белешка од анонимно лице 25.09.2026. |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | Не е обезбеден доказ дека граѓаните биле формално вклучени во донесување конкретни одлуки за зонското паркирање или другите паркинг-решенија, ниту дека нивните ставови биле формално инкорпорирани. | Записник од средба 25.09.2026; прашалници за учесници. |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Да | На 25.09.2026 Центар за Асистенција организираше средба со заедницата во Општина Чаир, посветена на паркирањето и гаражната инфраструктура. Во рамки на средбата беше спроведено анкетирање на учесниците за нивната информираност, искуства и учество во прашања поврзани со паркирањето, гаражите и користењето на јавниот простор. Од 23 валидни одговори, 17,4% навеле дека лично доставиле предлог, барање или иницијатива до Општината | Прашалници за учесници од 25.09.2026 – одговори на прашањето за лично доставен предлог, барање или иницијатива. |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Да | На 25.09.2026 беше одржана средба со заедницата на која беа презентирани наоди за паркирањето и гаражната инфраструктура и беше овозможена дискусија со граѓаните и претставниците на Општината. | Агенда, листа на присутни, прашалници и фото-документација од 25.09.2026. |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Не е идентификувана посебна електронска алатка, образец или апликација преку која граѓаните можат да учествуваат конкретно во одлучувањето или реализацијата на оваа мерка. | Официјална веб-страница на Општина Чаир; Сектор за урбанизам – проверка. |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Не | Не е обезбеден доказ дека во мониторираниот период бил организиран отворен ден на кој се разгледувала мерката за дополнителни паркинзи или зонско паркирање. | Официјална веб-страница на Општина Чаир – проверка. |
