Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Да | Мерката опфаќа 3 социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар, но нема податок кои се тие. Средствата се јасно алоцирани и предвидени во рамки на буџетската Програма за здравствена, социјална заштита и заштита на деца во Општина Центар- Скопје за 2026 година. Алоцираниот износ е 3.000.000 денари. Износот во буџетот целосно соодветствува со планираните средства во програмата. Средствата целосно се обезбедени од општинскиот буџет - сопствени извори на Општина Центар. | Записници од средби со претставници од Општина Центар од 20.04.2026 и 30.06.2026 Увид во официјални акти (Програма за здравствена, социјална заштита и заштита на деца во Општина Центар- Скопје за 2026 година, бр. 09-6365/25, 24.012.2026) и Решение за објавување на Буџетот на Општина Центар- Скопје 2026 година |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Не | Мерката се реализира преку јавен повик, а не преку јавна набавка. Мерката е дел од Програма за здравствена, социјална заштита и заштита на деца. Јавниот повик е објавен на 02.04.2026. Рокот за пријавување е 10 работни дена. Во овој период се пријавиле 4 оператори и сите ги исполнувале условите од повикот. Општината донела одлука мерката да ја спроведуваат сите 4 оператори. Иако во повикот беше наведено дека ќе се објави одлуката и имињата на операторите, одлуката не е објавена. | Записник од средба со претставници од општина Центар од 30.06.2026, Официјална веб страна и социјлни медиуми на Општина Центар Јавен повик за понуди за прибирање на барања за користење средства |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Да | За започнување на мерката од страна на Советот на Општина Центар на 24.12.2025 година беше усвоена програмата. Оваа мерка се реализира преку надворешни оператори. Усвоен е Правилник за начинот, критериумите и постапката за доделување на финансиски средства за мерката, објавен на веб страна и приложен како документ во јавниот повик. Приложена е и пријава за апликација. | Записник од средба со претставници од општина Центар од 30.06.2026 Официјална веб страна и социјлни медиуми на Општина Центар Јавен повик за понуди за прибирање на барања за користење средства Увид во официјални акти (Програма за здравствена, социјална заштита и заштита на деца во Општина Центар- Скопје за 2026 година, бр. 09-6365/25, 24.012.2026 Решение за објавување на Буџетот на Општина Центар- Скопје 2026 година
|
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Да | Во јуни потпишани се договори со операторите и исплатена е првата транша согласно програмата. Плаќањето е авансно и реализацијата на мерката ќе започне во периодот којшто следи. Се очекува да бидат опфатени околку 200 корисници кои во континутет секој месец ќе ја добиваат соодветната социјална услуга или сервис. Секој оператор има обврска да доставува квартален извештај за реализирани активности и да се придржува до медиа планот којшто го има приложно заедно со апликација. Нема точна дата кога се потпишани договорите туку е наведено дека тоа се случи во месец јуни. | Записник од средба со претставник од Општина Центар од 30.06.2026, |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Да | На веб-страницата и на соц. медиуми е објавен јавен повик поврзан со реализацијата на мерката. Други информации поврзани со мерката не се објавени. Објавата е директно поврзана со мерката и има за цел информирање на потенцијалните даватели на услугите за јавниот повик. Во јавниот повик е наведено дека називите на здруженијата и фондациите што добиле средства за мерката ќе бидат објавени, истите не се објавени. Бидејќи мерката не е започната со реализација не се објавени дополнителни информации. | Официјална веб страна и социјлни медиуми на Општина Центар Јавен повик за понуди за прибирање на барања за користење средства |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Не | Во текот на извештајниот период не се евидентирани Барања за информации од јавен карактер кои се однесуваат на мониторираната мерка. Вакви барања генерално ретко се доставуваат до Општина Центар. Во случаи кога во минатото биле доставувани барања за информации од јавен карактер, општината одговарала преку различни канали на комуникација, вклучително и по електронска пошта, писмено по пошта, како и преку организирање состаноци со барателите. | Записник од средба со претставници од Општина Центар 30.06.2026 |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Да | Општина Центар покажува отвореност за комуникација и соработка со засегнатите страни во однос на мониторираната мерка. Во текот на извештајниот период со тимот за мониторинг на НМЖЖ беа одржани два работни состаноци. | Записници од средби со претставници од Општина Центар од 20.04.2026 и 30.06.2026 |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Да | Според општината биле организирани консултации во предизборниот период, односно шест месеци пред донесувањето на програмата. Во однос на формата на консултациите, бројот и профилот на вклучените граѓани, како и начинот на нивното учество, не беа добиени дополнителни информации. Од ова може да се констатира дека граѓаните биле консултирани во фазата на креирање на мерката, но не постојат доволно податоци за да се оцени обемот на учеството и влијанието на нивните предлози врз конечната содржина на мерката. | Записници од средби со Општина Центар од 20.04.2026 и 30.06.2026, Интервју на Градоначалник- социјлни медиуми на Општина Центар
|
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Не | Мерката не била предмет на дискусија на седниците на Советот на Општина Центар, поради што не е евидентирано ниту учество на граѓани по оваа основа. Во рамки на мониторингот не се евидентирани ниту други форми на проактивно вклучување на граѓаните поврзани со реализацијата на мерката. Според наодите од теренските прашалнници на НМЖЖ во кој беа опфатени 92 жители на општина центар, 65,2% од испитаниците изјавиле дека не слушнале за социјалните услуги што ги обезбедува општината, додека 59,8 % изјавиле дека во последните три месеци не забележале информација, објава или активност. Од испитаниците 63% се жени, а 37% мажи. Меѓу исптаниците само 8,5% биле млади (18-29 год.), а 41,3% биле на вораст од 30 до 50 години, како најзастапена група. | Записник од средба со Општина Центар од 30.06.2026, Видео снимики од седници на совет Линк до Теренските прашалници користени за собирање на мислења до граѓаните: https://forms.gle/6PfXMMztadyeFEeb8 https://forms.gle/d6WG35usoj5JX5xy7
|
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Не | Во текот на извештајниот период не се евидентирани јавни собири, дебати и форуми. Ова е очекувано имајќи предвид дека во текот на овој квартал мерката сè уште не беше отпочната со имплементација. Резултатите од теренските прашалници спроведени од НМЖЖ покажуваат дека 57,6% од испитаниците никогаш не присуствувале на настан организиран од општината, додека 42,4% изјавиле дека присуствувале на некаков настан. Од оние кои одговориле потврдно, најголем дел навеле дека присуствувале на други видови настани, додека помал број посетиле јавни форуми, јавни расправи, отворени денови или средби со граѓани. Најголем дел од испитаниците на теренскиот прашалник изјавиле дека информациите за програмите и мерките најчесто ги добиваат преку Facebook (43,5%), пријатели и познаници (38,5%) и локални медиуми (23,3%), додека само 11,95% од испитаниците ја навеле официјалната веб-страница на Општината како извор на информации. | Записник од средба со претставници од Општина Центар од 30.06.2026, Линк до Теренските прашалници користени за собирање на мислења до граѓаните: https://forms.gle/6PfXMMztadyeFEeb8 https://forms.gle/d6WG35usoj5JX5xy7
|
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Општината обезбедува можности за електронско учество и комуникација преку веб-страницата и електронските канали но нема директно наменета за мониторираната мерка. Интересот и активноста на граѓаните за користење на овие механизми се многу ниски. Ова не се однесува само на мониторираната мерка, туку генерално на програмите на општината. | Записник од средба со Општина Центар од 30.06.2026, Линк до Теренските прашалници користени за собирање на мислења до граѓаните: https://forms.gle/6PfXMMztadyeFEeb8 https://forms.gle/d6WG35usoj5JX5xy7
|
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Не | Општината нема формално утврден „отворен ден“ во текот на неделата. Граѓаните имаат можност секој работен ден, директно да се обратат до надлежните служби за информации, прашања и консултации. Овој начин на работа претставува воспоставена практика во сите сектори на Општината, со исклучок на Секторот за урбанизам. Резултатите од теренскиот прашалник спроведен од НМЖЖ покажуваат дека само 10,45% од испитаниците кои присуствувале на настан организиран од Општина Центар навеле дека учествувале на отворен ден, што укажува дека оваа форма на директна комуникација се користи во ограничен обем. | Записник од средба со претставници од Општина Центар од 30.06.2026, Линк до Теренските прашалници користени за собирање на мислења до граѓаните: https://forms.gle/6PfXMMztadyeFEeb8 https://forms.gle/d6WG35usoj5JX5xy7 Официјалната веб страна на Општината https://www.centar.gov.mk/ |
