Изградба на младински центар во општина Кисела Вода

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Не

За сега алокација на буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година не е направена, ниту наведено во отчетот за работата на општината во првите 100 дена од нејзиниот мандат за 2026 година.

Отчет за 2026 година, состанок со градоначалничката на општината и записник од состанокот, состанок со носителката на листа за советници.

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Не

Нема спроведено и реализирано јавни набавки во врска со изградбата на Младинскиот културен центар. Сознанијата Евротинк ги доби според одговорите на барањата за информации од јавен карактер доставени до општината, состанокот со градоначалничката и носителката на листа на советници во општината.

Одговор на Барање за информации од јавен карактер, Очтет за првите 100 дена од мандатот на новата градоначалничка, состаноци со градоначалничката и носителката на листа за советници во општината, одржани на 18 септември и 16 јули.

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не

Во однос на мерката, се разгледуваа локации и во првиот квартален извештај во периодот април - јуни 2026 година. Во моментов, локацијата е одредена да биде во Драчево кај крстот и истиот да биде на 3 нивоа,но истиот да биде со мултифункционална намена (млади, возрасни и пензионери), при што други мерки за реализирање на изградбата на центарот не се направени. Бидејќи локацијата е подалеку, се предвидува и центарот Билјана Беличанец, да добие таква намена заради техничките предуслови.

Состанок со градоначалничката одржан на 18 септември, записник од состанокот со градоначалничката, одговори на барања за информации од јавен карактер.

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Не

Во моментов од преземени активности во однос на реализација на изградба на центарот е само одредената локација која во првиот извештаен период, односно април - јуни 2026 година, НЕ беше одредена.

Состанок со градоначалничката, записник од состанокот со градоначалничката одржан на 18 септември, одговори на барања за информации од јавен карактер.

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Не

Не се споделуваат информации во однос со отворањето на Младински културен центар во Кисела Вода заради тоа што сеуште не се почнати никакви теренски активности, градење, припрема на просторот и слично.

Нема

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Да

За сите доставени барања за информации од јавен карактер, Евротинк доби одговори од општината. По добивање на одговорите, Евротинк организираше состанок со градоначалничката, каде што истата соопшти дека локацијата за оваа активност е пронајдена во Драчево кај крстот и истиот простор е предвиден да биде на 3 нивоа. Одговорите на барањата беа доставени преку е-маил според нашите барања. Градоначалничката на првата покана се согласи да одржи состанок со нас.

Одговор на Барање за информации од јавен карактер, Записник од средба со градоначалничката

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Не

Преку состанокот со градоначалничката, Евротинк доби сознанија дека истата имала теренски посети на локациите за да се направи избор за локација. Истата правела и посети и кај повозрасната група на жители, при што дошла до идејата центарот замислен во Драчево, да добие мултифункционална намена.

Записник од средба со Општината и градоначалничката

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Не

Општината нема направени конкретни чекори за да ги вклучи грашаните во донесување на одлуки поврзани со реализација на мерката. Направени се разговори со граѓани од различни возрасти и социјални групи, за пренамена на ветувањето, од Младински културен центар да биде место со мултифункционална намена (млади, возрасни и пензионери). Додека пак дел од просторот на Културен дом - Билјана Беличанец да биде пренаменет во младински културен центар, заради техничките предуслови.

Одговори на Барања за информации од јавен карактер

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Не

Од страна на граѓаните немало иницијатива за учество во одлуките поврзани со мерката.

Одговор на Барање за информации од јавен карактер

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Не

Бидејќи самата реализација на мерката не е отпочната, следствено на тоа и граѓаните немаат учествувано во активности за оваа мерка. Евротинк нема организирано јавни собири, дебати или форуми. Во склоп на активностите изршивме 3 средби со младински граѓански организации - Крик, МОФ и Волонтерски центар Скопје. 2 од состаноците беа одржани во јули и 1 во септември. Учесниците беа од различни етнички заедници, возрасти и сфери на интересирање, но насочени кон младински аспекти.

Одговор на Барање за информации од јавен карактер

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Бидејќи самата реализација на мерката не е отпочната, следствено на тоа и граѓаните немаат учествувано во активности за оваа мерка преку мобилни апликации, веб страната или електронски обрасци. Самата општина има на својот вебсајт можност за најава и користење на опцијата - прашај го градоначалникот. Исто така, на одговорите на барањата за информации од јавен карактер, службениците одговорија дека често пати граѓанитеи преку социјаните мрежи имаат директна комуникација со градоначалничката и службите на општината.

Одговор на Барање за информации од јавен карактер, веб страна на општината

3.3.3Отворени денови на општината Да

Со добиениот одговор на барањето за информации од јавен карактер, заклучуваме дека општината има отворени денови најмалку еднаш месечно, но истото се спроведува неколку пати во месецот. За да им се излезе во пресрет на жителите, општината најчесто овие денови ги одржува во сабота. Покрај тоа се наведени и теренски средби со градоначалничката и по електронски пат на веб страната на општината или социјалните мрежи за полесна комуникација.

Одговор на Барање за информации од јавен карактер, веб страна на општината, социјални мрежи

Стагнација
Општина Кисела Вода
Организација Здружение на граѓани за истражување, анализа и креирање политики „Евротинк – Центар за европски стратегии“ - Скопје
Финансиски индикатор (општина) Отвори