Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Не | Во одговорот на Општина Теарце од 03.06.2026 година е наведено дека средствата за чистење и одржување на дивите депонии се предвидени во Буџетот на Општината, во рамките на програмата „Други комунални услуги и одржување на јавните зелени површини“. Меѓутоа, не беа доставени соодветните буџетски документи, не беше идентификувана буџетската ставка, ниту беше соопштен износот што е посебно алоциран за чистење на дивите депонии. Исто така, не се доставени информации во врска со ребалансот на Буџетот | Белешки од состанокот со претставниците на Општина Теарце. Facebook- Информативна средба со градоначалникот на Општина Теарце |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Не | До крајот на извештајниот период не беа обезбедени информации или документи за планирани или реализирани јавни набавки за чистење и санација на дивите депонии. Општината извести дека активностите се реализираат согласно финансиските и оперативните можности, во соработка со јавното комунално претпријатие и надлежните институции, но не појасни дали за тие активности била спроведена постапка за јавна набавка. | Одговор по електронска пошта од Општина Теарце, од 03.06.2026 година, на електронската порака од 29 мај со наслов „Барање за дополнителни информации во врска со следењето на општинските мерки во Општина Теарце“, испратена од Влора Акики. Белешки од состанокот со претставниците на Општина Теарце. Facebook- Информативна средба со градоначалникот на Општина Теарце Јавно достапни информации не се пронајдени ниту на официјалната веб-страница, ниту на официјалните Facebook-страници на Општина Теарцe |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Не | Општина Теарце идентификуваше 12 диви депонии во населените места на територијата на општината (Непроштено (1), Лешок (1), Слатина (2), Теарце (2), Пршовце (1), Глоѓе (1)). Од нив, две делумно се санирани а останатите сè уште чекаат интервенција. Nедостигаат детални информации за акцискиот план, роковите, приоритетите, буџетот, операторот и начинот на реализација. Документите за Програмата за животна средина и Буџетот за 2026 година ќе бидат доставени по проверката од надлежните служби | Одговор по електронска пошта од Општина Теарце од 03.06.2026 година на електронската порака од 29 мај со наслов „Барање за дополнителни информации во врска со следењето на општинските мерки во Општина Теарце“, испратена од Влора Акики. Белешки од состанокот со претставниците на Општина Теарце. Facebook- Информативна средба со градоначалникот на Општина Теарце |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Да | Според Општина Теарце, делумно се санирани две диви депонии, додека останатите остануваат предмет на идни активности. Исто така, известено е за интервенции во Пршовце и Доброште, реализирани во соработка со месната заедница. Сепак, недостигаат целосни податоци за датумите на реализација, направените трошоци, количината на отстранет отпад, начинот на санација, одговорните екипи и постигнатите резултати по поединечни локации. | Одговор по електронска пошта од Општина Теарце од 03.06.2026 година на електронската порака од 29 мај со наслов „Барање за дополнителни информации во врска со следењето на општинските мерки во Општина Теарце“, испратена од Влора Акики. Јавни објави на градоначалникот на Општина Теарце за чистење на дивите депонии во Пршовце и Доброште. Информација за чистење на каналите долж главниот пат |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Не | Општина Теарце и градоначалникот објавиле информации за чистење на диви депонии, канали и јавни површини и за активностите во Пршовце и Доброште. Недостигаат редовни и детални податоци за буџетот, трошоците, операторите, постапките, бројот на санирани диви депонии, обемот на извршените работи и планот за преостанатите локации. Јавното информирање е присутно, но транспарентноста останува ограничена. На официјалниот Fејсбук на градоначалникот беа објавени 4 објави поврзнаи со овие активности. | Официјалната Facebook-страница на Општина Теарце. Јавни објави на градоначалникот на Општина Теарце. Одговор по електронска пошта од Општина Теарце од 03.06.2026 година на електронската порака од 29 мај со наслов „Барање за дополнителни информации во врска со следењето на општинските мерки во Општина Теарце“, испратена од Влора Акики. Јавни објави на градоначалникот на Општина Теарце за чистење на дивите депонии во Пршовце и Доброште. Информација за чистење на каналите долж главниот пат |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Не | Во текот на извештајниот период не е поднесено формално барање за слободен пристап до јавни информации во врска со оваа мерка. Општината доставила информативен одговор по електронска пошта – имејл на 03.06.2026 година, но истиот не претставува одговор на формално барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. | Одговор по електронска пошта -имејл од Општина Теарце од 03.06.2026 година на електронската порака од 29 мај со наслов „Барање за дополнителни информации во врска со следењето на општинските мерки во Општина Теарце“, испратена од Влора Акики. |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Да | Општината учествуваше на информативен состанок со проектниот тим и на 03.06.2026 година достави писмен одговор. Биле споделени информации за 12 диви депонии, нивните локации и делумната санација на две депонии. Сепак, сè уште недостигаат буџетските документи, планот на активности и деталите за реализираните трошоци. | Одговор по електронска пошта од Општина Теарце од 03.06.2026 година на електронската порака од 29 мај со наслов „Барање за дополнителни информации во врска со следењето на општинските мерки во Општина Теарце“, испратена од Влора Акики. Белешки од состанокот инициран од членовите на проектот со претставниците на Општина Теарце. Facebook-Информативна средба со градоначалникот на општина Теараце |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | До крајот на извештајниот период не се идентификувани формални консултации со граѓаните во врска со утврдувањето на приоритетните депонии, планирањето на чистењето или распределбата на средствата за оваа мерка. Не постојат докази дека граѓаните учествувале во процесот на донесување одлуки за реализација на активностите. | Информации од проектниот тим. Проверка на официјалната веб-страница и официјалните Facebook-страници на Општината и градоначалникот. |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Не | До крајот на извештајниот период не се идентификувани барања, петиции или документирани иницијативи од страна на граѓаните конкретно за чистење на дивите депонии. Во текот на следниот период ќе се разгледа можноста за мапирање на проблематичните точки и следење на барањата на граѓаните упатени до Општината и Инспекторатот. | Информации од проектниот тим. Проверка на официјалната веб-страница и официјалните Facebook-страници на Општината и градоначалникот. |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Не | До крајот на периодот април–јуни 2026 година не се идентификувани форуми, дебати или јавни собири организирани конкретно за информирање и вклучување на граѓаните во чистењето и санацијата на дивите депонии. |
Веб-страница на Општина Теарце
Информации од засегнатите страни (состаноци со засегнати страни, претставници од „Ренесанса“, CED, жители на селата Пршовце и Доброште). |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Не се идентификувани онлајн формулари, апликации или други електронски алатки за пријавување на диви депонии и вклучување на граѓаните во утврдувањето на приоритетите. Општината објавува информации на социјалните мрежи, но не обезбедува јасен електронски механизам за пријавување и следење на случаите. | Веб-страница и социјални мрежи на Општина Теарце |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Не | До крајот на извештајниот период не се идентификувани денови на отворени врати на Општината на кои конкретно се дискутирало за мерката за чистење и санација на дивите депонии. | Веб-страница и социјални мрежи на Општина Теарце
|
