Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Да | Статусот на мерката останува непроменет во однос на претходниот извештаен период (1 април – 30 јуни 2026 година). | Записник од состанок со Општина центар 29.08.2026 Официјални веб страна и социјални медиуми на Општина Центар |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Не | Во однос на претходниот период на известување (1 април – 30 јуни 2026 година), нема промена односно, јавниот повик сè уште не е објавен. | Записник од состанок со Општина центар 29.08.2026 Официјални веб страна и социјални медиуми на Општина Центар |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Не | Во однос на претходниот период на известување (1 април – 30 јуни 2026 година), нема промена односно, јавниот повик сè уште не е објавен како клучен предуслов да се отпочне реализацијата на мерката. | Записник од состанок со Општина центар 29.08.2026 Официјални веб страна и социјални медиуми на Општина Центар |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Не | Во однос на претходниот период на известување (1 април – 30 јуни 2026 година), нема промена, односно не се евидентирани активности за поддршка на повозрасните граѓани – пензионери во социјален ризик. Мерката сè уште не е започната со реализација. | Записник од состанок со Општина центар 29.08.2026 Официјални веб страна и социјални медиуми на Општина Центар |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Не | Не се евидентирани нови објави на веб-страницата или на социјалните медиуми на Општина Центар што се однесуваат на мониторираната мерка. | Официјални веб страна и социјални медиуми на Општина Центар |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Не | Во тековниот период на известување не се евидентирани барања за информации од јавен карактер поврзани со мониторираната мерка. | Записник од состанок со Општина центар 29.08.2026 |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Да | Општина Центар продолжи со отворена комуникација со мониторинг тимот на НМЖЖ во однос на мониторираната мерка. На 29.08.2026 година се одржа состанок меѓу мониторката за Општина Центар и раководителот и дел од тимот на Одделението за социјална работа. Се разговараше за текот мерката, а комуникацијата продолжи по електронски пат за проверка дали настапиле промени во нејзиното спроведување. | Записник од состанок со Општина центар 360° сезона 13, емисија 2 По „Везилка“, уште 1,6 милиони евра за ВИ – нова потреба или двоен трошок? |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Да | Граѓаните беа директно вклучени во креирањето на Програмата (наведено во извештајот април - јуни). Мерката сеуште не е реализирана, според писмениот одговор добиен по електронска пошта, информирањето за условите, критериумите и начинот на аплицирање е планирано преку пензионерските клубови и комуникациските канали на Општина Центар, по објавувањето на мерката во планирано за октомври 2026 година. Според теренскиот прашалник, 65,8% од испитаниците во последните три месеци не забележале информација, објава или активност поврзана со оваа мерка, а 26,3% не се сигурни. | Електронска комуникација (e mail) од 28.09.2026 |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Не | Конкретна иницијатива, петиција или некоја друга проактивност за конкретната мерка не е забележано во периодот на известување. | Електронска комуникација (e mail) од 28.09.2026 |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Не | Во периодот на известување не е организиран посебен јавен собир посветен на мерката. Според писмениот одговор добиен по електронска пошта, информирањето за условите, критериумите и начинот на аплицирање е планирано преку пензионерските клубови и комуникациските канали на Општина Центар, по објавувањето на мерката во октомври 2026 година. Според теренскиот прашалник, 65,8% од испитаниците во последните три месеци не забележале информација, објава или активност поврзана со оваа мерка, а 26,3% не се сигурни. | Електронска комуникација (e mail) од 28.09.2026 |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Да | Како што беше наведено во претходниот квартален период (април–јуни 2026), Општината обезбедува можности за електронско учество и комуникација преку веб-страницата и електронските канали, но нема посебен канал наменет за мониторираната мерка. Интересот и активноста на граѓаните за користење на овие механизми се ниски, што се однесува на општинските програми генерално. Според теренскиот прашалник Спроведен од НМ „Жените за жените, 36,8% од испитаниците се информираат за активностите на општината преку Фејсбук, а 18,4% преку официјаната веб-страница на општината. Овие податоци се однесуваат на каналите за информирање за општите активности на општината, а не за конкретната мерка. | Електроника комуникација (e mail) од 28.09.2026 Теренски прашалник |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Не | Како што беше наведено во претходниот квартален период (01.04.2026–30.06.2026), Општината нема формално утврден „отворен ден“ во текот на неделата. Граѓаните имаат можност секој работен ден директно да се обратат до надлежните служби за информации, прашања и консултации. Во овој квартал не се добиени информации за промена на оваа практика. Според теренскиот прашалник спроведен од НМ„Жените заженит“, во потврдните одговори за видот на посетениот настан, 20% навеле учество на отворен ден. Овој податок се однесува на општински настани генерално и не потврдува учество на отворен ден поврзан со конкретната мерка во периодот на известување. | Записник од состанок со Општина центар 29.08.2026 |
