Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Да | Проектот е предвиден во програмските и буџетските документи. Вкупната проценета вредност е околу 25 милиони евра, со планирано повеќегодишно владино финансирање. | Буџет/Програма на Општина Чаир 2026 ; Влада на РСМ, 61-ва седница, т.45. |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Не | До 30.09.2026 не е обезбеден документарен доказ за објавена или започната јавна набавка за главните работи. На средбата од 25.09.2026 беше информирано дека проектната документација е во завршна фаза и јавната набавка се очекува како следен чекор. | Записник/службена белешка од 25.09.2026; проверка на План за ЈН/ЕСЈН. |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Не | Дел од предусловите се обезбедени – финансиска рамка и напредната проектна документација – но до крајот на кварталот јавната набавка не беше започната, па не може да се смета дека се исполнети сите предуслови. | Записник/службена белешка од 25.09.2026; Буџет 2026; Влада на РСМ, 61-ва седница, т.45. |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Не | До 30.09.2026 не се евидентирани главни градежни активности на терен. Проектот останува во подготвителна и документациска фаза. | Теренски увид/фото-документација; записник/службена белешка 25.09.2026. |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Не | Во кварталот не е утврдено редовно и континуирано објавување информации за напредокот на конкретниот проект на веб-страницата и социјалните мрежи. Постојат поединечни информации, но не и редовно следење на фазите. | Веб-страница и социјални мрежи на Општина Чаир – преглед јули–септември 2026. |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Не | Не се добиени информации, ниту е обезбеден документарен доказ дали во мониторираниот период биле поднесени и одговорени Барања за информации од јавен карактер конкретно за оваа мерка. | Проектна документација и комуникација со Општината – нема обезбеден документарен доказ за БИЈК конкретно за мерката. |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Да | На средбата од 25.09.2026 претставници на Општина Чаир споделија информации за тековната состојба на проектот, завршната фаза на документацијата и следните очекувани чекори. | Записник од средба 25.09.2026; службена белешка од анонимно лице 25.09.2026. |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | Не е обезбеден доказ дека граѓаните биле формално вклучени во донесување конкретни одлуки за проектот или дека нивните ставови биле инкорпорирани во формални одлуки. | Записник од средба 25.09.2026; прашалници за учесници. |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Да | На 25.09.2026 Центар за Асистенција организираше средба со заедницата во Општина Чаир и спроведе анкетирање на присутните за паркирањето и гаражната инфраструктура. Беа собрани 25 прашалници за учесници и 23 евалуациски прашалници. Од 23 валидни одговори, 17,4% навеле дека лично доставиле предлог, барање или иницијатива. Анализата покажа и дека 92% се целосно или делумно запознаени со планираните мерки, додека само 32% сметаат дека Општината доволно ги информира граѓаните. | Прашалници за учесници од 25.09.2026 – одговори на прашањето за лично доставен предлог, барање или иницијатива. |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Да | На 25.09.2026 Центар за Асистенција организираше средба со заедницата во Општина Чаир, со учество на граѓани и претставници на Општината. Беа презентирани наодите за подземната гаража кај плоштад „Скендербег“ и за дополнителните паркинг-решенија, а се дискутираше за недостигот од паркинг-места, гаражни капацитети, сообраќајниот метеж и информирањето на граѓаните. Беа собрани 25 прашалници за учесници и 23 евалуациски прашалници. Како заклучок беше истакната потребата од повеќе паркинг-капацитети, поредовно информирање и продолжување на директниот дијалог со граѓаните. | Агенда, листа на присутни, прашалници и фото-документација од 25.09.2026. |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Не е утврдена посебна електронска форма, апликација или онлајн алатка за учество на граѓаните конкретно во реализацијата на проектот. | Официјална веб-страница на Општина Чаир; Сектор за урбанизам – проверка. |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Не | Во мониторираниот период не е обезбеден доказ дека Општина Чаир организирала отворен ден на кој била разгледувана конкретната мерка. Постарата објава за отворени денови не е доказ за активност во 2026 година. | Официјална веб-страница на Општина Чаир – проверка. |
