Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Да | Во Буџетот на Општина Кичево за 2026 година, во потпрограмата JL0 – Други комунални услуги (капитални расходи), предвидени се 5.050.000 денари, а во Граѓанскиот буџет како планирана активност е наведена и изградбата на прифатилиште за кучиња скитници. Согласно Извештајот за извршување на Буџетот за јануари–јуни 2026 година и со ребалансот на Буџетот за 2026 година, износот во JL0 останува непроменет – 5.050.000 денари, односно не е евидентирано намалување или пренамена на средствата. | Буџет на Општина Кичево за 2026 година Граѓански буџет за 2026 година Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Кичево за 2026 година (ребаланс) Извештај за извршување на буџетот на општина Кичево за период јануари-јуни 2026. |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Да | Во периодот јули–септември е објавен оглас бр. 14879/2026 за изработка на урбанистички планови со ревизија, без конкретно наведување на прифатилиштето. Постапката бр. 11097/2026 за заловување и стручен третман на кучиња е поништена заради тоа што тендерската документација содржела битни пропусти или недостатоци, а повторената постапка бр. 13937/2026, со вредност од 1.200.000 денари без ДДВ, е завршена со склучување рамковна спогодба со избран понудувач на 14.09.2026 год. Друштво за ветеринарни дејности, трговија и услуги ЗЕБРА ВЕТЕРИНА увоз-извоз ДОО Демир Хисар е избран за најповолен понудувач. | Годишен план за јавни набавки на Општина Кичево за 2026 година ЕСЈН – оглас бр. 14879/2026 и тендерска документација ЕСЈН – оглас бр. 13937/2026 Поништување на постапка бр. 11097/2026 РАМКОВНА СПОГОДБА |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Да | Во првиот квартал како клучни предуслови за реализација на мерката беа идентификувани обезбедувањето буџетски средства, изборот на локација, изработката на проектната документација и обезбедувањето на потребните согласности, одобренија и дозволи. Според информациите од Општината, проектната задача е завршена, а проектната документација е во завршна фаза. Во оваа фаза не се достапни конкретни информации за видот на потребните согласности, одобренија и дозволи. Ова прашање ќе биде предмет на дополнително следење во наредниот квартал, со цел да се утврди кои административни постапки преостануваат и дали тие влијаат врз динамиката на реализација на мерката. | Буџет на општина Кичево 2026 год. Граѓански Буџет 2026 год. Ребаланс на буџет 2026 год. Извештај за извршување на буџетот за 2026 год (јануари-јуни 2026) Усна информација од претставници од општина Кичево / Извештај од тркалезна маса на ден 29.09.2026 година. |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Не | Во тековниот период продолжуваат подготвителните активности за реализација на мерката. Според информациите од Општината, проектната задача е завршена, а проектната документација е во завршна фаза. Сè уште не се евидентирани теренски или градежни активности на избраната локација, односно фактичката изградба на прифатилиштето не е започната. Согласно буџетскиот извештај, до 30.06.2026 година нема реализација на средствата предвидени во потпрограмата ЈЛ - „Други комунални услуги“, во износ од 5.050.000 денари, планирани во рамки на ставката 482 - „Други градежни објекти“. Тоа значи дека до крајот на вториот квартал не се евидентирани расходи од средствата предвидени за оваа капитална инвестиција. |
Анализа на веб-страната на Општина Кичево |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Не | Во тековниот период не се евидентирани објави на официјалната веб-страница или социјалните медиуми на Општина Кичево за напредокот во реализацијата на мерката, односно за проектната документација и планираната изградба на прифатилиштето. Информациите за тековната фаза се добиени преку директна комуникација со претставници на Општината, но не се идентификувани како јавно објавени информации на официјалните комуникациски канали. | Анализа на официјалната веб-страница и социјалните медиуми на Општина Кичево |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Не | Општина Кичево редовно постапува по барања за пристап до информации од јавен карактер, но за мониторираната мерка конкретно, во тековниот квартал немаме информации бидејќи не е поднесено ново барање до Општината од страна на проектниот тим. Барање поврзано со мониторираната мерка е доставено до ЈКП Комунална хигиена, но до завршувањето на периодот на мониторинг не е добиен одговор. | Проектен тим |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Да | Во тековниот квартал претставници на Општина Кичево споделуваа информации за мерката преку директна средба со мониторинг тимот, учество на тркалезна маса и снимено интервју за потребите на проектот, кое беше објавено на социјалните мрежи. Во рамки на овие активности беа споделени информации за тековната фаза на реализација на мерката и понатамошните чекори за изградба на прифатилиштето. | |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | Во тековниот квартал се одржуваа форуми во заедницата со учество на граѓани. Според информација добиена од модераторот, проблемот со бездомните кучиња бил посочен како еден од горливите проблеми во општината, но не бил избран како приоритетен предлог-проект. Оттука, граѓаните учествувале во поширок консултативен процес, но не и во донесување конкретни одлуки за реализација на мониторираната мерка. | |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Не | Во тековниот квартал преку достапните извори не се евидентирани конкретни граѓански иницијативи, петиции или барања за консултации поврзани со реализацијата на мерката. На форумите во заедницата проблемот со бездомните кучиња бил посочен како горлив локален проблем, но не бил избран како приоритетен предлог-проект. Дополнителни информации за евентуални иницијативи поднесени директно до Општината не беа побарани во тековниот квартал. | Анализа на јавно достапни информации на веб страница на општина Кичево |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Да | Во тековниот квартал, во рамки на проектот, беше организирана тркалезна маса „Локални мерки за хуман третман на бездомните животни во Кичево: предизвици и следни чекори“, со учество на претставници на Општина Кичево и други релевантни засегнати страни. На настанот беа презентирани наодите од мониторингот и се дискутираше за досегашните активности за реализација на мерката, состојбата со проектната документација, предизвиците и следните чекори за изградба на прифатилиштето. Претставниците на Општината споделија информации за тековната фаза на реализација, а учесниците имаа можност да дискутираат и да дадат свои согледувања за понатамошното спроведување на мерката. | |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Општина Кичево обезбедува општи електронски услуги и можност за преземање обрасци преку својата веб-страница, вклучително и образец поврзан со надомест на штета од каснување од бездомни кучиња. Достапна е и електронската можност „Пишете му на Градоначалникот“. Сепак, не е евидентирана посебна електронска алатка преку која граѓаните можат да учествуваат во планирањето или реализацијата на изградбата на прифатилиштето | Анализа на официјалната веб-страница на Општина Кичево – електронски услуги и достапни обрасци. |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Не | Во тековниот квартал не се евидентирани отворени денови организирани од Општина Кичево конкретно за мониторираната мерка, ниту отворени денови на општи теми во чии рамки била разгледувана изградбата на прифатилиштето за бездомни кучиња. Во периодот се реализирани други форми на комуникација и јавен дијалог поврзани со мерката, но тие не претставуваат отворени денови во смисла на овој индикатор. | |
