Изградба на спортска сала во ООУ „Кузман Јосифовски Питу„ во општина Кисела Вода

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Да

Издвоени се финансиски средства и ресурси за спроведување на планираната активност - Спортска сала во училиштето Кузман Јосифовски Питу и соодветно алоцирани според општинската програма. Целиот проект е соработка помеѓу општината и Министерството за образование и наука. Владата не поседува документација во врска со овој проект и нема финансиски удел. Точниот износ за одвоени финансии за оваа мерка ни е непознат.

Состанок со градоначалничката на општината - Бети Стаменкоска - Трајкоска (18 септември, 3 члена на Евротинк и градоначалничката), Состанок со носителката на листа на советници во општината - Светлана Колариќ (16 јули, 2 члена не Евротинк и носителката на листа на советници), Средба со младински организации (Младински образовен форум - 22 септември, 5 учесници, Волонтерски центар Скопје - 7 јули, 4 учесници, Центар за младински активизам - Крик - 1 јули, 14 учесници), Теренска посета на спортската сала од тимот на Евротинк, одговори на барања за информации од јавен карактер доставени до: Општина Кисела Вода, Министерство за образование и наука, Влада на Република Македонија

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Не

Општината нема спроведено постапка за јавна набавка и центарот за јавни набавки и општи работи не располага со никаква документација. Јавните набавки биле реализирани преку Министерството за образование и наука.

Одговори на барањата за информации од јавен карактер до Општината Кисела Вода и Министерството за образование и наука, Состанок и записник од состанок со градоначалничката на Кисела Вода одржан на 18 септември, состанок со носителката на листа на советници во општината, одржан на 16 јули.

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да

Бидејќи добивме одговор од Општина Кисела Вода, дека не се во поседување на документацијата околу дозволите, обезбедениот кадар, Евротинк испрати барања за информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука, од каде што ги доби сите потребни информации. Заклучно со добиените информации од министерството, утврдено е дека сите предуслови и услови се исполнети за реализација на мерката.

Одговори на барањата за информации од јавен карактер доставени до Министерство за образование и наука, Отчет за 2026 година на општина Кисела Вода.

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Да

Процесот на реализација на спортската сала е во 80% готов и пред самиот крај. Точниот датум за завшрување на изградбата е непознат. Задолжената фирма за овој проект е ГРАНИТ АД Скопје. Истата сеуште не е видлива целосно од надвор бидејќи не е отворена за употреба. За истата бил обезеден и надзор од ЕВРО КОНСАЛТИНГ ДОО.

Теренска посета од тимот на Евротинк, фотографии од салата, одговор на барање од јавен карактер до општина Кисела Вода, договори за соработка со изведувачот и надзорот, анекси и придружни документи, разговор со младинската организација Младински образовен форум (22 септември, 5 учесници)

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Да

Општината на својата веб страница има објавено отчет за 2026 година, во кој се напоменува дека се работи на спортската сала во училиштето Кузман Јосифовски Питу, но нема податоци за финансиските средства кои се планирани или реализирани до сега. При состанокот со градоначалничката на општината, истото го потврди за статусот на мерката која се мониторира.

Очтет за 2026 година споделен на веб-сајтот на општината (https://opstinakiselavoda.gov.mk/), Објавено и во општински вести на 1 април 2026 година

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Да

Со општината и секторот за доставување одговори од јавен карактер, Евротинк имаше одлична соработка. Сите барања кои беа доставени, беа одговорени во предвидениот рок од 30 дена. Одговорите ги добивме преку е-маил адреса, според нашите барања. Општината не бараше паричен надомест за дадените одговори.

Записник од средба со градоначалничката одржана на 18 септември, средба со службениците за посредување со информации од јавен карактер исто така на 18 септември, Одговори на сите барања за информации од јавен карактер, https://eurothink.mk/2026/09/22/%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%ba-%d1%81%d0%be-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b0%d1%87%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88/

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Да

Евротинк одржа еден состанок со носителката на листа на советници и еден со градоначалничката на кои состаноци се дискутираше за мерките на мониторинг и следење на истите. По првата покана од Евротинк, од двете страни состаноците беа веднаш прифатени. Како искажување на волјите за соработка во времетраењето на проектот, Евротинк потпиша и Меморандум за соработка со општината. Градоначалничката искажа отвореност за соработка со тимот на Евротинк и за понатамошните активности кои ќе се одржуваат на територијата на Кисела Вода а предвидени во склоп на овој проект.

Записник и фотографии од состанок со градоначалничката одржан на 18 септември, фотографии од состанок со носителката на листа на советници одржан на 16 јули, Потпишан меморандум за соработка со градоначалничката на Кисела Вода https://eurothink.mk/2026/09/22/%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%ba-%d1%81%d0%be-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b0%d1%87%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88/ (објава од вебсајт)

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Не

Тимот на Евротинк достави барање за информации од јавен карактер до Општина Кисела Вода, на кое доби одговор дека општината не поседува такви информации, односно дека таа надлежност подлежи на Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина, при што истото барање е насочено кон секторот, каде што и секторот одговара дека не е во нивна надлежност и дека сите информации треба да ги Министерството за образование и наука. При тоа, при доставената документација од министерството, на ова барање немаше одговор.

Одговор на барање за информации од јавен карактер до општината и од Министерството за образование и наука.

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Не

Тимот на Евротинк доставени барање за информации од јавен карактер до Општина Кисела Вода, на кое доби одговор дека општината не поседува такви информации, односно дека таа надлежност подлежи на Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина, при што истото барање е насочено кон секторот, каде што и секторот одговара дека не е во нивна надлежност и дека сите информации треба да ги Министерството за образование и наука. При тоа, при доставената документација од министерството, на ова барање немаше одговор.

Одговор на барање за информации од јавен карактер до општината и до Министерството за образование и наука.

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Не

Никаде нема објавено дека собири од јавен тип биле организирани конкретно за оваа мерка. Ние организираме средби/форуми со младински граѓански организации кои се регистрирани на територија на општината. До сега се организирани 3 средби, вклучувајќи ги Крик, Волонтерски Центар Скопје и МОФ, во текот на месец јули и септември 2026 година со вкупно 23 учесници.

Записник од состаноци со младински организации (Крик на 1 јули со 14 учесници, ВЦС на 7 јули со 4 учесници, и МОФ на 22 септември со 5 учесници), фотографии од средби, објави на веб сајтот на Евротинк, листа на учесници https://eurothink.mk/2026/07/01/%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%b5%d0%b2%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%ba-%d1%81%d0%be-%d0%bc%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%86/ https://eurothink.mk/2026/07/07/%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%b5%d0%b2%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%ba-%d1%81%d0%be-%d0%b2%d0%be%d0%bb%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b5%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%86/

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Немаме информации за електронско учество на граѓаните за спроведување на спортската сала во Кузман Јосифовски Питу.

Граѓаните не учествувале електронски преку мобилни апликации околу изградбата на салата, самиот проект е смислен во склоп на програмата на општина Кисела Вода за реализирање со помош на Министерството за образование и наука, за што Евротинк ги доби сите документи (записници, службен весник, договор помеѓу страните, договор со фирмата за изградба..). Постои опцијата - прашај го градоначалникот на нивната веб страна, службениците од општината посочија и дека на социјалните мрежи директно граѓаните понекогаш комуницираат со нив и со градоначалничката, но за оваа мерка тоа не е случај.

3.3.3Отворени денови на општината Да

Со добиениот одговор на барањето за информации од јавен карактер, заклучуваме дека општината има отворени денови најмалку еднаш месечно, но истото се спроведува неколку пати во месецот. За да им се излезе во пресрет на жителите, општината најчесто овие денови ги одржува во сабота. Покрај тоа се наведени и теренски средби со градоначалничката и по електронски пат на веб страната на општината или социјалните мрежи за полесна комуникација.

Одговор на Барање за информации од јавен карактер, веб страна на општината, социјални мрежи

Во завршна фаза
Општина Кисела Вода
Организација Здружение на граѓани за истражување, анализа и креирање политики „Евротинк – Центар за европски стратегии“ - Скопје
Финансиски индикатор (општина) Отвори