Хумано управување со бездомните кучиња во општина Кичево

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Да

За оваа намена во Буџетот на Општина Кичево за 2026 година се предвидени 5.050.000 денари во рамки на потпрограмата JL0 – Други комунални услуги, што е во согласност со информацијата од општината дека за реализација на проектот се планирани околу 5.000.000 денари. Иако изборното ветување се однесува на изградба на стационар за бездомни кучиња, според информациите од Општина Кичево во 2026 година е планирана изградба на прифатилиште за бездомни кучиња.

Буџет на Општина Кичево за 2026 година, објавен во Службен гласник на Општина Кичево бр. XV/2025 од 30.12.2025 година 

Граѓански буџет на Општина Кичево за 2026 година 

Записник бр.1 од воведен состанок со претставници на Општина Кичево од 19.05.2026 година

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Да

Општина Кичево спроведува јавни набавки поврзани со реализацијата на мерката. Објавен е оглас бр. 11097/2026 за заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња за период од една година, како и оглас бр. 06960/2026. Според добиението информации, проектната документација за прифатилиштето е во фаза на изработка и ревизија, при што оваа рамковна набавка претставува еден од инструментите за обезбедување на проектантски услуги.

Годишен план за јавни набавки на Општина Кичево за 2026 година

ЕСЈН – Оглас бр. 11097/2026 

ЕСЈН – Оглас бр. 06960/2026

Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-2680/2 од 22.06.2026 година

 

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да

За реализација на мерката се обезбедени буџетски средства и е избрана локација за изградба на прифатилиштето. Во тек е изработка и ревизија на проектната документација, по чие завршување ќе следи спроведување на јавната набавка за изградба на прифатилиштето. Истовремено, Општина Кичево спроведува јавна набавка за заловување и стручен третман на кучиња скитници. Исполнувањето на наведените предуслови ќе биде предмет на понатамошен мониторинг.

Буџет на Општина Кичево за 2026 година, објавен во Службен гласник на Општина Кичево бр. XV/2025 од 30.12.2025 година

Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-2680/2 од 22.06.2026 година

Записник бр.1 од воведен состанок со претставници на Општина Кичево од 19.05.2026 година

Годишен план за јавни набавки на Општина Кичево за 2026 година

Електронскиот систем за јавни набавки (оглас бр. 06960/2026 и оглас бр. 11097/2026).

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Не

Општина Кичево има превземено подготвителни активности за реализација на мерката, односно активности поврзани со избор на локација и изработка на проектна документација. Според информациите добиени од Општина Кичево, во 2026 година е планирана изградба на прифатилиште за бездомни кучиња, додека изградба на стационар е предвидена како понатамошна активност. Не се евидентирани теренски или градежни активности што би упатувале на започната фактичка изградба во анализираниот период.

Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-2680/2 од 22.06.2026 година

Записник бр.1 од воведен состанок со претставници на Општина Кичево од 19.05.2026 година

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Не

Во анализираниот период не се објавени информации за напредокот во реализацијата на планираната изградба на прифатилиште за бездомни кучиња. Што се однесува до тековните активности, општината објавила две информации на официјалната веб-страница и две објави на официјалната Фејсбук страница, кои се однесуваат на заловување и стручен третман на бездомни кучиња во периодот на месец декември 2025 година.

Веб страница на општината - 1

Веб страница на опшитната - 2

Социјални медиуми

Социјални медиуми

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Да

Согласно одговорот на Општина Кичево, во периодот од 01.11.2025 година до денот на доставување на одговорот се поднесени вкупно 7 барања за пристап до информации од јавен карактер поврзани со мерките за управување со бездомни кучиња, по кои е постапено согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Прашања во однос на евентуална наплата на материјални трошоци и постоење правилник за наплата не беа предмет на доставеното Барање за пристап до информации од јавен карактер.

Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-2680/2 од 22.06.2026 година

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Не

Нема информации дека во анализираниот период Општина Кичево организирала состаноци, интервјуа или други средби со засегнати страни на кои се дискутирало за реализацијата на мерката. Иако општината постапила по поднесените барања за пристап до информации од јавен карактер, не се евидентирани активности од видот предвиден со овој индикатор.

Официјална веб-страница на Општина Кичево

Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-2680/2 од 22.06.2026 година

Социјални медиуми на општината

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Не

Во анализираниот период не се евидентирани формални консултации со граѓани поврзани конкретно со мерката за хумано управување со бездомните кучиња. Сепак, Општина Кичево објавила јавен повик за доставување предлози за Буџетот за 2026 година, со кој ги повикала граѓаните, месните заедници, здруженијата и другите засегнати страни да достават идеи и предлози за проекти што ќе бидат разгледани при подготовката на буџетот. Не се обезбедени информации дека во рамките на овој процес биле доставени или прифатени предлози кои се однесуваат на мониторираната мерка.

Социјални медиуми на општината 

Официјална веб-страница на Општина Кичево

 

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Не

Анализата на достапната документација и јавно објавените информации не покажува проактивно вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки поврзани со мерката. Во анализираниот период не се евидентирани граѓански иницијативи, барања за консултации, петиции или други организирани активности насочени кон влијание врз планирањето и реализацијата на мерката за хумано управување со бездомните кучиња. Во одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер не се доставени записници или други докази за спроведени јавни расправи, форуми или консултации со граѓаните поврзани со мерката.

Официјална веб-страница на Општина Кичево

Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-2680/2 од 22.06.2026 година

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Не

Не се реализирани јавни собири, дебати или форуми поврзани со мерката. Во доставената документација и јавно достапните информации не се евидентирани активности од ваков карактер.

Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-2680/2 од 22.06.2026 година

Записник бр.1 од воведен состанок со претставници на Општина Кичево од 19.05.2026 година

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Не се евидентирани електронски алатки преку кои граѓаните можеле да учествуваат во планирањето или реализацијата на мерката за хумано управување со бездомните кучиња. Општина Кичево обезбедува општи електронски канали за комуникација (преку веб-страницата и можност за доставување предлози до градоначалникот), како и можност за електронско доставување предлози во процесот на подготовка на буџетот, но не се обезбедени докази дека овие механизми биле користени или наменети за учество во одлучувањето за мониторираната мерка.

Официјална веб-страница на Општина Кичево

Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-2680/2 од 22.06.2026 година

 

 

3.3.3Отворени денови на општината Не

Општината не организирала отворени денови поврзани со реализацијата на мерката, а од достапната документација не може да се утврди дека темата била разгледувана во рамки на други јавни активности од ваков тип.

Официјална веб-страница на Општина Кичево

Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-2680/2 од 22.06.2026 година

Се спроведуваат активности
4 од 12 критериуми исполнети (33%)
Општина Кичево
Организација Здружение за меѓународна младинска соработка „ИНТЕРАКТИВ“ – Битола