Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Да | Во буџетот на општината издвоени се средства во износ од 100.000 денари. Средствата се алоцирани во ставката во општинскиот буџет R10 Заштита на животна средина и природа, 42 Стоки и услуги и соодветсвува со финансискиот план на ЈКП „Пелагонија“ за 2026 година . Обезбедувањето на средствата за комуналните мерки и инфраструктурата за 2026 година е комбинирано: Централен буџет и општински буџет. Исто така има 934.153,00 денари од Министерството за финансии преку проект поддржан од Светска Банка. | Информации објавени во службен гласник - буџет на општината: Службен-гласник-5-2026 |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Не | Во планот за јавни набавки на општина Кривогаштани и ЈКП Пелагонија, нема ни планирани ни реализирани набавки кои се однесуваат на мерката | |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Да | Во овој дел не е потребно исполнување на неопходни предуслови за поставување на канти и контејнери бидејќи истите се поставуваат на општинско место. | Овие информации се добиени на средба со директорот на ЈКП Пелагонија на 19.06.2026 |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Да | 1. Во Кривогаштани започната е испораката на опремата за собирање на отпад , како дел од Регионалната програма за цврст отпад, финансирана преку заем од Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) и грант од Швајцарската агенција за развој SEKO. | слики, официјални соопштенија |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Да | Општина Кривогаштани има активна веб страна . ЈКП Пелагонија нема активна веб страна, во изработка е. | |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Не | Во овој квартал, ЛАГ Агро Лидер нема испратено Барање за информации од јавен карактер за конкретната мерка. Воедно, досега нема пристигнато ниту едно барање од други лица поврзано со мерката | Разговор со лицето одговорно за Барања за информации од јавен карактер на 19.06.2026 |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Да | Градоначалникот и општинските сектори имаа 2 директни средби на терен со месните заедници. На овие состаноци, на барање на локалните жители, се дискутираше за: Проширување на опсегот на собирање смет во куќите кои претходно не биле целосно покриени и Редовноста и распоредот на камионот во летните месеци (период кога има зголемен земјоделски отпад). | Следење на објавените интервјуа и прес-конференции во локалните медиуми во Прилеп |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | Во овој квартал нема формални консултации и средби со граѓани. | директна средба со раководителката на ЛЕР на 19.06.2026 |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Да | Во текот на првиот квартал не се евидентирани официјално поднесени писмени барања за средби, потпишани петиции или формални граѓански иницијативи доставени до архивата на општина Кривогаштани или ЈКП „Пелагонија“. Исто така, немало директно физичко учество на граѓани на седниците на советот на општината конкретно за оваа мерка , но граѓаните иницирале средби со градоначалникот за опфтот во чистење на сметот и распоредот на камионот за отпад во летните месеци. | Секојдневно следење на клучните локални Фејсбук групи, фан-страници и коментарите на официјалните профили на институциите; проверка со општината за тоа дали пристигнал формален допис или иницијатива внесете линкови каде сте следеле и информации за тоа со кого и кога сте комуницирале за проверка со општината за тоа ,,,,, |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Да | На 13 мај во општината се одржа теренска средба со 20 граѓани иницирана и организирана од ЛАГ Агро Лидер. На средбата се разговараше за мерката, односно за редовнаста на собирање на комунален отпад, територијална покриеност и ефикасност на услугите во Кривогаштани . Средбата опфати граѓани од различна возраст | директна средба со граѓани на терен на 13.05.2026 |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Општина Кривогаштани нема можност на официјалната веб страна за електронско учество на граѓаните. | веб страна на општина Кривогаштани |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Да | Иако Општина Кривогаштани нема посебно назначен отворен ден, граѓаните можат секој ден да си ја посетат општината и да се информираат за работи поврзани со мерката. Нема конкретен отворен ден за мерката за собирање на комунален отпад - редовност, територијална покриеност и ефикасност на услугите. Во просек има по 4-5 граѓани секој ден што ја посетуваат општината. На овие посети граѓаните бараат подобри услови за живот, пријавуваат не собирање на отпад, итн | дадените наоди од разговор со претставници од општина и ЈКП на 19.06.2026 |
