Отворање и опремување на Младински центар во општина Делчево

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Да

Согласно добиениот одговор на Барање за информации од јавен карактер во буџетот на општина Делчево предвидени се 300000 МКД за младинскиот центар.

Писмен одговор од Локална Самоуправа

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Не

Нема планирани јавни набавки. Сега се следат условите за опремување, финансирање и работење.

Општински совет и одлука за организација ЖЕНА да го раководи Центарот

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да

Постои одлука на Општински Совет, Доделен е простор за Младински Центар, назначено е лице Младински работник, обезбедени се минимум технички услови за функционирање Центарот

Информации од локалната самоуправа и од младинскиот центар

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Да

Младинскиот Центар почна да работи со минимум услови. Во младинскиот центар започнати се активности. Младинскиот работник истакна спремност за поголема соработка со младинскиот совет иако работи во тешки услови и нерешено финансиско прашање. Од опрема младинскиот центар поседува 15 столчиња, 4 маси, просторија и избран младински работник.

Објави на социјална мрежа (Фејсбук)

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Да

На социјалните мрежи беше објавено отворањето на Центарот. За објави се грижи Младинскиот работник.

Социјални мрежи, линк во прилог: Делчево: Младинскиот центар ги отвори вратите за младите - Јавна Администрација

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Да

Организацијата Жена и поединците од организацијата поднесоа повеќе барања за информации од јавен карактер. Барањата беа поднесени на 5 јуни 2026 година, на што добивме одговори во рок од 10-12 дена на сите наши прашања.

Барања за информации од јавен карактер

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Да

Проектниот тим реализираше средби со Градоначалникот и неговиот тим.
Договорено е уште позасилено да се застапува кај Градоначалникот и Општинската администрација за непречено функционирање на Младинскиот Центар, Младинскиот Работник да изготви Извештај од тримесечното работење и негова дистрибуција до Градоначалникот, Општинската Администрација, Општинскиот совет , до младинското собрание и до јавноста воопшто.

Состанок со градоначалникот и претставниците на општината

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Да

Општината не организирала консултативни средби.

Проектен тим

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Да

Беше одржан состанок со Младинскиот совет како дел активностите во рамки на проектот на кој присутните покажаа проактивност и побраа да се обезбеди соодветно финансирање за младинскиот центар.

Состанок со младинскиот совет во младинскиот центар

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Да

Организацијата реализираше состанок со Младинскиот совет на кој учествуваа 9 лица. на состанокот се дискутираше прашањето за финансирање и функционалноста на младинскиот центар. беше договорено позасилено да се лобира кај градоначалникот и општинската администрација.

состанок со младински совет во младински центар

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Нема такви опции.

анализа на веб страницата на општината

3.3.3Отворени денови на општината Не

Нема отворени денови на општината

Инфромација добиена на состанокот со општината

Се спроведуваат активности
9 од 12 критериуми исполнети (75%)
Општина Делчево
Организација Здружение на граѓани за истражување, анализа и креирање политики „Евротинк – Центар за европски стратегии“ - Скопје