Воведување социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Да

Во првично усвоената програма, мерката опфаќаше пет социјални услуги и сервиси. Во првиот квартал започнаа три, за кои беа наменети сите првично предвидени средства, а со ребалансот овој квартал се додадоа средства за реализација и на преостанатите две.
Направен е ребаланс на буџетот, на седница на Советот одржана на 30.06.2026 ( прекината) и 14.07.2026 (продолжение) во висина од 2.500.000 денари за дополнителни 2 услуги согласно програмата. Вкупниот буџет сега изнесува 5.500.000 денари.

Записник од состанок со Општина центар 29.08.2026

Електронска комуникација( email) од 02.09.2026

Измена и дополнување на Програмата од 14.07.2026

 

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Да

На 24.09.2026 објавен е јавен повик согласно измената на Програмата и ребалансот на буџетот за следните две социјални услуги и сервиси
- Поддршка за секое дете - обезбедување лични асистенти во детските градинки;
- Логопед во секоја градинка – обезбедување стручно логопедска поддршка;
Повикот е активен и трае 10 дена.

https://www.centar.gov.mk/medija/soopshtenija-javen-povik/260924-j-v-e-n-p-o-v-i-k-za-pribirane-barana-za-koristene-sredstva

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да

Во периодот на мониторирање (01.04- 30.06.2026) се обезбедија сите неопходни услови за почеток на 3 услуги од мерката. Во периодот на мониторирање (01.07- 30.09.2026) мерката е дополнета со Измена на програмата донесена на седница на Советот на Општина Центар на 14.07.2026 година. Постапката за реализација на мерката е иста како претходно, однносно преку надворешни оператори со кои Општина Центар склучува договори. Новата постапка за избор на оператори/ даветели на услугите е во тек.

Записник од состанок со Општина центар 29.08.2026

Електронска комуникација( email) од 02.09.2026

Измена и дополнување на Програмата од 14.07.2026

https://www.centar.gov.mk/medija/soopshtenija-javen-povik/260924-j-v-e-n-p-o-v-i-k-za-pribirane-barana-za-koristene-sredstva

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Да

Во рамки на оваа мерка во моментот се реализираат следниве услуги:
1. Континуирани индивидуализирани услуги преку обезбеден пристап до компјутер и интернет со примена на асистивна технологија за децата со сите видови на попречености;
2. Психосоцијална поддршка, психотерапевтска и психијатриска поддршка, активности за личен развој и интеграција во заедницата;
3. Психосоцијална поддршка, психотерапевтска и дефектолошка поддршка, активности за личен развој и интеграција во заедницата.
Четирите оператори кои ја спроведуваат мерка се:
1. -Здружение за асистивна технологија Отворете ги прозорците ,
2. -Здружение ХОПС-Опции за здрав живот Скопје
3. - Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија
4. - Здружение за инклузија, креативност и иницијативи “Интеракција плус”-Скопје. На сите четири оператори им се исплатени 50% од договорените средства и сите започнале со активности. Мониторинг тимот одржа средби со два оператора, од кои доби подетални информации. Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори спровел основна обука за вработените во градинките во Општина Центар, ги информирал родителите за достапната поддршка и подготвил платформа преку која можат да побараат помош. Здружението „Отворете ги прозорците“ обезбедува услуга за 10 деца од општината, со по две едночасовни сесии неделно, а работи и со лица од нивното семејно и училишно опкружување. Овие активности се во согласност со предвидената мерка за социјални услуги и сервиси.
Сите услуги се согласно усвоената Програма за здравствена, социјална заштита и заштита на деца во Општина Центар- Скопје за 2026 година. Динамиката на исплата на сретствата е во согласност со потпишаните договори.

Записник од состанок со Општина центар 29.08.2026

Електронска комуникација( email) од 02.09.2026

Записник од состанок со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ 24.09.2026

Записник од состанок со Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ 07.09.2026

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Да

Во овој квартал, на ФБ профилот на Општина Центар е објавена една информација поврзана со мониторираната мерка. Таа се однесува на обуката што Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори ја спровел за вработените во градинките, како дел од услугата за рана интервенција.На веб-страницата е објавен јавниот повик по дополнувањето на мерката со двете нови социјални услуги. Според Здружението „Отворете ги прозорците“, активностите со корисниците не се објавуваат поради нивната чувствителност.

Записник од состанок со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ 24.09.2026

Записник од состанок со Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ 07.09.2026

https://www.facebook.com/share/p/1FS7EQsxeX/

https://www.centar.gov.mk/medija/soopshtenija-javen-povik/260924-j-v-e-n-p-o-v-i-k-za-pribirane-barana-za-koristene-sredstva

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Не

Во текот на извештајниот период не се евидентирани Барања за информации од јавен карактер кои се однесуваат на мониторираната мерка. Вакви барања генерално ретко се доставуваат до Општина Центар. Во случаи кога во минатото биле доставувани барања за информации од јавен карактер, општината одговарала преку различни канали на комуникација, вклучително и по електронска пошта, писмено по пошта, како и преку организирање состаноци со барателите.

Записник од состанок со Општина центар 29.08.2026

Електронска комуникација( email) од 28.09.2026

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Да

Општина Центар продолжи со отворена комуникација за мониторираната мерка. Во извештајниот период, на 29.08.2026 година, се одржа состанок со мониторинг тимот на НМЖЖ и раководителот и дел од тимот на Одделението за социјална работа. Се разговараше за текот на реализацијата на мерката, а размената на информации продолжи по електронски пат. Според информациите добиени од општината и операторите, општината редовно комуницира и одржува средби со операторите, но точниот број на тие средби не е познат. Нема информации за одржани средби со граѓаните во врска со мерката, ниту такви информации се објавени на Фејсбук страницата на општината.

Записник од состанок со Општина центар 29.08.2026

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Да

Општина Центар има непосредна и континуирана комуникација и со операторите кои се даватели на социјалните услуги и со корисниците на услугите. Програмата беше креирана согласно потребите на граѓаните на Општина Центар и тогаш тие беа директно вклучени (наведено во извештајот април-јуни).Во овој квартал, претставничките на Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ потврдија дека учествувале во креирањето на мерката. Во писмениот одговор добиен по електронска пошта, Општината наведе дека има непосредна и континуирана комуникација со корисниците и давателите на постојните социјални услуги. Ова потврдува комуникација при спроведувањето, но не дава конкретни податоци за учеството на корисниците во одлучувањето. За двете нови услуги е предвидено информирање преку јавните детски градинки по изборот на давателите

Електронска комуникација( email) од 28.09.2026

Записник од состанок со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ 24.09.2026

Записник од состанок со Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ 07.09.2026

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Не

Во периодот на известување на е доставена петиција или конкретна граѓанска иницијатива во однос на мерката.

Електронска комуникација( email) од 28.09.2026

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Не

Во периодот на известување не е организиран посебен јавен собир кој што исклучиво е наменет за мерката. Целните групи се информираат преку директни канали на комуникација, во рамки на градинките и училиштата што е потврдено и од страна на операторите кои се даватели на услугите. Според теренскиот прашалник спроведен од страна на НМ „Жените за жените“, 23,7% од испитаниците некогаш присуствувале на настан организиран од Општина Центар, додека 76,3% не присуствувале. Од испитаниците што го одговориле позитивно, 40% навеле јавен форум, а 10% јавна расправа. Овие одговори се однесуваат на општински настани генерално и не потврдуваат учество на јавен собир, дебата или форум поврзан со конкретната мерка во периодот на известување.

Електронска комуникација( email) од 28.09.2026

Записник од состанок со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ 24.09.2026

Записник од состанок со Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ 07.09.202

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да

Како што беше наведено во претходниот квартален период (01.04.2026–30.06.2026), Општината обезбедува можности за електронско учество и комуникација преку веб-страницата и електронските канали, но нема посебен канал наменет за мониторираната мерка. Интересот и активноста на граѓаните за користење на овие механизми се ниски, што се однесува на општинските програми генерално. Во овој квартал, Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори информираше дека е подготвена платформата http://www.ranaintervencija.mk, преку која родителите можат да побараат помош и поддршка во рамките на услугата за рана интервенција.

Записник од состанок со Општина центар 29.08.2026

Записник од состанок со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ 24.09.2026

3.3.3Отворени денови на општината Не

Како што беше наведено во претходниот квартален период (01.04.2026–30.06.2026), Општината нема формално утврден „отворен ден“ во текот на неделата. Граѓаните имаат можност секој работен ден директно да се обратат до надлежните служби за информации, прашања и консултации. Во овој квартал не се добиени информации за промена на оваа практика. Според теренскиот прашалник спроведен од НМ„Жените за жените“, во потврдните одговори за видот на посетениот настан, 20% навеле учество на отворен ден. Овој податок се однесува на општински настани генерално и не потврдува учество на отворен ден поврзан со конкретната мерка во периодот на известување.

Записник од состанок со Општина центар 29.08.2026

Се спроведуваат активности
Општина Центар
Организација Сојуз за родова еднаквост: Национална мрежа ЖЕНИТЕ ЗА ЖЕНИТЕ- Скопје
Финансиски индикатор (општина) Отвори