Подобрување на системот за собирање на комунален отпад во општина Прилеп – редовност, територијална покриеност и ефикасност на услугите

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Да

Издвоени се конкретни средства во износ од 60.000.000 денари. Советот на Општина Прилеп на 6-тата седница (одржана на 30.12.2025 година) официјално го усвои Буџетот за 2026 година, кој изнесува 2.472.428.114 денари. Средствата се јасно алоцирани согласно називот и описот на мерката.

програми на ЈКП Комуналец Прилеп;

службени весници;

https://komunalecprilep.com.mk/programi-za-rabota/

 

https://www.prilep.gov.mk/sluzhben-glasnik-br-21-od-30-12-2025/

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Да

Во планот за јавни набавки на ЈКП Комуналец има предвидено 3 набавки кои се дел од предметот на мониторирање. Набавките се за: Сукцесивна набавка на пластични канти за смет за домаќинства, Сукцесивна набавка на полуподземни контејнери и Сукцесивна набавка на метални контејери од 1,1 и 5 м3. Во овој кавртал не е позната вредноста на набавките, бидејќи истите се планирани за објавување во периодот јуни-јули 2026 година. Во моментов нема објава на јавни огласи за реализација на јавни набавки

План за јавни набавки

https://komunalecprilep.com.mk/planirani-nabavki/

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да

Изработка на техничка документација и микро-лоцирање на местата каде што ќе се поставуваат полуподземните контејнери во урбаните средини; Обезбедување на потребните согласности/дозволи за подземен ископ од страна на Секторот за урбанизам при Општина Прилеп (проверка на подземни инсталации – водовод, струја, телекомуникации пред копање); Изработка на геопросторна анализа/студија за постојната покриеност и мапирање на новите оптимизирани рути во урбаните и руралните средини

Програма за инвестиции за 2026 година на ЈКП Комуналец Прилеп

https://komunalecprilep.com.mk/wp-content/uploads/2026/02/programa-investicii-2026.pdf

 

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Да

На терен се стручни тимови од ЈКП „Комуналец“ за скенирање на состојбата во руралните средини на општина Прилеп со цел утврдување на дефицитот од канти за отпад и оптимизација на транспортните рути.
Започнати се теренски проверки на потенцијалните локации во централното градско подрачје каде што треба да се врши подземен ископ, увид на подната инфраструктура.
Активностите се во согласност со програмата

слики, официјални соопштенија

https://www.facebook.com/komunalecprilep

https://www.facebook.com/share/p/1bx7sDDh2s/

 

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Да

Двете институции имаат активни официјални веб-страници каде што се споделуваат информации за менаџирањето со отпад во општина Прилеп. ЈКП „Комуналец“ – Прилеп одржува многу активна Фејсбук (Facebook) страница каде редовно и тековно ја информира јавноста за своите активности, акции за чистење, како и за пристигнувањето на новата комунална опрема и канти за домаќинствата Опфатени се три главни теми: Инфраструктура и опрема, Теренски активности и Нови еколошки дигитални услуги

Официјални објави на општина и ЈКП Комуналец https://www.prilep.gov.mk/nova-oprema-za-unapreduvanje-na-sistemot-za-upravuvanje-so-otpad-vo-opshtina-prilep/ https://komunalecprilep.com.mk/novi-konte-neri-za-pochista-i-pozdrava-zhivotna-sredina-vo-opshtina-prilep/

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Не

Во овој квартал, ЛАГ Агро Лидер нема испратено Барање за информации од јавен карактер за конкретната мерка. Воедно, досега нема пристигнато ниту едно барање од други лица поврзано со мерката

Разговор со лицето одговорно за пристап до информации од јавен карактер на 24.06.2026

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Да

Организирано е официјално интервју/изјава на градоначалникот на Прилеп и директорот на ЈКП „Комуналец“ за локалните медиуми при приемот на донацијата на канти за домаќинства од ЕБРД и SECO на 20.06.2026 година поврзано со донацијата на нови канти за собирање на отпад
Во овој квартал општината зеде учество на тркалензна маса и прес конференција
Исходот беше од информативен карактер за презентација.

директно учество на тркалезна маса

линк од настанок, дата на одржување

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Не

Во овој квартал нема формлани консултации и средби со граѓани. На состанокот со раковидителката на ЈКП Комуналец Прилеп како евентуални причини зошто граѓаните сеуште не се вклучени, беше наведено дека процесот е сеуште во подготвителна фаза и засега нема потреба од консултации. Дополнително беше наведено дека во делот со мерката собирање на комуналениот отпад, ЈКП Комуналец следи и на социјалните мрежи дописи и објави на граѓаните и постапува согласно наведените информации, иако не се дел од редовниот план за собирање на комунален отпад.

Директна средба

наведете датум и со кого, може само функција на лицето

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Да

Во текот на првиот квартал не се евидентирани официјално поднесени писмени барања за средби, потпишани петиции или формални граѓански иницијативи доставени до архивата на општина Прилеп или ЈКП „Комуналец“. Исто така, немало директно физичко учество на граѓани на седниците на советот на општината конкретно за оваа мерка. Граѓаните на Прилеп масовно го користат својот глас во дигиталниот простор за да влијаат врз подобрувањето на комуналните услуги: има чести објави за претрупани локации на Facebook групи (како „Мој Прилеп“, и слични профили) каде граѓаните речиси секојдневно објавуваат фотографии и видео-записи од конкретни микро-локации во градот и приградските населби каде контејнерите се претрупани со отпад или каде се создаваат мини диви депонии. Претпријатието на социјалните мрежи често одговараше со „пред и потоа“ фотографии во коментари или со посебни објави, потврдувајќи дека локацијата посочена од граѓаните е успешно санирана

Facebook објави од граѓани и објави од ЈКП Комуналец Прилеп https://www.facebook.com/mojotprilep

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Да

Во овој период на 20 мај во општината се одржа теренска средба со 20 граѓани иницирана и организирана од ЛАГ Агро Лидер. На средбата се разговараше за мерката, односно перцепцијата на младите од Прилеп за редовнаста на собирање на комунален отпад, територијална покриеност и ефикасност на услугите во Прилеп. Учесниците беа млади лица од 18-29 години.

директна теренска средба

https://komunalecprilep.com.mk/planirani-nabavki/

кога, со кого, внесете линк ако имало објава - линкот кој е даден некако не соодветствува овде

 

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да

Општина Прилеп има можност на официјалната веб страна да се пријави проблем за мерката. Всушност, граѓаните имаат можност елетронски да пријават и други проблеми како: дупка на патот, дивоградба, старо хаварисано возило, барање за светилка, дефект на осветлување, итн

https://www.prilep.gov.mk/prijaviproblem/prijava/?tip=74

3.3.3Отворени денови на општината Да

Во општина Прилеп секој четврток е отворен ден за средба со граѓани. Нема конкретен отворен ден за мерката за собирање на комунален отпад - редовност, територијална покриеност и ефикасност на услугите Секој четврток е отворен ден со граѓани. Во просек има по 15-20 граѓани на отворените денови Граѓаните и претставниците на заедниците пријавиле конкретни локации каде има недостиг од канти за отпад (особено во приградските и руралните населби) . Барањата за нови канти поднесени од жителите на руралните средини биле земени предвид од стручните тимови на ЈКП „Комуналец“ кои моментално го вршат теренското скенирање. Тие локации се вметнати во планот за приоритетна дистрибуција на новите 8.318 канти пристигнати од ЕБРД/SECO програмата

дадените наоди од разговор со претставници од општина и ЈКП Комуналец

наведи детали - кога

Се спроведуваат активности
10 од 12 критериуми исполнети (83%)
Општина Прилеп
Организација Здружение за рурален развој локална акциска група „Агро Лидер“