Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Да | Во буџетот на општина Вевчани за 2026 година планирани се средства за оваа намена во програма J30 — ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ во износ од 1.700.000,00 | Решение бр. 03-384/3 од 28.04.2026 година, донесена од Овластено службено лице за посредување |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Да | Во Годишниот план за јавни набавки за 2026 планирана е и спроведена е постапка за доделување | Решение бр. 03-384/3 од 28.04.2026 година, донесена од Овластено службено лице за посредување |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Да | Предусловите за реализација на мерката се исполнети. Мерката е предвидена во Програма за финансирање на изградба и одржување на објектите од комуналната инфраструктура во Општина Вевчани за 2026 година бр. 08-56/21 од 25.12.2025 год, обезбедени се буџетски средства, а во Годишниот план за јавни набавки се спроведени постапки и се склучени договори за јавна набавка. Измената на старите светилки со нови се реализираа според процедурата опишана - за стоки. | Програма за финансирање на изградба и одржување на објектите од комуналната инфраструктура во Општина Вевчани за 2026 година бр. 08-56/21 од 25.12.2025 год. Одлука за усвојување Записник од 4-та сeдница на Совет на Општина Вевчани одржана на 25.12.2025 година бр.08-8/3 од 12.03.2026. Буџет на Општина Вевчани за 2026 година (Службен гласник бр. 14/2025); Одговор на Барање за информации од јавен карактер под, Решение бр. 08-384/3 од 28.04.2026, Годишен план за јавни набавки за 2026 година, Датум на првична објава на ЕСЈН 08.01.2026, Датум на објава на верзија 08.01.2026 12:45. Програма за финансирање на објектите од комуналната инфраструктура за 2026 година бр. 08-56/21 од 25.12.2025 год. |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Да | Започнати се активности за реализација на мерката согласно Програмата за 2026 година. Активностите опфаќаат одржување на постојното јавно осветлување и реконструкција на дел од системот преку поставување на нови канделабри. Реализацијата е во согласност со предвидените активности во Програмата и обезбедените буџетски средства. Не се доставени податоци за други реализирани активности во овој период. Исплатени се околу 150.000 ден за набавка на материјали за одржување на улично осветлување. | Наведено е во Решение бр. 03-384/3 од 28.04.2026 година, донесена од Овластено службено лице за посредување |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Да | Пронајден е пост од страна на Градоначалникот на Општина Вевчани, објавен во неговата Фејсбук страница. Објавата се однесува конкретно за мерката и се известува за градежни работи на локацијата во кои влегува и поставување на канделабри. | |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Да | За вториот квартал, доставено едно Барање од проектниот тим до општина Вевчан (во електронска форма) на 27.08.2026 година. Општината одговори навремено (по претходна комуникација) на 31.08.2026, на електронска форма како што е побарано. Општината не наплатила за дадените информации. | Решение бр. 03-384/3 од 28.04.2026 година, донесена од Овластено службено лице за посредување |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Да | Oпштината информира за текот на реализација на мерката. Проектниот тим контактираше со вработени во општината. Исто така, по претходна комнуикација во рекорден временски рок сме добиен е одговор за потребните информации по барањето. | Решение бр. 03-384/3 од 28.04.2026 година, донесена од Овластено службено лице за посредување Телефонски разговор со секретар на општината,месец август 2026. http://www.ora24.tv/kab-struga-vazhdon-monitorimin-e-premtimeve-zgjedhore/" |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | Во текот на вториот квартал не се евидентирани формални консултации организирани од Општина Вевчани поврзани со оваа мерка. | Телефонски разговор со вработена во Општина Вевчани, со тек.секретар.
|
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Не | Во текот на кварталот не се евидентирани активности за учество на граѓаните/ Нема податоци за заклучоци или ставови на граѓаните кои произлегле од официјални консултации организирани од Општината. | Телефонски разговор со техничкиот секретар на Општина Вевчани |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Да | Во текот вториот квартал КАБ Струга иницираше и организираше една дебата со млади поврзано со мерката со цел споделување на податоци со младите и дебатирање по мерката. Настанот се одржа на 23.09.2026 година и на неа учествуваа вкупно 20 учесници, 14 м-пол,6 ж-пол,13 од 18 до 29 години, 7 над 30 години возраст. | |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Во текот на кварталот не беше овозможено електронско учество на граѓаните за оваа мерка. Не се користени електронски алатки, како веб-страница, електронски обрасци или мобилни апликации. Нема податоци за граѓани кои учествувале преку електронски форми. | Conversation with Municipality of Vevchani staff |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Не | Во текот на вториот квартал не се организирани отворени денови од страна на Општина Вевчани поврзани со мерката. Нема податоци за реализирани отворени денови, учество на граѓани или дискусии за мерката во ваков формат. Нема исход или заклучоци, бидејќи не биле организирани отворени денови од страна на Општината во анализираниот период. | Разговор со вработените во Општина Вевчани Информација од проектниот тим |
