Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Да | За реализација на мерката се обезбедени средства за повеќе патни проекти. Договорот за локалниот пат Студеничани–Идризово е 44.010.165 ден. со ДДВ. Дополнително се реализираат кружниот тек во Моране и улица/мост во Батинци, финансирани со средства од кредитната линија на Владата. | Договор бр. 11-910/3 од 30.09.2025; Договор бр. 09-1622/1 од 31.12.2025; Договор бр. 11-915/3 од 01.09.2025; Буџет/Програма 2026. |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Да | За проектите се спроведени постапки за јавна набавка и се склучени договори со избрани изведувачи. За Студеничани–Идризово постапката е бр. 14365/2025; за кружниот тек Моране бр. 15335/2025; за улица/мост Батинци бр. 14443/2025. | Постапки ЈН бр. 14365/2025, 15335/2025 и 14443/2025; договори бр. 11-910/3, 09-1622/1 и 11-915/3. |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Да | Обезбедени се договори со изведувачи, финансиски средства, надзор и потребната проектна документација. Работите на повеќе локации се започнати и се следат преку времени ситуации и надзорни извештаи. | Наведените договори; времени ситуации; надзорни извештаи. |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Да | Во јули 2026 продолжиле градежните работи на локалниот пат Студеничани–Идризово. Според IV времена ситуација и надзорниот извештај, заклучно со 31.07.2026 биле изведени 75,22% од договорените работи. Во тек се и проектите за кружен тек во Моране и улица/мост во Батинци. | II–IV времени ситуации за Студеничани–Идризово, јули 2026; Извештај по IV времена ситуација 31.07.2026; информации од Општината за тековни работи. |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Да | Во текот на кварталот на Facebook профилот на градоначалникот и преку општинските канали повеќепати се објавувани информации и фотографии за изградбата и реконструкцијата на локалните патишта. | Facebook профил на градоначалникот и/или официјални канали на Општина Студеничани – конкретни објави за патишта, јули–септември 2026. https://www.facebook.com/share/p/1FBzY3mkvF/ https://www.facebook.com/share/r/1FdwsSqSCD/ |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Не | Не се добиени информации, ниту е обезбеден документарен доказ дали во кварталот биле поднесени и одговорени Барања за информации од јавен карактер конкретно за оваа мерка. Редовните граѓански барања и пријави не се третираат како БИЈК. | Проектна документација и комуникација со Општината – нема обезбеден документарен доказ за БИЈК конкретно за мерката. |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Да | Општината споделувала информации за состојбата на патните проекти преку директна комуникација и разговори со проектниот тим, како и преку јавни објави. Во рамки на мониторингот се добиени информации за текот на работите и конкретните локации. | Службена белешка од разговор со Општина Студеничани 03-99 од 15.09.2026 |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | Не е обезбеден доказ дека во текот на јули–септември 2026 граѓаните биле формално вклучени во донесување конкретни одлуки за реализацијата на патните проекти или дека нивните ставови биле инкорпорирани во формални одлуки. | Службена белешка/комуникација со Општината 03-99 од 15.09.2026; проектна документација. |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Не | Во текот на кварталот не е евидентирана нова формална граѓанска иницијатива, петиција или барање за учество во одлучувањето конкретно за мерката. | Проектна документација; комуникација со Општината 03-99 од 15.09.2026 |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Да | На 29.09.2026 Центар за Асистенција одржа јавна средба со 28 учесници за состојбата и реализацијата на локалната патна инфраструктура во Студеничани. Се дискутираше за тековните проекти, одржувањето на локалните улици и потребата од подобра сигнализација и безбедност. Како заклучок беше истакната потребата од продолжување на реконструкцијата и одржувањето, подобра поврзаност меѓу населените места и редовно информирање на граѓаните. | Извештај од спорведена јавна средба со граѓани |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Не е утврдена посебна електронска алатка, мобилна апликација или електронски образец за учество на граѓаните конкретно во реализацијата на мерката. | Извештај од спроведена јавна средба |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Не | Општината има механизми за прием и директна комуникација со граѓани, но не е обезбеден доказ дека во овој квартал бил организиран отворен ден на кој се дискутирало конкретно за мониторираната мерка. | Службена белешка 03-99 од 15.09.2026; информација за прием на граѓани. |
