Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Не | Општина Шуто Оризари нема издвоени средства во буџетот и нема посебна ставка за изградба на атмосферска и фекална канализација на улиците. Има аплицирано пред 3 години преку Министерство за животна средина и просторно планирање инвеститор е ЕИБ преку проектот „Подобрување на водната инфраструктура во општините„. Нема ставка или пренамена во други цели | Одговор на барање за информации од јавен карактер 04.06.2026 |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Не | Изградбата на атмсферска и фекална канализација на улиците не се вклучени во планот за набавка. Доколку бидат одобрени, целата постапка за јавна набавка и надзор ќе се спроведат преку Министерството за животна средина и просторно планирање. Процесот за спроведување на јавната набавка за улиците ќе го спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање. | Одговор на барање за информации од јавен карактер 04.06.2026 |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Не | Нема преземени активности во моментов. | Одговор на барање за информации од јавен карактер 04.06.2026 |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Не | Не се преземени никакви активности за реализација | Одговор на барање за информации од јавен карактер 04.06.2026 |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Да | Програма за комунални дејности 2026 - Ги вклучува улиците и изградбата на канализациони мрежи (https://sutoorizari.gov.mk/?p=5449) План на програма за развој на општина шуто оризари за периодот 2026-2027 - Ја вклучува улица Вашингтонска (https://sutoorizari.gov.mk/?p=5442) Потпишан договор за целосна реконструкција на 28 улици - Ги вклучува улиците Вашингтонска со сите краци, Гвадалахара со сите краци и Слан дол со сите краци кон Злетовкса (https://sutoorizari.gov.mk/?p=5231) | Официјална веб страница на општината, линковите се вклучени во описот истите линкови ги има и на социјалниот медиум Facebook содржината е иста Програма за комунални дејности 2026 |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Да | Општината нема добиено барање за информации од јавен карактер за улиците. Прво барање за информации за улиците е достаено од страна на Ромалитико на 04.06.2026 година. Општината не наплаќа за информации од јавен карактер. | Одговор на барање за информации од јавен карактер 04.06.2026 |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Не | Општината немала средби, интервјуа или состаноци за улиците во периодот Април - Јуни 2026. | Одговор на барање за информации од јавен карактер 04.06.2026
|
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Да | Општината има одржано маалска средба за улиците со граѓаните. 09.09.2021 година маалска средба на улица Вашингтонска. 11.09.2026 година маалска средба на улица Гвадалахара. 21.09.2021 маалска средба на улица Слан дол. Заклучокот од средбите е припрема на проектна документација за реконструкција на улиците. По средбите, општината изготви проекти за улиците и аплицираше за средства од донатори и институции | Одговор на барање за информации од јавен карактер 04.06.2026 Маалска средба Вашингтонска (Маалска средба Вашингтонска) Маалска средба Гвадалахара (Маалска средба Гвадалахара) Маалска средба Слан Дол (https://tinyurl.com/bdf644hx) |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Не | Граѓаните не поднеле барање за средба или консултација за улиците, не поднеле петиција, не поднеле граѓанска иницијатива, не учествувале на седница на советот на општината. | Одговор на барање за информации од јавен карактер 04.06.2026 |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Не | Не биле организирани јавни собири во изминатиот период Април - Јуни 2026. Маалски средби во 2021 година се сроведени за учество на граѓаните во донесувањео одлуки околу улиците како што е известено во другите индикатори. | Одговор на барање за информации од јавен карактер 04.06.2026
|
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Нема можност за електронско учество затоа што градоначалникот се комуницира со граѓаните од улиците секојдневно | Одговор на барање за информации од јавен карактер 04.06.2026 |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Не | Нема организирано отворени денови на кои се дискутирало за оваа мерка. | Одговор на барање за информации од јавен карактер 04.06.2026 |
