Чистење на диви депонии во Струга

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Да

Издвоени се сретства преку ПРОГРАМА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2026 ГОДИНА Бр./Nr. 08-1410/7 од 13.03.2026 во точката 4.1. Одржување на јавната чистота, комуналната хигиена и водоснабдителните системи, се предвидени 3.000.000 денари. Средствата се јасно алоцирани и е спроведена јавна набавка.Нема досега пренамена на средства.

ПРОГРАМА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2026 ГОДИНА Бр./Nr. 08-1410/7 од 13.03.2026 во точката 4.1. Одржување на јавната чистота, комуналната хигиена и водоснабдителните системи, се предвидени 3.000.000 денари., РЕШЕНИЕ
ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА СЛОБОДЕН
ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР бр.Бр. 03-5428/2
17.09.2026

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Да

Реализирана е набавка за чистење на диви депонии преку електронскиот систем e-nabavki@gov.mk. Постапката е завршена, донесена е одлука за
избор и склучен е договор. За најповолен понудувач е
избран ДООЕЛ „Нефи Ик“ од Охрид. Нема никаква измена за планот за јавни набавки во врска со мерката која се мониторира.

РЕШЕНИЕ
ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА СЛОБОДЕН
ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР бр.Бр. 03-5428/2
17.09.2026

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да

Во текот на мониторингот, вклучуваќи и вториот квартал, не се забележува никаде за потреба за некоја посебна дозвола. Склучен е договор со ДООЕЛ „Нефи Ик“ од Охрид, како клучен предуслов за реализација на мерката.

РЕШЕНИЕ
ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА СЛОБОДЕН
ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР бр.Бр. 03-5428/2
17.09.2

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Да

Согласно Решение бр. 03-5428/2 од 17.09.2026 година, на прашањето „Дали е започната постапка со чистење на дивите депонии во подрачјето на Општина Струга?“, Општина Струга информира дека делумно е започнато со чистење на дивите депонии, при што приоритет е даден на зоните каде што има поголема потреба. Во одговорот не се наведени конкретни локации, обемот на извршените работи или други податоци за реализираните теренски активности.

РЕШЕНИЕ
ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА СЛОБОДЕН
ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР Бр. 03-5428/2
17.09.2026

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Да

За мерката која е предмет на мониторинг, тимот на проектот реализираше средба со општинските инспектори од животна средина на која се известени за состојбата со дивите депонии и за постапката за јавна набавка која тогаш беше во тек. Во делот на транспарентност по мерката и податоците, не се забележува некоја конкретна објава на социјалните мрежи за постапката и за ивршениот избор на компанијата, но добиен е одговор - Решение Бр. 03-5428/2, 17.09.2026, по претходно електронско доставено барање.

РЕШЕНИЕ
ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА СЛОБОДЕН
ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР бр.Бр. 03-5428/2
17.09.2026

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Да

За вториот квартал, доставено е едно Барање за слободен пристап од јавен карактер на електронска форма, до Општина Струга. Има еден одговор по барањето. Општината не наплатила за дадените информации, добиената информација се достави на електронска форма до мониторот.

РЕШЕНИЕ
ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА СЛОБОДЕН
ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР Бр. 03-5428/2 од
17.09.2026

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Да

Претставник на Совет на Општина Струга, споделуваше информации во врска со чистењето на дивите депонии на настанот организиран од КАБ Струга со млади учесници на 23.09.2026.

https://www.ora24.tv/kab-struga-ne-terren-deponite-e-egra-ne-struge-dhe-ndricimi-publik-ne-vevcan-ne-fokus-te-monitorimit-qytetar/

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Не

Граѓаните не се вклучени во одлуки поврзани со мерката.

Проектен тим

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Не

Нема никаква информација за граѓанска иницијатива по ова прашање. Според средбата која се реализира со инспекторатот, беше истакнато дека е зголемен бројот на дивите депонии во подрачјето на општина Струга, но нема никаква иницијатива од граѓаните.

Разговор со шефот на кабинетот на Градоначалникот

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Да

Преку настан на здружението КАБ од Струга со младите и претставници од советот на Општина Струга, активно беа вклучени млади и другите учесници. Настанот се одржа на 23.09.2026 година и во него учествуваа вкупно 20 учесници, 14 м-пол,6 ж-пол,13 од 18 до 29 години, 7 над 30 години

Информација од реализиран настан на КАБ Струга

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Не се забележува таква можност

Информација добиена од состанокот со општинскиот инспекторат

3.3.3Отворени денови на општината Не

Нема отворен ден во општината за овој квартал, нема информации по мерката која се следи.

Информација добиена од општинскиот инспекторат

Се спроведуваат активности
Општина Струга
Организација Здружение Планинарски спортски клуб „КAБ Струга 2017“
Финансиски индикатор (општина) Отвори