Поддршка на повозрасните граѓани/ пензионери во социјален ризик во општина Центар

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Да

Предвидените средства се јасно алоцирани. Тие се предвидени во рамки на буџетската Програма за здравствена, социјална заштита и заштита на деца во Општина Центар- Скопје за 2026 година Алоцираниот износ за 2026 година е 7.000.000 денари. Износот во буџетот целосно соодветствува со планираните средства во програмата. Средствата целосно се обезбедени од општинскиот буџет - сопствени извори на општината.

Записници од средби со претставници од Општина Центар од 20.04.2026 и 30.06.2026

Увид во официјални акти (Програма за здравствена, социјална заштита и заштита на деца во Општина Центар- Скопје за 2026 година, бр. 09-6365/25, 24.012.2026) и

Службени гласници

Решение за објавување на Буџетот на Општина Центар- Скопје 2026 година

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Не

Мерката се реализира преку јавен повик, а не преку јавна набавка. Согласно временската рамка за реализирање на мерките од минатаta година овој јавен повик се планира да биде распишан во периодот септември октомври 2026.

Записник од средба со претставници од општина Центар од 30.06.2026 со одделение за социјална и здравствена заштита и заштита на децата

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да

За започнување и непречена реализација на мерката усвоена е Програма за здравствена, социјална заштита и заштита на деца во Општина Центар- Скопје за 2026 година, од страна на Советот на Општина Центар- Скопје на 24.12.2025 година. Општината оваа мерка ја реализира преку јавен повик со исплата на еднократен надоместок. Мерката се реализира секоја година, а јавниот повик се објавувава во втората половина од годината.

Записници од средби со претставници од Општина Центар од 20.04.2026 и 30.06.2026

Увид во официјални акти (Програма за здравствена, социјална заштита и заштита на деца во Општина Центар- Скопје за 2026 година, бр. 09-6365/25, 24.012.2026) и

Службени гласници

Решение за објавување на Буџетот на Општина Центар- Скопје 2026 година

Официјална страна и социјални медиуми на општината

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Не

Во текот на извештајниот период не се евидентирани активности за реализација на мерката за поддршка на повозрасните граѓани - пензионерите во социјален ризик. Согласно достапните информации, мерката сè уште не е започната со реализација.

Записници од средби со претставници од Општина Центар од 20.04.2026 и 30.06.2026

Увид во официјални акти (Програма за здравствена, социјална заштита и заштита на деца во Општина Центар- Скопје за 2026 година, бр. 09-6365/25, 24.012.2026) и

Службени гласници

Решение за објавување на Буџетот на Општина Центар- Скопје 2026 година

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Да

Во текот на извештајниот период е евидентирана објава на една активност– средба со пензионерите, за која беа објавени информации на веб-страницата и на социјалните медиуми на Општина Центар. Информацијата е дадена во состав на повеќе активности кои се однесуваат на потребите на пензионерите, а не само за конкретната мерка која се мониторира.

Официјална страна и социјални медиуми на општината

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Не

Во текот на извештајниот период не се евидентирани Барања за информации од јавен карактер кои се однесуваат на мониторираната мерка. Вакви барања генерално ретко се доставуваат до Општина Центар. Во случаи кога во минатото биле доставувани барања за информации од јавен карактер, Општината одговарала преку различни канали на комуникација, вклучително и по електронска пошта, писмено по пошта, како и преку организирање состаноци со барателите.

Записник од средба со претставници од Општина Центар од 30.06.2026

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Да

Општина Центар покажува отвореност за комуникација и соработка со засегнатите страни во однос на мониторираната мерка. Во текот на извештајниот период со тимот за мониторинг на НМЖЖ беа одржани два работни состаноци.
Првиот се одржа на 20.04.2026 а учествуваа претседателакат на НМЖЖ Оливера Ефтимовска, градоначалникот Горан Герасимовски и шефицата на кабинетот на градоначалникот.
Вториот состанок се одржа на 30.06.2026 и присуствуаа мониторката за Општина Центар Зорица Силјановска и раководителот и дел од тимот од Оделението за социјална работа. На состаноците беше презентиран проектот за мониторинг и беа разменети информации поврзани со мерката.

Записници од средби со претставници од Општина Центар од 20.04.2026 и 30.06.2026

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Да

Според информациите добиени од претставниците на Општината, консултациите биле организирани во предизборниот период, односно шест месеци пред донесувањето на програмата. Општината континуирано одржува средби со претставници на сите 8 здруженија на пензионери. Од достапните информации може да се констатира дека граѓаните, преку здруженијата на пензионери, биле вклучени во процесот на креирање на мерката, но не постојат доволно податоци за да се оцени обемот на нивното влијание врз конечната содржина на мерката.

Записници од средби со Општина Центар од 20.04.2026 и 30.06.2026,

Интервју на Градоначалник-  социјлни медиуми на Општина Центар

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Не

Иако општината воспоставува комуникација преку здруженијата на пензионери, во текот на извештајниот период не се евидентирани иницијативи од граѓаните за активно вклучување, а ниската информираност за мерката може да биде една од причините за ваквата состојба. Резултатите од теренскиот прашалник на НМЖЖ покажуваат дека од 92 испитаници, 60,85 % не слушнале за мерката, а 68,5% изјавиле дека во последните три месеци не забележале информација, објава или активност поврзана со неа. Од испитаниците 63% се жени, а 37% мажи. 28% од испитаниците се пензионери.

Записник од средба со Општина Центар од 30.06.2026,

Видео снимики од седници на совет

Линк до Теренските прашалници користени за собирање на мислења до граѓаните:

https://forms.gle/6PfXMMztadyeFEeb8

https://forms.gle/d6WG35usoj5JX5xy7

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Не

Реализацијата на мерката е планирана за периодот септември – ноември 2026 година, поради што во овој квартал не биле организирани јавни настани од овој тип поврзани со нејзината реализација. Резултатите од теренскиот прашалник на НМЖЖ покажуваат дека 57,6% од испитаниците изјавиле дека никогаш не присуствувале на настан организиран од општината, што укажува на ограничено учество на граѓаните во вакви активности. Најголем дел од испитаниците на теренскиот прашалник изјавиле дека информациите за програмите и мерките најчесто ги добиваат преку Facebook (43,5%), пријатели и познаници (38,5%) и локални медиуми (23,3%), додека само 11,95% од испитаниците ја навеле официјалната веб-страница на Општината како извор на информации.

Записник од средба со претставници од Општина Центар од 30.06.2026,

Линк до Теренските прашалници користени за собирање на мислења до граѓаните: https://forms.gle/6PfXMMztadyeFEeb8

https://forms.gle/d6WG35usoj5JX5xy7

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Општината обезбедува можности за електронско учество и комуникација преку веб-страницата и електронските канали, но нема можност за електронско учество неманета конкретно за оваа мерка. Интересот и активноста на граѓаните за користење на овие механизми се многу ниски. Ова не се однесува само на мониторираната мерка, туку генерално на програмите на општината.

Записник од средба со претставници од Општина Центар од 30.06.2026,

Линк до Теренските прашалници користени за собирање на мислења до граѓаните: https://forms.gle/6PfXMMztadyeFEeb8

https://forms.gle/d6WG35usoj5JX5xy7

3.3.3Отворени денови на општината Не

Општината нема формално утврден „отворен ден“ во текот на неделата. Граѓаните имаат можност секој работен ден, директно да се обратат до надлежните служби за информации, прашања и консултации. Овој начин на работа претставува воспоставена практика во сите сектори на Општината, со исклучок на Секторот за урбанизам. Резултатите од теренскиот прашалник покажуваат дека само 10,45% од испитаниците присуствувале на настан организиран од Општина Центар.

Записник од средба со претставници од Општина Центар од 30.06.2026,

Линк до Теренските прашалници користени за собирање на мислења до граѓаните:

https://forms.gle/6PfXMMztadyeFEeb8

https://forms.gle/d6WG35usoj5JX5xy7

Официјалната веб страна на Општината https://www.centar.gov.mk/

Не се реализира / стагнација
5 од 12 критериуми исполнети (42%)
Општина Центар
Организација Сојуз за родова еднаквост: Национална мрежа ЖЕНИТЕ ЗА ЖЕНИТЕ- Скопје