Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Да | Во Програмата за заштита на животната средина за 2026 година се предвидени 1.250.000 денари за субвенционирање велосипеди. Сепак, во буџетскиот план е идентификуван износ од 1.500.000 денари во рамките на општата категорија за заштита на животната средина, која опфаќа и други активности. Не е јасно од која буџетска ставка се обезбедени средствата за оваа мерка. Не е евидентиран ребаланс на буџетот. | Програма за активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Тетово за 2026 година, во која е предвидена мерка за клима-инвертери; Буџет на Општина Тетово за 2026 година, усвоен од Советот на Општина Тетово на седницата одржана на 30.12.2025 година. Програма R10; Средба со претставници на Секторот за јавни дејности и заштита на животната средина, одржана на 20.05.2026 година; Имејл од мониторинг-лицето Нарти Каса, испратено на 01.06.2026 година, со барање за појаснување на разликата помеѓу износот предвиден во Програмата и износот предвиден во Буџетот. |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Не | До крајот на извештајниот период не се идентификувани планирани или реализирани јавни набавки за оваа мерка. На средбата со општината беше истакнато дека не постојат јавни набавки поврзани со субвенционирањето на велосипеди. Останува да се појасни административната и финансиската постапка за реализација на исплатите кон корисниците. | средба со претставници на Секторот за јавни дејности и заштита на животната средина на Општина Тетово, одржана на 20.05.2026 година
|
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Не | Програмата предвидува објавување јавен повик, поднесување апликации од страна на граѓаните, проверка на документацијата од страна на комисија, теренска проверка и исплата на субвенциите. До крајот на извештајниот период не е објавен јавен повик, критериуми, рокови, образец за аплицирање ниту постапка за проверка на документацијата и теренска контрола. Нејасен останува и начинот на практично обезбедување на финансиските средства. | Веб-страница и социјални мрежи на Општина Тетово; |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Не | До крајот на периодот април–јуни 2026 година не се идентификувани конкретни активности за спроведување на оваа мерка. Не е објавен јавен повик, не е започната постапка за аплицирање, не е извршен избор на корисници, не се спроведени теренски контроли ниту се реализирани исплати на субвенции. Мерката останува предвидена во Програмата, но нејзината практична имплементација сè уште не е започната. | Веб-страница и социјални мрежи на Општина Тетово; Веб-страница на Општина Тетово Фејсбук-страница на Општина Тетово Средба со претставници на Секторот за јавни дејности и заштита на животната средина на Општина Тетово, одржана на 20.05.2026 година |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Не | До крајот на извештајниот период не се идентификувани објави посветени на субвенционирањето на велосипеди. Не се објавени информации за расположливите средства, критериумите, потребната документација, роковите или начинот на аплицирање. Соодветната Програма е обезбедена преку други извори и не е идентификувана како информација што е лесно достапна за граѓаните. | Веб-страница и социјални мрежи на Општина Тетово; Веб-страница на Општина Тетово Фејсбук-страница на Општина Тетово Средба со претставници на Секторот за јавни дејности и заштита на животната средина на Општина Тетово, одржана на 20.05.2026 година |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Не | Во текот на извештајниот период не беше доставено формално барање за слободен пристап до информации од јавен карактер во врска со оваа мерка. | Информација од проектниот тим – електронска пошта испратена на 1 јуни 2026 година, со наслов: „Барање за информации од мониторинг-тимот – Нарта Каса |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Да | Да, делумно. Општината организираше информативна средба со проектниот тим на 20.05.2026 година и потврди дека мерката е вклучена во Програмата за 2026 година. На 01.06.2026 година беше испратена електронска пошта со барање за појаснување во врска со финансиските средства, роковите и чекорите за спроведување на двете мерки. До крајот на извештајниот период не беше добиен писмен одговор на ова барање | Електронска пошта испратена на 1 јуни 2026 година, со наслов: „Барање за информации од мониторинг-тимот – Нарта Каса, |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | Не, нема информации. Во декември 2025 година, Општина Тетово објави повик за јавна расправа во врска со Буџетот за 2026 година. Со тоа беше создадена општа можност граѓаните да доставуваат предлози. Сепак, нема податоци дали субвенционирањето на велосипеди било предмет на посебна дискусија или дали предлозите на граѓаните биле земени предвид при креирањето на оваа мерка. | Информација од проектниот тим; Веб-страница и социјални мрежи на Општина Тетово. |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Не | До крајот на извештајниот период не се идентификувани барања, петиции, иницијативи или документирани предлози од граѓаните конкретно поврзани со субвенционирањето на велосипеди. Искажаниот интерес за време на активноста поврзана со велосипеди не претставува формална граѓанска иницијатива. | Информација од проектниот тим за средба со општината; Веб-страница и социјални мрежи на Општина Тетово Веб-страница на Општина Тетово Фејсбук-страница на Општина Тетово Комуникација со засегнатите страни |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Да | На 07.06.2026 година, проектниот тим учествуваше на активноста со велосипеди организирана од „Подобро за Тетово“. За време на активноста граѓаните беа информирани за мерката и беше спроведена кратка анкета. Поголемиот дел од учесниците немаа претходни информации за субвенциите, но изразија висок интерес. Најчесто поставуваното прашање се однесуваше на условите за аплицирање | Објава на организацијата; фотографии; |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | До крајот на извештајниот период не се идентификувани онлајн обрасци, платформи за аплицирање, електронски консултации или други дигитални алатки за вклучување на граѓаните во спроведувањето на мерката. Не е објавен јавен повик, поради што нема информации ниту за можност за електронско аплицирање | |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Не | Општината објави известување за средба на Градоначалникот со граѓаните на 26.06.2026 година. Сепак, нема потврдени податоци дали средбата е реализирана и дали мерката за субвенционирање велосипеди била дел од дискусијата. Поради тоа, не може да се потврди дека е одржан ден на отворена врата во врска со мерката. | Веб-страница и социјални мрежи на Општина Тетово |
