Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Да | Во Буџетот се обезбедени средства за одржување и интервенции на локалните улици. Преку договори по рамковна спогодба од 01.06.2026 во август се реализирани и фактурирани работи во Студеничани, Морани и Горно/Долно Количани; според информациите на Општината ситуациите се исплатени. | Буџет 2026; рамковна спогодба бр. 09-837/1 од 01.06.2026; два поединечни договора за интервенции; I времени ситуации – август 2026. |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Да | Постапките се реализирани преку рамковна спогодба, склучени се договори со ФЛУИД ПРОЕКТ ДОО, а за извршените работи се изготвени времени ситуации. | Рамковна спогодба бр. 09-837/1 од 01.06.2026; два поединечни договора за интервенции; I времени ситуации – август 2026. |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Да | Обезбедени се изведувач, договори, надзор и финансиски средства. Времените ситуации од август 2026 потврдуваат дека условите за извршување биле обезбедени и работите биле реализирани. | Рамковна спогодба бр. 09-837/1 од 01.06.2026; два поединечни договора за интервенции; I времени ситуации – август 2026. |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Да | Во август 2026 се реализирани конкретни интервенции: крпење ударни дупки во Студеничани и Морани, реконструкција на улица во Морани, потпорен ѕид во Горно Количани и рабници на локалниот пат кон Долно Количани. За работите се приложени времени ситуации; според информацијата од Општината, ситуациите се исплатени. | Рамковна спогодба бр. 09-837/1 од 01.06.2026; два поединечни договора за интервенции; I времени ситуации – август 2026 (Студеничани–Морани, Морани, Горно/Долно Количани); информација од Општината за исплата. |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Да | Во текот на кварталот на Facebook профилот на градоначалникот и преку општинските канали повеќепати се објавувани информации и фотографии за локалните улици, санациите и патните активности. | Facebook профил на градоначалникот и/или официјални канали на Општина Студеничани – конкретни објави за патишта, јули–септември 2026 [дополни датум и линк за 2–3 релевантни објави]. |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Не | Не се добиени информации, ниту е обезбеден документарен доказ дали во кварталот биле поднесени и одговорени Барања за информации од јавен карактер конкретно за мерката за одржување на локалните патишта. | Проектна документација и комуникација со Општината – нема обезбеден документарен доказ за БИЈК конкретно за мерката. |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Да | Општината споделувала информации за одржувањето и интервенциите преку директна комуникација со проектниот тим и преку јавни објави. Добиени се податоци за конкретни локации и извршени работи. | Службена белешка од разговор со Општина Студеничани 03-99 од 15.09.2026; договори/ситуации; |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | Не е обезбеден доказ дека во текот на кварталот граѓаните биле формално вклучени во донесување конкретни одлуки за изборот и реализацијата на интервенциите за одржување. | службена белешка 03-99 од 15.09.2026. |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Не | Во текот на кварталот не е евидентирана нова формална граѓанска иницијатива, петиција или барање за учество во одлучувањето конкретно за мерката. | Проектна документација; комуникација со Општината |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Да | На 29.09.2026 Центар за Асистенција одржа јавна средба со 28 учесници за состојбата и реализацијата на локалната патна инфраструктура во Студеничани. Се дискутираше за тековните проекти, одржувањето на локалните улици и потребата од подобра сигнализација и безбедност. Како заклучок беше истакната потребата од продолжување на реконструкцијата и одржувањето, подобра поврзаност меѓу населените места и редовно информирање на граѓаните. | Извештај од спорведена јавна средба со граѓани |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Не е утврдена посебна електронска алатка за учество на граѓаните конкретно во реализацијата на интервенциите за одржување и заштита на локалните патишта. | Веб-страница/електронски канали на Општина Студеничани; службена белешка 03-99 од 15.09.2026. |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Не | Не е обезбеден доказ дека во текот на кварталот бил организиран отворен ден на кој конкретно се дискутирало за мерката, иако постои редовен прием и директна комуникација со граѓани. | Службена белешка 03-99 од 15.09.2026; информација за прием на граѓани. |
