Финансиски индикатор – IV. Алокација или реалокација на општински ресурси по изборите поврзано со мерката која се мониторира — Гостивар

4.1 Постизборни измени во распределбата на општинскиот буџет или приоритети за финансирање, како што се значајни поместувања кои влијаат на планирани или тековни проекти Да
4.1.1 Промените се формално усвоени Да
4.1.2 Одлуките се соопштени во јавност Да
4.1.3 Дадено е образложение врз основа на оперативни, програмски и фискални потреби Не
Бр.КритериумСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
4.1Постизборни измени во распределбата на општинскиот буџет или приоритети за финансирање, како што се значајни поместувања кои влијаат на планирани или тековни проекти Да
4.1.1Промените се формално усвоени Да

Со ребалансот на Буџетот на Општина Гостивар за 2026 година, усвоен на 31.08.2026, се направени измени во распределбата на буџетските средства. Според писмениот одговор и дополнителното појаснување од страна на општината, средствата за целата Програма за еднакви можности на жените и мажите се намалени за 1.000.000 денари. Не се доставени јасни податоци како намалувањето е распределено по мерки, ниту дали и во кој износ се намалени средствата за бесплатните мамографски прегледи.

Службен гласник на Општина Гостивар бр.14 од 29.12.2025

Официјална веб-страница на Општина Гостивар: https://gostivari.gov.mk/042/mk/archives/2629

Службен гласник на Општина Гостивар бр.9 од 31.08.2026 – Решение за прогласување на Заклучок за усвојување на Ребаланс на буџетот на Општина Гостивар за 2026 година, бр.08-1963/1 од 31.08.2026.

Писмен одговор по електронска пошта од вишиот соработник за млади и спорт.

Дополнително појаснување преку телефон (30.09.2026) од од вишиот соработник за млади и спорт

4.1.2Одлуките се соопштени во јавност Да

Одлуката за усвојување на ребалансот на Буџетот за 2026 година е јавно објавена во Службен гласник на Општина Гостивар бр.9 од 31.08.2026. Гласникот е достапен на официјалната веб-страница на Општината, со датум на објава 09.09.2026.
При проверката не е пронајдена посебна информативна објава со која на граѓаните им се објаснува намалувањето на целата Програма за еднакви можности за 1.000.000 денари и неговото влијание врз мерките. Не е пронајдена ниту посебна објава за промената во финансиското учество за мамографските прегледи. Овие информации се добиени преку состанокот и дополнителната комуникација со Општината.

Службен гласник на Општина Гостивар бр.9 од 31.08.2026 – Решение за прогласување на Заклучок за усвојување на Ребаланс на буџетот на Општина Гостивар за 2026 година, бр.08-1963/1 од 31.08.2026.

Официјалната вб страна на општината и официјалната ФБ страна

Писмен одговор по електронска пошта од од вишиот соработник за млади и спорт.

Дополнително појаснување преку телефон (30.09.2026) од од вишиот соработник за млади и спорт

4.1.3Дадено е образложение врз основа на оперативни, програмски и фискални потреби Не

За намалувањето на буџетот на целата Програма за еднакви можности на жените и мажите за 1.000.000 денари не е добиено јасно образложение врз основа на оперативни, програмски или фискални потреби.Во писмениот одговор и дополнителното појаснување од Страна на оптината е потврдено намалувањето, но не се наведени причините. Не е објаснето кои програмски активности ќе бидат засегнати, како е определен износот на намалувањето и какво влијание ќе има врз реализацијата на Програмата.Јавно објавеното усвојување на ребалансот го потврдува донесувањето на буџетските измени, но не е пронајдено посебно образложение за намалувањето на оваа Програма.

Службен гласник на Општина Гостивар бр.9 од 31.08.2026 – Решение за прогласување на Заклучок за усвојување на Ребалансот на Буџетот за 2026 година; Заклучок бр.08-1963/1

Официјална веб-страница на Општина Гостивар: https://gostivari.gov.mk/042/mk/archives/2629

Писмен одговор по електронска пошта од вишиот соработник за млади и спорт од 29.09.2026.

Дополнително појаснување преку телефон (30.09.2026) од вишиот соработник за млади и спорт