Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Не | Општината нема алоцирани средства во буџетот за 2026 за реализација на мерката. | Општина Тетово: одговор на барање за пристап до информации со јавен карактер. |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Не | Општина Тетово моментално не спроведува јавни набавки ниту пак има активни повици за субвенционирање на велосипеди | ЕСЈН: Електронски систем за јавни набавки https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/Home.aspx |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Не | Нема превземено никакви активности за обезбедување предулсови поврзани за мерката. | Општина Тетово: Одговор на барање за пристап до информации со јавен карактер (емаил) |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Не | Општината нема планирано реализирање на оваа мерка во 2026. | Општина Тетово: Одговор на барање за пристап до информации со јавен карактер (емаил) |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Не | Во периодот на известување нема никакви објавени новости и информации на официјалната веб страната и социјалните медиуми на општината. | Официјална страна на Општина Тетово https://www.tetova.gov.mk/ |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Да | Општина Тетово од 2 поставени барања за пристап до информации од јавен карактер одговорила на едно од барањата. За второто доставено барање до општината на 18.09.2026 има рок до 17.10.2026 за одговор. | Тимот на организацијата „За Тетово„ |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Не | Нема достапни информации дека во текот на извештајниот период биле одржани состаноци, средби, интервјуа или други активности на кои биле споделени информации за мониторираната мерка. | Веб страна на Општина Тетово, Фејсбук профил на Општина Тетово. |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | Во врска со реализација на мерката што ја мониторираме не се одржани формални консултации и средби со граѓани ниту пак имаме информација дали граѓаните биле консултирани. | Веб страна на Општина Тетово, Фејсбук профил на Општина Тетово. |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Не | Нема достапни информации дека во текот на извештајниот период граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мониторираната мерка преку барања, петиции, граѓански иницијативи или други форми на учество. | Тимот на организацијата „За Тетово„ |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Да | Не се организирани јавни собири, дебати или форуми од страна на Општинските органи во текот на извештајниот период. ЗЗТ За Тетово на 27.09.2026 организираше јавен собир како јавен настан со организирано слободно возење со велосипед на организирана рута во градот, каде што официјално беа поканети сите советници на Општина Тетово, за да дискутираат со граѓаните во врска со мониторираната мерка и да споделат информации за планирани активности или иницијатива која ќе се превземе во иднина за субвенционирање на велосипеди како една од мерките за животна средина во програмата на општината за животна средина за 2026. Беше интервјуиран само еден присутен Советник на Општина Тетово. | ЗЗТ За Тетово: https://www.facebook.com/share/p/1BxQjm4hZt/ https://www.facebook.com/share/p/1Dh6ZcVA3B/ |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Во текот на извештајниот период не е евидентирана можност за електронско учество на граѓаните (преку веб-страница, електронски обрасци, мобилни апликации или други дигитални алатки) во врска со мерката што е предмет на мониторинг. Поради тоа, не се реализирани електронски консултации или други форми на учество на граѓаните за оваа мерка. | Тимот на прганизацијата „За Тетово„ |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Не | Нема информација за реализиран отворен ден на кој што се дискутирално за мониторираната мерка. | Тимот на прганизацијата „За Тетово„ |
