Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Да | Издвоени се конкретни средства во износ од 60.000.000 денари. Советот на Општина Прилеп на 6-тата седница (одржана на 30.12.2025 година) официјално го усвои Буџетот за 2026 година, кој изнесува 2.472.428.114 денари. Средствата се јасно алоцирани согласно називот и описот на мерката. | Службен гласник бр. 21 од 30.12.2025 https://www.prilep.gov.mk/sluzhben-glasnik-br-21-od-30-12-2025/ ; Програми за работа на ЈКП Комуналец за 2026 година https://komunalecprilep.com.mk/programi-za-rabota/ |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Да | Во планот за јавни набавки на ЈКП Комуналец има предвидено 3 набавки кои се дел од предметот на мониторирање. Набавките се за: Сукцесивна набвка на пластични канти за смет за домаќинства, Сукцесивна набавка на полуподземни контејнери и Сукцесивна набавка на метални контејери од 1,1 и 5 м3. 2. Во извештајниот период има објава на јавни огласи од општина Прилеп за Поставување на урбана опрема – полуподземни контењери. Проценета вредност без ДДВ: 15.269.832,20 мкд. Јавната набавка е објавена | План за јавни набавки на ЈКП Комуналец и на општина Прилеп: https://komunalecprilep.com.mk/planirani-nabavki/ , https://www.prilep.gov.mk/e-uslugi/javni-nabavki/ |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Да | Во изработка е техничка документација и микро-лоцирање на местата каде што ќе се поставуваат полуподземните контејнери во урбаните средини и на Изработка на геопросторна анализа/студија за постојната покриеност и мапирање на новите оптимизирани рути во урбаните и руралните средини | Програма за инвестиции за 2026 година на ЈКП Комуналец Прилеп https://komunalecprilep.com.mk/wp-content/uploads/2026/02/programa-investicii-2026.pdf |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Да | Да, се спроведуваат конкретни активности на терен во врска со мерката за подобрување на системот за собирање на комунален отпад - Скенирање на состојбата во руралните средини: Стручни тимови од ЈКП „Комуналец“ излегоа на терен за проценка и утврдување на дефицитот од канти за отпад и планирање на проширувањето на опфатот во населените места; Ширење на мрежата за селекција: Воспоставени се 54 нови локации и дополнителни точки за селектирање отпад (како стаклена амбалажа и сув отпад) за подобрување на ефикасноста и олеснување на пристапот за граѓаните; Теренски активости и кампањи: Спроведување на кампањата „Чисто е убаво“ за подобрување на распоредот и редовноста на собирањето отпад низ градските реони и руралните средини. | |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Да | Двете институции имаат активни официјални веб-страници. ЈКП „Комуналец“ – Прилеп одржува активна Фејсбук (Facebook) страница каде редовно и тековно ја информира јавноста за своите активности. На социјалните мрежи (Фејсбук) објавите од ЈКП „Комуналец“ се на двневна основа. На официјалната веб-страница на Општина Прилеп објавите се поретки. Објавите во овој квартал се фокусирани на новата кампања - 60 дена - Чисто е убаво. | |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Не | Во овој квартал не е испратено Барање за информации од јавен карактер за конкретната мерка. Воедно, до моментот на добивање на информациите, во општината нема пристигнато ниту едно барање од други лица поврзано со мерката | Разговор со лицето одговорно за оваа област на ден 15.09.2026 година |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Да | Официјална изјава на градоначалникот на Прилеп на 4 септември каде Прилеп и ЈКП Комуналец беа домаќини на општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Илинден и Струмица и црпеа добри практики за управување со отпад на локално ниво и воспоставување на систем за примарна и секундарна селекција на отпад; Официјално соопштение од градоначалникот на општина Прилеп за најновото истражување на Пакомак каде се наведува дека 49% од граѓаните на Прилеп селектираат отпад за рециклирање на 3 септември 2026 | https://www.facebook.com/komunalecprilep/posts/pfbid02G1V3SUyX6bckLa674QZ7LfZH3GmbkVXZiwgbYRNFk4g7W9XQQugNAtewbmPkugR9l?rdid=OaCgXMo6hZhputv0# https://www.facebook.com/ProdanoskiDejan/posts/pfbid02mSf21MMPXmYjMz55LxADwtGPeYxZTEF3ENhcnEi79HupUkJ7GDWsQArbMPtSRqGQl?rdid=PUluaJZt9tUck9vG# |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | Во овој квартал нема формални консултации и средби со граѓани. На состанокот со раковидителката на ЈКП Комуналец Прилеп како евентуални причини зошто граѓаните сеуште не се вклучени, беше наведено дека процесот е сеуште во подготвителна фаза и засега нема потреба од консултации. Дополнително беше наведено дека во делот со мерката собирање на комуналениот отпад, ЈКП Комуналец следи и на социјалните мрежи дописи и објави на граѓаните и постапува согласно наведените информации, иако не се дел од редовниот план за собирање на комунален отпад. | Директна средба со директорот на ЈКП Комуналец Прилеп на 15.09.2026 година |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Да | На 11 јули доставено е барање од група граѓани преку Мој Прилеп и организирана е заедничка работна акција за собирање и подигање на отпад. На 16 јули има објава од граѓанка на општина Прилеп преку фб профил, по што истата е спроведена. Граѓаните на Прилеп масовно го користат својот глас во дигиталниот простор за да влијаат врз подобрувањето на комуналните услуги: има чести објави за претрупани локации на Facebook групи (како „Мој Прилеп“, и слични профили)каде граѓаните речиси секојдневно објавуваат фотографии и видео-записи од конкретни микро-локации во градот и приградските населби каде контејнерите се претрупани со отпад или каде се создаваат мини диви депонии. Преку овие објави, граѓаните самите вршат дигитална мобилизација и притисок, директно тагнувајќи ги официјалните профили на општината и ЈКП „Комуналец“ за да укажат каде системот на собирање затајува (проблеми со редовноста и капацитетот). | https://www.facebook.com/mojotprilep/posts/pfbid013bKm6zin4CXwWYmVQP9NjcyCumFtsMtbz9Adm5buULqLKdFZAp421WmTFEqXcjgl?rdid=wHA8C2qESHlIeXjp# https://www.facebook.com/groups/198782505385013/permalink/1506183584644892/?rdid=yhsmq703QLdyZ03m# |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Да | На 26.07.2026 година се одржа теренска средба на која учествуваа 20 лица. Учесниците беа млади лица од 18-29 години. На средбата се разговараше за мерката, односно за редовнаста на собирање на комунален отпад, територијална покриеност и ефикасност на услугите во Прилеп. Дополнително, во извештајниот период беа организирани и две јавни кампањи во Прилеп на 16.08.2026 и на 17.09.2026 година. На настаните беше промовиран QR код. Граѓаните сликаа слики од депонии и отпад и со скенирање на кодот, истите ги прикачуваа. На јавните кампањи учествуваа над 250 лица. | https://radiopela.mk/73431/ |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Да | Општина Прилеп има можност на официјалната веб страна да се пријави проблем за мерката | |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Да | Во општина Прилеп секој четврток е отворен ден за средба со граѓани. Нема конкретен отворен ден за мерката за собирање на комунален отпад - редовност, територијална покриеност и ефикасност на услугите. Во просек има по 15-20 граѓани на отворените денови. Во ЈКП Комуналец почнувајќи од јули 2026, секој ден е отворен ден за граѓаните. Граѓаните и претставниците на заедниците пријавиле конкретни локации каде има недостиг од канти за отпад (особено во приградските и руралните населби) . Барањата за нови канти поднесени од жителите на руралните средини биле земени предвид од стручните тимови на ЈКП „Комуналец“ кои моментално го вршат теренското скенирање. Тие локации се вметнати во планот за приоритетна дистрибуција на новите 8.318 канти пристигнати од ЕБРД/SECO програмата. | |
