Отворање и опремување на Младински центар во општина Делчево

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Да

Предвидени се 330 000 мкд за оваа година. Од овие средства секој месец се префрлаат по 25 000 мкд. Центарот е опремен со елементарна опрема и е во функција. Досега на име на НВО се префрлени 150 000 мкд.

Информацијата е добиена од Локалната Самоуправа преку барање од Слободен пристап до информации од Јавен Карактер. Исто така Организација ЖЕНА која раоводи со младинскиот центар даде писмена изјава дека средствата редовно пристигнуваат се исплаќаат на лицето кое е Координатор на Центарот

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Не

Општината нема спроведено постапка за јавна набавка и центарот за јавни набавки и општи работи не располага со никаква документација. Не се планирани јавни набавки за центарот во овој период. Проверен е и годишниот план за јавни набавки каде не се гледа таква набавка.

Проверено во Системот за Јавни Набавки

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да

Обезбеден е простор, набавена е опрема, издвоени се средства во буџетот, избрана е НВО и Координатор на центарот

Слики од просторот , квартални извештаи и физичка посета на просторот

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Да

Обезбедена е основна опрема а сега се бараат донации за да се доосовремени, односно се побаруваат средства за смарт табла, проектор, 20 столици и мебел.

Поднесена е Апликација во Државната Лотарија, разговор со вработен во општината и невладина организација

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Да

Најмалку еднаш во 3 месеци општината објавува прилози за Младинскиот Центар. Објавите овој квартал биле за општинската седница за младински прашања.

Веб страната на општината и фејсбук страната на Младинскиот Центар https://www.delcevo.gov.mk/ https://www.facebook.com/p/%D0%9C%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2%D0%BE-61587258279290/

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Да

Добиваме одговори на сите доставени барања до Општината Делчево

Одговори на барања за информации од јавен карактер

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Да

Редовно сме во Комуникација, имаме состаноци и Локалната самоуправа редовно одговара на Барањата за Информации од Јавен Карактер. Евротинк одржа двете средби со младинскиот совет и членовите на младинското собрание, но и на сите други средби покрај предизвиците на младите секогаш се споменувал младинскиот центар.

Слики, записници, листа на присутни од средбите

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Да

Младите учествуваа на Општински Совет. Младите споделуваа дека треба да продолжи да функционира младинскиот центар и дека е даден предлог да се направи и регионален младински центар за поголема организација на младите. Исто така, во рамки на младинскиот центар функцонира и кариерно советување.

Слики од настаните, листа на присутни, објави на фејсбук //www.facebook.com/reel/1491196879734968 https://www.facebook.com/DelcevoDenes/posts/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D1%98%D0%B0-%D1%83%D1%87%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%B8-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8-/1518481136972988/

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Да

Младинскиот Совет беше иницијатор за реализација на Општински Совет наменет за младински прашања. Седницата се одржа на 18 Септември . На седницата беа адресирани повеќе прашања до раководителите на Институциите во делот на вработувањето, беа поставени прашања за функционирање и збогатување на активностите во Младинскиот центар. Заклучок е да се зајакне комуникацијата помеѓу младите и институциите преку почести средби и повеќе политики насочени кон младите.

Слики, објави на ФБ https://www.facebook.com/DelcevoDenes/posts/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D1%98%D0%B0-%D1%83%D1%87%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%B8-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8-/1518481136972988/

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Да

Во периодот на известување младите беа дел од Седницата посветена на младите, која беше претходно спомената

Слики, фб објави https://www.facebook.com/DelcevoDenes/posts/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D1%98%D0%B0-%D1%83%D1%87%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%B8-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8-/1518481136972988/

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Нема услови за дигитални комуникации бидејќи не е во функција алатката Смарт Делчево. Тоа лично го имаме искусено како проектен тим, директно а и во комуникација со службеник од општината бидејќи закупиле толкав простор.

Проектен тим

3.3.3Отворени денови на општината Да

Јавно е објавено дека има денови за средба со Градоначалникот и службите. Оваа информација е објавена на вратата на Информативниот Центар и Портирницата на Локалната Самоуправа.

Јавно објавено соопштение во Информативниот центар

Се спроведуваат активности
Општина Делчево
Организација Здружение на граѓани за истражување, анализа и креирање политики „Евротинк – Центар за европски стратегии“ - Скопје
Финансиски индикатор (општина) Отвори