Изградба на нов систем за улично осветлување и замени на стари светилки во општина Вевчани

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Да

Во буџетот на општина Вевчани за 2026 година планирани се средства за оваа намена во програма J30 — ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ во износ од 1.700.000,00
денари за трошоци за електрична енергија за јавно осветлување и набавка на материјали за одржување на улично осветлување и во програма ЈАО – ИЗГРАДБА НА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
во износ од 2.250.000,00 денари за набавка транспорт и монтажа на нови канделабри и за реализација на градежни работи за реконструкција на јавно осветлување во локалитетот Вевчански извор

Решение бр. 03-384/3 од 28.04.2026 година, донесена од Овластено службено лице за посредување
со информации од јавен карактер на
општина Вевчани.

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Да

Во Годишниот план за јавни набавки за 2026 планирана е и спроведена е постапка за доделување
на договор за јавна набавка на материјали за одржување на улично осветлување и склучен е
договор за јавна набавка со избраниот најповолен понудувач, Друштво за производство, трговија и услуги „ДУЕЛМА ПРО“ ДООЕЛ Охрид.
Во Годишниот план за јавни набавки за 2026 планирана е и спроведена е постапка за доделување
на договор за јавна набавка на стоки – набавка, транспорт и монтажа на канделабри и склучен е
договор за јавна набавка со избраниот најповолен понудувач.

Решение бр. 03-384/3 од 28.04.2026 година, донесена од Овластено службено лице за посредување
со информации од јавен карактер на
општина Вевчани

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да

Предусловите за реализација на мерката се исполнети. Мерката е предвидена во Програма за финансирање на изградба и одржување на објектите од комуналната инфраструктура во Општина Вевчани за 2026 година бр. 08-56/21 од 25.12.2025 год, обезбедени се буџетски средства, а во Годишниот план за јавни набавки се спроведени постапки и се склучени договори за јавна набавка. Измената на старите светилки со нови се реализираа според процедурата опишана - за стоки.

Програма за финансирање на изградба и одржување на објектите од комуналната инфраструктура во Општина Вевчани за 2026 година бр. 08-56/21 од 25.12.2025 год.

Одлука за усвојување Записник од 4-та сeдница на Совет на Општина Вевчани одржана на 25.12.2025 година бр.08-8/3 од 12.03.2026.

Буџет на Општина Вевчани за 2026 година (Службен гласник бр. 14/2025);

Одговор на Барање за информации од јавен карактер под, Решение бр. 08-384/3 од 28.04.2026,

Годишен план за јавни набавки за 2026 година, Датум на првична објава на ЕСЈН 08.01.2026, Датум на објава на верзија 08.01.2026 12:45.

Програма за финансирање на објектите од комуналната инфраструктура за 2026 година бр. 08-56/21 од 25.12.2025 год.

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Да

Започнати се активности за реализација на мерката согласно Програмата за 2026 година. Активностите опфаќаат одржување на постојното јавно осветлување и реконструкција на дел од системот преку поставување на нови канделабри. Реализацијата е во согласност со предвидените активности во Програмата и обезбедените буџетски средства. Не се доставени податоци за други реализирани активности во овој период. Исплатени се околу 150.000 ден за набавка на материјали за одржување на улично осветлување.

Наведено е во Решение бр. 03-384/3 од 28.04.2026 година, донесена од Овластено службено лице за посредување
со информации од јавен карактер на
општина Вевчани

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Да

Пронајден е пост од страна на Градоначалникот на Општина Вевчани, објавен во неговата Фејсбук страница. Објавата се однесува конкретно за мерката и се известува за градежни работи на локацијата во кои влегува и поставување на канделабри.

https://www.facebook.com/share/p/1GnyqUfZbd/ 

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Да

За вториот квартал, доставено едно Барање од проектниот тим до општина Вевчан (во електронска форма) на 27.08.2026 година. Општината одговори навремено (по претходна комуникација) на 31.08.2026, на електронска форма како што е побарано. Општината не наплатила за дадените информации.

Решение бр. 03-384/3 од 28.04.2026 година, донесена од Овластено службено лице за посредување
со информации од јавен карактер на
општина Вевчани

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Да

Oпштината информира за текот на реализација на мерката. Проектниот тим контактираше со вработени во општината. Исто така, по претходна комнуикација во рекорден временски рок сме добиен е одговор за потребните информации по барањето.

Решение бр. 03-384/3 од 28.04.2026 година, донесена од Овластено службено лице за посредување
со информации од јавен карактер на
општина Вевчани.

Телефонски разговор со секретар на општината,месец август 2026.
"https://www.ora24.tv/kab-struga-vazhdon-monitorimin-e-premtimeve-zgjedhore/https://

http://www.ora24.tv/kab-struga-vazhdon-monitorimin-e-premtimeve-zgjedhore/"

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Не

Во текот на вториот квартал не се евидентирани формални консултации организирани од Општина Вевчани поврзани со оваа мерка.
Не се одржани јавни расправи или други форми на консултации со граѓаните од страна на Општината. Нема податоци за заклучоци или ставови на граѓаните кои произлегле од официјални консултации организирани од Општината. Не може да се утврди дали ставовите на граѓаните биле вклучени во понатамошните одлуки, бидејќи не се спроведени формални консултации од страна на Општината.

Телефонски разговор со вработена во Општина Вевчани, со тек.секретар.

 

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Не

Во текот на кварталот не се евидентирани активности за учество на граѓаните/ Нема податоци за заклучоци или ставови на граѓаните кои произлегле од официјални консултации организирани од Општината.

Телефонски разговор со техничкиот секретар на Општина Вевчани

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Да

Во текот вториот квартал КАБ Струга иницираше и организираше една дебата со млади поврзано со мерката со цел споделување на податоци со младите и дебатирање по мерката. Настанот се одржа на 23.09.2026 година и на неа учествуваа вкупно 20 учесници, 14 м-пол,6 ж-пол,13 од 18 до 29 години, 7 над 30 години возраст.
Темата на дебатата беше реализацијата на мерката за јавно осветлување, транспарентноста, размената на информации и учеството на засегнатите страни. Од дебатата произлегоа заклучоци поврзано со потребата од подобра информираност на јавноста, континуирана соработка со Општината и редовно следење на реализацијата на мерката.

https://www.ora24.tv/kab-struga-ne-terren-deponite-e-egra-ne-struge-dhe-ndricimi-publik-ne-vevcan-ne-fokus-te-monitorimit-qytetar/

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Во текот на кварталот не беше овозможено електронско учество на граѓаните за оваа мерка. Не се користени електронски алатки, како веб-страница, електронски обрасци или мобилни апликации. Нема податоци за граѓани кои учествувале преку електронски форми.
Не е спроведена електронска консултација за мерката. Не се добиени информации преку електронско учество, бидејќи не биле обезбедени вакви можности во анализираниот период.

Conversation with Municipality of Vevchani staff
Information provided by the project team

3.3.3Отворени денови на општината Не

Во текот на вториот квартал не се организирани отворени денови од страна на Општина Вевчани поврзани со мерката. Нема податоци за реализирани отворени денови, учество на граѓани или дискусии за мерката во ваков формат. Нема исход или заклучоци, бидејќи не биле организирани отворени денови од страна на Општината во анализираниот период.

Разговор со вработените во Општина Вевчани

Информација од проектниот тим

Се спроведуваат активности
Општина Вевчани
Организација Здружение Планинарски спортски клуб „КAБ Струга 2017“
Финансиски индикатор (општина) Отвори