Хумано управување со бездомните кучиња во општина Кичево

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Да

Во Буџетот на Општина Кичево за 2026 година, во потпрограмата JL0 – Други комунални услуги (капитални расходи), предвидени се 5.050.000 денари, а во Граѓанскиот буџет како планирана активност е наведена и изградбата на прифатилиште за кучиња скитници. Согласно Извештајот за извршување на Буџетот за јануари–јуни 2026 година и со ребалансот на Буџетот за 2026 година, износот во JL0 останува непроменет – 5.050.000 денари, односно не е евидентирано намалување или пренамена на средствата.

Буџет на Општина Кичево за 2026 година

Граѓански буџет за 2026 година

Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Кичево за 2026 година (ребаланс)

Извештај за извршување на буџетот на општина Кичево за период јануари-јуни 2026.

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Да

Во периодот јули–септември е објавен оглас бр. 14879/2026 за изработка на урбанистички планови со ревизија, без конкретно наведување на прифатилиштето. Постапката бр. 11097/2026 за заловување и стручен третман на кучиња е поништена заради тоа што тендерската документација содржела битни пропусти или недостатоци, а повторената постапка бр. 13937/2026, со вредност од 1.200.000 денари без ДДВ, е завршена со склучување рамковна спогодба со избран понудувач на 14.09.2026 год. Друштво за ветеринарни дејности, трговија и услуги ЗЕБРА ВЕТЕРИНА увоз-извоз ДОО Демир Хисар е избран за најповолен понудувач.

Годишен план за јавни набавки на Општина Кичево за 2026 година

ЕСЈН – оглас бр. 14879/2026 и тендерска документација

ЕСЈН – оглас бр. 13937/2026

Поништување на постапка бр. 11097/2026

РАМКОВНА СПОГОДБА
за Заловување и стручен третман на
кучиња скитници и нерегистрирани
кучиња на територија на Општина
Кичево

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да

Во првиот квартал како клучни предуслови за реализација на мерката беа идентификувани обезбедувањето буџетски средства, изборот на локација, изработката на проектната документација и обезбедувањето на потребните согласности, одобренија и дозволи. Според информациите од Општината, проектната задача е завршена, а проектната документација е во завршна фаза. Во оваа фаза не се достапни конкретни информации за видот на потребните согласности, одобренија и дозволи. Ова прашање ќе биде предмет на дополнително следење во наредниот квартал, со цел да се утврди кои административни постапки преостануваат и дали тие влијаат врз динамиката на реализација на мерката.

Буџет на општина Кичево 2026 год.

Граѓански Буџет 2026 год.

Ребаланс на буџет 2026 год.

Извештај за извршување на буџетот за 2026 год (јануари-јуни 2026)

Усна информација од претставници од општина Кичево / Извештај од тркалезна маса на ден 29.09.2026 година.

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Не

Во тековниот период продолжуваат подготвителните активности за реализација на мерката. Според информациите од Општината, проектната задача е завршена, а проектната документација е во завршна фаза. Сè уште не се евидентирани теренски или градежни активности на избраната локација, односно фактичката изградба на прифатилиштето не е започната. Согласно буџетскиот извештај, до 30.06.2026 година нема реализација на средствата предвидени во потпрограмата ЈЛ - „Други комунални услуги“, во износ од 5.050.000 денари, планирани во рамки на ставката 482 - „Други градежни објекти“. Тоа значи дека до крајот на вториот квартал не се евидентирани расходи од средствата предвидени за оваа капитална инвестиција.

Усна информација од преставници од Општина Кичево / Извештај од тркалезна маса на ден 29.09.2026 година.

Анализа на веб-страната на Општина Кичево

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Не

Во тековниот период не се евидентирани објави на официјалната веб-страница или социјалните медиуми на Општина Кичево за напредокот во реализацијата на мерката, односно за проектната документација и планираната изградба на прифатилиштето. Информациите за тековната фаза се добиени преку директна комуникација со претставници на Општината, но не се идентификувани како јавно објавени информации на официјалните комуникациски канали.

Анализа на официјалната веб-страница и социјалните медиуми на Општина Кичево

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Не

Општина Кичево редовно постапува по барања за пристап до информации од јавен карактер, но за мониторираната мерка конкретно, во тековниот квартал немаме информации бидејќи не е поднесено ново барање до Општината од страна на проектниот тим. Барање поврзано со мониторираната мерка е доставено до ЈКП Комунална хигиена, но до завршувањето на периодот на мониторинг не е добиен одговор.

Проектен тим

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Да

Во тековниот квартал претставници на Општина Кичево споделуваа информации за мерката преку директна средба со мониторинг тимот, учество на тркалезна маса и снимено интервју за потребите на проектот, кое беше објавено на социјалните мрежи. Во рамки на овие активности беа споделени информации за тековната фаза на реализација на мерката и понатамошните чекори за изградба на прифатилиштето.

Записник/белешки од средбата со Општина Кичево; агенда и материјали од тркалезната маса; снимено интервју со претставник на Општина Кичево и објава на социјалните мрежи.

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Не

Во тековниот квартал се одржуваа форуми во заедницата со учество на граѓани. Според информација добиена од модераторот, проблемот со бездомните кучиња бил посочен како еден од горливите проблеми во општината, но не бил избран како приоритетен предлог-проект. Оттука, граѓаните учествувале во поширок консултативен процес, но не и во донесување конкретни одлуки за реализација на мониторираната мерка.

Официјални објави на Општина Кичево за форумските сесии; директен разговор со модераторот на форумскиот процес.

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Не

Во тековниот квартал преку достапните извори не се евидентирани конкретни граѓански иницијативи, петиции или барања за консултации поврзани со реализацијата на мерката. На форумите во заедницата проблемот со бездомните кучиња бил посочен како горлив локален проблем, но не бил избран како приоритетен предлог-проект. Дополнителни информации за евентуални иницијативи поднесени директно до Општината не беа побарани во тековниот квартал.

Анализа на јавно достапни информации на веб страница на општина Кичево

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Да

Во тековниот квартал, во рамки на проектот, беше организирана тркалезна маса „Локални мерки за хуман третман на бездомните животни во Кичево: предизвици и следни чекори“, со учество на претставници на Општина Кичево и други релевантни засегнати страни. На настанот беа презентирани наодите од мониторингот и се дискутираше за досегашните активности за реализација на мерката, состојбата со проектната документација, предизвиците и следните чекори за изградба на прифатилиштето. Претставниците на Општината споделија информации за тековната фаза на реализација, а учесниците имаа можност да дискутираат и да дадат свои согледувања за понатамошното спроведување на мерката.

Агенда од тркалезната маса; листа на учесници; записник/белешки од одржаната тркалезна маса; фотографии и објави од настанот на социјалните медиуми;

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Општина Кичево обезбедува општи електронски услуги и можност за преземање обрасци преку својата веб-страница, вклучително и образец поврзан со надомест на штета од каснување од бездомни кучиња. Достапна е и електронската можност „Пишете му на Градоначалникот“. Сепак, не е евидентирана посебна електронска алатка преку која граѓаните можат да учествуваат во планирањето или реализацијата на изградбата на прифатилиштето

Анализа на официјалната веб-страница на Општина Кичево – електронски услуги и достапни обрасци.

3.3.3Отворени денови на општината Не

Во тековниот квартал не се евидентирани отворени денови организирани од Општина Кичево конкретно за мониторираната мерка, ниту отворени денови на општи теми во чии рамки била разгледувана изградбата на прифатилиштето за бездомни кучиња. Во периодот се реализирани други форми на комуникација и јавен дијалог поврзани со мерката, но тие не претставуваат отворени денови во смисла на овој индикатор.

Анализа на официјалната веб-страница и социјалните медиуми на Општина Кичево; Усна информација од преставници од Општина Кичево / Извештај од тркалезна маса на ден 29.09.2026 година.

Стагнација
Општина Кичево
Организација Здружение за меѓународна младинска соработка „ИНТЕРАКТИВ“ – Битола
Финансиски индикатор (општина) Отвори