Рецептот за позитивен исчекор во новинарството, покрај тешките предизвици и соочувањето со неправдите, но и улогата на жените во донесувањето на политичките одлуки или на кое било поле го прикажува Мигена Горенца.
Taa e главен уредник на Вториот канал на албански јазик во јавниот сервис МТВ и според неа за жал, практиката покажува дека „експертиза“ најмногу се бара од машки експерти, додека жените и понатаму од медиумски остануваат во сенка.
Таа зборува дека по ова прашање не прават исклучок ниту јавниот сервис ниту приватните медиуми, а тоа јасно се гледа во информативните изданија каде преовладуваат машките мислења.
Колку медиумите кај нас, особено јавниот сервис игра важна улога во поддршка на балансираното учество на жените во донесување на политички и јавни одлуки?
Горенца: Медиумите треба да играат важна улога во поддршката на балансираното учество на жените во политичките одлуки или на кое било поле. За жал, практиката покажува дека „експертиза“ најмногу се бара од машки експерти, додека жените и понатаму од медиумски аспект остануваат во сенка. Тука не прави исклучок ниту јавниот сервис ниту приватните медиуми, а тоа јасно се гледа во информативните изданија каде преовладуваат машките мислења, а истото се случува во најголем број случаи во телевизиските дебати, каде “јаки теми” ретко се зема мислењето на експертите жени, додека жените најмногу се вклучени во медиумите доколку настанот/темата главно се однесува на посуптилни работи.
Едуцирате ли како јавен сервис втора програма за важноста на уеството на жената во општествено-политичкиот живот?
Горенца: Декларативно, сите се залагаме за еднаквост, дури и во родовото вклучување на критичко размислување или во однос на експертите. Всушност, МТВ 2 нема некоја конкретна емисија која би била посветена на достигнувањата на жените, но се трудиме да ја одржиме родовата рамнотежата во сегашните емисии, се додека тоа е можно.
Во вашата секојдневна работа колку е балансирано учеството и интересите на жената?
Горенца: Не е секогаш можно да се одржи родовата еднаквост, особено кога станува збор за новинарски прилози во информативната редакцијата. Процентите покажуваат дека мислењата на машките експерти повеќе се одразуваат на екранот. Како што кажав погоре, освен кога на прес-конференции се појавуваат политичарки, или бидејќи сега е поактуелно, обвинителството во последните години се смени во корист на дамите и родовото балансирање на жените во оваа област се повеќе стануваат дел од медиумското известување. Во други случаи, мислење на жените, обично се зема повеќе за теми поврзани со животната средина, социјални прашања или слично, односно за теми за кои се смета дека се повеќе „за жените“.
Во медиумите се емитуваат ли позитивни примери на женски активизам и политичко учество и зошто се потребни спроед вас?
Горенца: МТВ 2 дава се од себе, особено во емисијата „Мотив“, како лајтмотив ни е што почесто да ги пренесува достигнувањата на жените во повеќе сфери од животот. Но, генерално недостасува медиумски простор за политичкиот активизам на жените, кои за волја на вистината и партиите ги изнесуваат како фронтмени, само кога има вжештени политички ситуации, веројатно за смирување на ситуацијата.
Се грижиме ли за родова еднаквост и недискриминација?
Горенца: Недоволно. Се разбира, никој не го дискриминира мислењето на политичарките или експертките, но од почетокот, кога се мисли да се добие конкретна експертиза за одреден настан, првите имиња на списокот на експерти што ги има секоја редакција, главно припаѓаат на машки пол.
Во медиумите колку се говори за проекти во заедницата, иницирани и водени од жени?
Горенца: Во овој поглед, женскиот глас е погласен. Можеби затоа што кога се зборува за проекти во корист на заедницата, се тврди дека жените, бидејќи се способни да ги водат своите семејства, се способни и пологично да размислуваат и за заедницата. А кога станува збор за вакви проекти, секако првите експерти кои ни паѓаат на памет да разговараат за ваков проблем, се жените. Затоа и претходно истакнав, но и во медиумите, можеби ненамерно, во потсвеста, се уште постои мислење дека има машки прашања и женски прашања и секој треба да го задржи „местото што му припаѓа“.
Треба ли да се зголеми културно-забавната програма, како на пример филмови, документарци… за подигнување на свеста за важноста на активно учество на жените?
Горенца: Се разбира да. Како што кажав и во Приштина на меѓународна конференција пред извесно време, ако жените се способни да ги едуцираат своите деца, а со тоа да влијаат да имаме добро едуцирано општество, оваа нивна улога дефинитивно треба да биде препознаена од медиумите и преку медиумите и од општеството. Мислам дека моментално жените се вреднуваат многу помалку отколку што заслужуваат. Специфичните емисии веројатно би влијаеле работите да се променат.
На кој начин медиумите можат да помогнат во искоренување на негативните ставови кон политичкото и граѓанското учество на жените?
Горенца: Прво, со целосна контрола на медиумските содржини, особено на лажни или нарачани вести (особено на портали или социјални платформи) кои имаат за цел да ја намалат и девалвираат вистинската улога на жената во општеството, особено во учеството на жените во политиката. Ставајќи знак на еднаквост за родовата еднаквост на сите вклучени кои даваат експертско мислење за сите прашања. И несомнено преку јавното објавување на многуте успешни примери, на оние илјадници жени кај нас, кои немаат свое „место“ само во кујната, туку знаат да водат големи политики, да водат успешни претпријатија, да даваат судски одлуки без влијае, да спасат животи на луѓе и зошто да не, да бидат домаќинки и да одгледуваат успешни деца, кои утре ќе ја направат цела држава горда на нив.
Рецептот за позитивен исчекор во новинарството, покрај тешките предизвици и соочувањето со неправдите, но и улогата на жените во донесувањето на политичките одлуки или на кое било поле го прикажува Мигена Горенца.
Taa e главен уредник на Вториот канал на албански јазик во јавниот сервис МТВ и според неа за жал, практиката покажува дека „експертиза“ најмногу се бара од машки експерти, додека жените и понатаму од медиумски остануваат во сенка.
Таа зборува дека по ова прашање не прават исклучок ниту јавниот сервис ниту приватните медиуми, а тоа јасно се гледа во информативните изданија каде преовладуваат машките мислења.