Поддршка за поинклузивна и побезбедна политичка средина

Настани, Политички Партии

Изминатата недела реализиравме серија работилници со повеќе политички партии, насочени кон зајакнување на капацитетите на партиите за превенција и справување со насилство врз жените во политиката и во изборниот процес.

Преку дискусија и размена на искуства и идеи, учесничките и учесниците работеа на подобро разбирање на оваа појава, унапредување на внатрешните механизми во партиите за поддршка и заштита, како и можностите за зајакнување на соработката помеѓу партиите за поефикасно делување.

Насилството врз жените во политиката не е личен проблем на поединечна жена, туку општествен предизвик што влијае врз демократските процеси и квалитетот на јавниот живот. Затоа, без разлика на големината или политичката моќ на партијата, одговорноста за спречување и соодветно постапување по случаи на насилство врз жените во политиката е заедничка обврска на сите политички актери.

Заеднички се стремиме кон градење на политичка култура без насилство и со еднакви можности за сите.

Галерија