Мобилизатори на заедницата – Почеток на модулот II


Големина на фонт

Поради пандемијата со вирусот КОВИД-19 и забраната за физички собирања моравме да одложиме дел од активностите, но проектниот тим брзо се прилагоди на новонастанатата ситуација и спремни сме проектните активности да ги имплементираме онлајн.

Во текот на мај и јуни, мобилизаторите на заедницата ќе поминат на неколку онлајн обуки со цел да го зголемат знаењето за тоа како се врши мониторинг на спроведувањето на програмите на политичките партии и утврдување на она што е (не)остварено, а ветено во политичките програми.

Мобилизаторите на заедницата ќе ги зголемат своите компетенции и ќе ја разберат важноста од мобилизирање на локалните заедници во процесот на барање на одговорност од политичките партии за нивните ветувања. Тие ќе бидат опремени со вештини за тоа како да ги мобилизираат локалните заедници.

Како дел од нивните активности за мобилизирање на заедниците, мобилизатори ќе спроведат и т.н. дигитални дискусии со пошироката заедница, при што ќе го информираат локалното население за плановите за набљудување на владините перформанси и мерките за време на вонредната состојба предизвикана од вирусот COVID-19 во некои од следните области: економија и невработеност, образование, здравство и човекови права и ранливи групи.

КОГА

од: 08-05-2020 17:00

до: 08-05-2020 19:00

КАДЕ

Галерија

Останати настани

Интерактив-Битола: Тркалезна маса во Битола

Мобилизатори на заедницата

19-06-2026

Собир на алумнисти на Академијата за јавни политики - Пет генерации, една мрежа

Мобилизатори на заедницата

12-06-2026

НМЗЗ – Жените за жените: Активности на „Reality Check Board“ во Скопје

Мобилизатори на заедницата

08-06-2026