Работилница за членови на политичката партија Левица: Паметна опозиција – Мобилизација, градење алтернативи и влијателно локално дејствување


Големина на фонт

Во заедничка организација на Левица и ИФЕС, на 18 и 19 јуни во Скопје ќе се одржи дводневна работилница за членови на политичката партија Левица насловена „Паметна опозиција: Мобилизација, градење алтернативи и влијателно локално дејствување“. На работилницата учесниците ќе дискутираат за современите предизвици и можности за политичко организирање, улогата на конструктивната опозиција, мобилизацијата на членството и зајакнувањето на врските со граѓаните.

Преку интерактивни сесии и практични вежби, учесниците ќе работат на унапредување на комуникацијата со различните општествени групи, развивање локални иницијативи, справување со дезинформации, подготовка на политики засновани на докази и ефикасно застапување на политичките предлози. Дополнително, ќе бидат обработени теми поврзани со преговарање, градење сојузништва и стратешко планирање за постигнување конкретни политички резултати.

КОГА

од: 18-06-2026 16:00

до: 19-06-2026 20:00

КАДЕ

Скопје / Skopje

Останати настани

Работилница за претставници на политичките партии: Помеѓу два изборни циклуси - Градење активни и граѓански ориентирани политички партии

Истражувачки и аналитички центри , Настани , Политички Партии

20-06-2026

Интерактив-Битола: Тркалезна маса во Битола

Истражувачки и аналитички центри , Настани , Политички Партии

19-06-2026

Работилница за членови на политичката партија Левица: Паметна опозиција - Мобилизација, градење алтернативи и влијателно локално дејствување

Истражувачки и аналитички центри , Настани , Политички Партии

18-06-2026