Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Не | Општината нема алоцирани средства во буџетот за 2026 за реализација на мерката. | Општина Тетово: одговор на барање за пристап до информации со јавен карактер. (емаил) |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Не | Општина Тетово моментално не спроведува јавни набавки ниту пак има активни повици за субвенционирање на инвертер клима-уреди за домаќинствата | ЕСЈН: Електронски систем за јавни набавки https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/Home.aspx |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Не | Нема превземено никакви активности за обезбедување предулсови поврзани за мерката. | Општина Тетово: Одговор на барање за пристап до информации со јавен карактер (емаил) |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Не | Општината нема планирано реализирање на оваа мерка во 2026. | Општина Тетово: Одговор на барање за пристап до информации со јавен карактер (емаил) |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Не | Во периотот на известување нема никакви објавени новости и информации на официјалната веб страната и социјалните медиуми на општината. | Официјална страна на Општина Тетово https://www.tetova.gov.mk/ |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Да | Општина Тетово од 2 поставени барања за пристап до информации од јавен карактер одговорила на едно од барањата. За второто доставено барање до општината на 18.09.2026 има рок до 17.10.2026 за одговор. | Тимот на организацијата „За Тетово„ |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Не | Нема достапни информации дека во текот на извештајниот период биле одржани состаноци, средби, интервјуа или други активности на кои биле споделени информации за мониторираната мерка. | Веб страна на Општина Тетово, Фејсбук профил на Општина Тетово. |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Не | Во врска со реализација на мерката што ја мониторираме не се одржани формални консултации и средби со граѓани ниту пак имаме информација дали граѓаните биле консултирани. | Веб страна на Општина Тетово, Фејсбук профил на Општина Тетово. |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Не | Нема достапни информации дека во текот на извештајниот период граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мониторираната мерка преку барања, петиции, граѓански иницијативи или други форми на учество. | Тимот на организацијата „За Тетово„ |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Не | Не се организирани јавни собири, дебати или форуми во текот на извештајниот период. | Тимот на организацијата „За Тетово„ |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Во текот на извештајниот период не е евидентирана можност за електронско учество на граѓаните (преку веб-страница, електронски обрасци, мобилни апликации или други дигитални алатки) во врска со мерката што е предмет на мониторинг. Поради тоа, не се реализирани електронски консултации или други форми на учество на граѓаните за оваа мерка. | Тимот на организацијата „За Тетово„ |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Не | Нема информација за реализиран отворен ден на кој што се дискутирално за мониторираната мерка. | Тимот на организацијата „За Тетово„ |
