Изградба на младински центар во општина Кисела Вода

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Не

Предвидени се средства за реализација на мерката, се бара конкретна локација (Драчево или Кисела Вода) и се работи на подготовки за спроведување. Нема информации за конкретен износ. Информациите се добиени преку директна средба - состанок со претставници од советот на Општина Кисела Вода.

Состанок со советници од Општина Кисела Вода, писмена потврда на електронска пошта.

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Не

Сеуште се очекуваат поконкретни одговори на барањата за информации од јавен карактер за оваа точка бидејќи беше најавено во скоро време отворањето на младинскиот центар.

Проектен тим

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не

Формални мерки до сега не се преземени. Но, бидејќи веќе се предвидени можни локации за негово отворање, започнати се подготовки за оваа мерка. Предвидено е негово отворање во текот на 2026 година. За подетално, се очекува одговор на барањата за информации од јавен карактер.

Состанок со советници од Општина Кисела Вода.

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Не

Нема конкретни преземени мерки. Се разгледуваат само опции за локација за каде би можел да се отвори центарот. Во предвид се две локации населбите Кисела Вода или Драчево.

Состанок со советници од Општина Кисела Вода, писмена потврда на мејл.

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Не

Не постојат јавно достапни информации на социјалните медиуми и веб страницата. Не е започната реализација на мерката со активности на терен.

Социјални мрежи на градоначалничката, веб страната на општината, социјалните мрежи на членовите на советот.

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Не

Евротинк има доставено повеќе барања за информации од јавен карактер, на кои сеуште се очекува одговор. Кога беа примени барањата бевме контактирани за да ги утврдиме деталите околу нашите прашања, на што добивме потврден одговор дека ќе добиеме одговори на сите барања.

Комуникација телефонска со шефот на кабинетот на градоначалничката.

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Да

Евротинк одржа состанок на почетокот на проектот. Имавме состанок во Општината со двајца советници. При испраќање на електонска порака бевме контактирани од шефот на кабинетот на градоначалничката за со кого и каде да одржиме состанок. Исто и откако доставивме барања за информации од јавен карактер, бевме контактирани за утврдување на деталите.

Состанок со претставници на општината во месец април. Телефонски контакти

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Не

Евротинк нема добиено вакви информации. Сеуште се чека на одговори од општината по пат на Барање за информации од јавен карактер.

Проектен тим

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Не

Евротинк нема добиено вакви информации. Сеуште се чека на одговори од општината по пат на Барање за информации од јавен карактер.

Проектен тим

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Не

Немаме информации за ова. Чекаме да добиеме одговори на Барањата за информации од јавен карактер. Во овој период на 1 и на 6 јули 2026 година, Евротинк одржа состанок со две младински граѓански организации кои се регистрирани на територија на Општина Кисела Вода за да се воспостави подобра комуникација и да се разменат мислења за младинските политики во општината и отвореноста за соработка.

Информација од одржани состаноци

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Не постои таква опција,

Анализа на веб страницата на општината

3.3.3Отворени денови на општината Не

Јавно не се достапни информации за ова, ниту добивме одговор за ова прашање откако испративме прашања до советник во општината со кој претходно имавме остварено состанок.

Проектен тим

Не се реализира / стагнација
1 од 12 критериуми исполнети (8%)
Општина Кисела Вода
Организација Здружение на граѓани за истражување, анализа и креирање политики „Евротинк – Центар за европски стратегии“ - Скопје