Матрица за мониторинг
| Бр. | Критериум за мониторинг | Статус | Краток опис и забелешки | Извор на информации |
|---|---|---|---|---|
| I. Спроведување на мерката која се мониторира | ||||
| 1.1 | Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката | Да | Со Одлука бр.08-2758/1 од 29.12.2025, за Здружението „Етика“ добива средства од Општина Гостивар за поддршка на Советувалиштето и Засолништето за жртви на родово базирано и семејно насилство, во рамките на проектот „Има надеж“ се одобрени 1.500.000 денари од програма А0, ставка 463 – трансфери до НВО. Во Програмата за еднакви можности останува разликата меѓу албанската и македонската верзија: 1.500.000 и 900.000 денари. Општината потврди 500.000 денари реализирани средства во 2026. Целата Програма е намалена за 1.000.000 денари, но нема јасен податок колку се намалени средствата за ЕТИКА. | Службен-Гласник-бр.14-29.12.2025 – Програма за активностите на Општина Гостивар во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2026 година. Службен-Гласник-бр.14-29.12.2025 – Одлука за доделување финансиски средства на Здружение Етика за проектот „Има надеж“, бр.08-2758/1 од 29.12.2025. Писмен одговор по електронска пошта од од вишиот соработник за млади и спорт од 29.09.2026. Записник од телефонски разговор од вишиот соработник за млади и спорт (30.09.2026) |
| 1.2 | Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката | Не | Нема промена на податоците од последниот квартален извештај (01.04.2026–30.06.2026). Мерката не се реализира по пат на јавни набавки ниту преку јавен повик. Според информациите од Општината, поддршката се обезбедува врз основа на Решение на Советот од 2023 година и Меморандум за соработка. Советувалиштето/Засолништето „Етика“ секоја година доставува барање за финансиска поддршка. | Записник од состанок со претставничка на Општина Гостивар од 29.09.2026. |
| 1.3 | Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) | Да | Како што беше наведено во претходниот квартален период (01.04.2026–30.06.2026), мерката е предвидена во Програмата за еднакви можности за 2026 година. При дополнителното истражување на официјалната веб-страница на Општината е пронајдена Одлука бр.08-2758/1 од 29.12.2025, со која на ЕТИКА се одобруваат 1.500.000 денари за проектот „Има надеж“. | Службен-Гласник-бр.14-29.12.2025 – Програма за активностите на Општина Гостивар во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2026 година Службен-Гласник-бр.14-29.12.2025Одлука бр.08-2758/1 од 29.12.2025 за доделување финансиски средства на Здружение Етика за проектот „Има надеж“. Записник од состанок со претставничка на Општина Гостивар од 29.09.2026. Писмен одговор по електронска пошта од Азра Нуредини од 29.09.2026. |
| 1.4 | Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката | Да | Како што беше наведено во претходниот квартален период (01.04.2026–30.06.2026), мерката се реализира без прекин на активностите, во континуитет. Во овој квартал се исплатени 500.000 денари за поддршка на Советувалиштето/Засолништето „Етика“, | Писмен одговор по електронска пошта од вишиот соработник за млади и спорт во Општина Гостивар од 29.09.2026. |
| II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата | ||||
| 2.1 | Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми | Не | Во периодот на известување не се пронајдени новости и информации за мерката на официјалната веб-страница и во јавно достапните резултати од пребарувањето на социјални медиуми на општината. Според теренскиот прашалник, 82,1% од испитаниците во последните три месеци не забележале информација, објава или активност поврзана со Советувалиштето/Засолништето „Етика“. За неговите услуги, 62,5% воопшто не се информирани, а 23,2% се малку информирани. | Официјална страна на Општина Гостивар https://gostivari.gov.mk/042/mk/pocetna. Теренски прашалник 2 – Гостивар, спроведен на 29.09.2026 |
| 2.2 | Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка | Не | Нема промена на податоците од последниот квартален извештај (01.04.2026–30.06.2026). Во тековната 2026 година до Општина Гостивар нема пристигнато барање за информации од јавен карактер поврзано со реализацијата на мерката. | Писмен одговор по електронска пошта од вишиот соработник за млади и спорт во Општина Гостивар од 29.09.2026. Теренски прашалник 2 – Гостивар, спроведен на 29.09.2026 |
| 2.3 | Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. | Да | Општината е отворена за соработка и споделува информации по барање на засегнати страни. На 29.09.2026 беше одржан состанок со претставнички на Националната мрежа „Жените за жените“, на кој беа споделени информации за мерката. По дополнително барање, беше доставен и писмен одговор по електронска пошта. | Записник од состанок со претставничка на Општина Гостивар од 29.09.2026. Писмен одговор по електронска пошта од вишиот соработник за млади и спорт во Општина Гостивар од 29.09.2026. |
| III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки | ||||
| 3.1 | Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката | Да | Како што беше наведено во претходниот квартален период (01.04.2026–30.06.2026), мерката е креирана врз основа на утврдените потреби на жените жртви на родово базирано и семејно насилство во Полошкиот регион и по барање на ЕТИКА. Потребата за поддршка се темели на директната работа со корисничките и евидентираните случаи. | Записник од состанок со претставничка на Општина Гостивар од 29.09.2026. Теренски прашалник 2 – Гостивар, спроведен на 29.09.2026 |
| 3.2 | Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира | Не | Во периодот на известување не се добиени информации за поднесени барања за средби, консултации, петиции, граѓански иницијативи или други форми на учество од страна на граѓаните во однос на мерката. Во рамки на мониторингот не се евидентирани ниту други форми на проактивно вклучување на граѓаните поврзани со реализацијата на мерката. Според наодите од теренскиот прашалник, ваквата состојба може делумно да се поврзе со ниското ниво на информираност за мерката. Имено, 66,1% од испитаниците не слушнале за Советувалиштето/Засолништето „Етика“, додека 82,1% во последните три месеци не забележале информација, објава или активност поврзана со оваа услуга. | Записник од состанок со претставничка на Општина Гостивар од 29.09.2026 Теренски прашалник 2 – Гостивар, спроведен на 29.09.2026 |
| Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку: | ||||
| 3.3.1 | Јавни собири, дебати и форуми | Да | Во периодот на известување Општината не организира јавни настани поврзани со мерката.Националната мрежа „Жените за жените“ организираше средба со граѓани во Гостивар, преку разговор на кафе за мерките за бесплатни мамографски прегледи и поддршка на жртви на родово базирано насилство. Целта беше да се слушнат мислењата на граѓаните за мерките, колку се информирани за нив, дали биле вклучени во нивното креирање и како ја оценуваат достапноста на информациите и транспарентноста на Општината. Според одоворите на посетителите, 51,8% од испитаниците некогаш присуствувале на настан организиран од Општината.Од оние што го одговориле прашањето на каков настанот учествувале, 8,9% навеле јавен форум, а 6,7% јавна расправа. Овие одговори се однесуваат на општински настани генерално и не потврдуваат учество на настан поврзан со Советувалиштето/Засолништето „Етика“ во извештајниот период. | Записник од состанок со претставничка на Општина Гостивар од 29.09.2026. Теренски прашалник 2 – Гостивар, спроведен на 29.09.2026 |
| 3.3.2 | Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. | Не | Нема нови информации за електронско учество на граѓаните во однос на мерката во споредба со претходниот квартален период (01.04.2026–30.06.2026). Како што беше наведено, Општината обезбедува можности за комуникација преку својата веб-страница и електронските канали, но интересот и активноста на граѓаните за нивно користење се ниски. Ова се однесува на општинските програми и мерки генерално. Според теренскиот прашалник, испитаниците најчесто добиваат информации преку Facebook (55,4%), локални медиуми (35,7%) и пријатели и познаници (33,9%), додека официјалната веб-страница на Општината ја навеле 17,9%. Овие податоци ги покажуваат каналите на информирање, но не потврдуваат електронско учество во одлуките или спроведувањето на конкретната мерка. | Записник од состанок со претставничка на Општина Гостивар од 29.09.2026. Теренски прашалник 2 – Гостивар, спроведен на 29.09.2026 |
| 3.3.3 | Отворени денови на општината | Не | Нема промена на податоците од претходниот квартален период (01.04.2026–30.06.2026). Не е јасно дефинирано дали Општината организира отворени денови, но покажува отвореност за комуникација со граѓаните. Во периодот на известување не се добиени информации за отворени денови поврзани со конкретната мерка. Резултатите од теренскиот прашалник, покажуваат дека 35,6% од испитаниците што го одговориле прашањето за видот на општински настан на кој присуствувале било отворен ден. Овие одговори се однесуваат на досегашно присуство на општински настани генерално и не потврдуваат учество на отворен ден поврзан со Советувалиштето/Засолништето „Етика“ во извештајниот период. | Записник од состанок со претставничка на Општина Гостивар од 29.09.2026. Теренски прашалник 2 – Гостивар, спроведен на 29.09.2026 |
