Повик за апликации: Грантови за иновативни иницијативи

Мобилизатори на заедницата

Проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија објавува повик за доделување грантови за иновативни иницијативи

Апликации формално можат да поднесат граѓански организации (граѓански здруженија и фондации) кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10).

Пријавите за повикот се поднесуваат исклучиво по електронски пат (е-пошта) на следната адреса: applications2ig@mcms.mk

Повикот се состои од Водич за апликантите (линк) и Образец за апликација (линк). Целосната документација е достапна овде.

Предложените иновативни иницијативи треба да идентификуваат проблем во заедницата за кој било ветено решавање или, пак, решение за кое било ветено остварување (во изборната програма) од страна на локалната власт и/или е вклучено во тековната програма на локалната самоуправа, и да ја мобилизира заедницата да ги потсети локалните власти на нивните дадени ветувања.

Иновативните иницијативи треба да содржат активности кои вклучуваат, но не се ограничуваат на следново:
• Презентација на резултати од мониторинг на избраното прашање на локално ниво (индивидуални состаноци, јавни дискусии, презентации наменети за одредена целна група, тркалезни маси, видео продукција, гостување и говорење на локален радио/телевизиски медиум, социјални медиуми);
• Собирање мислења од локалната заедница за мониторираното прашање (каква е нивната перцепција, дали постапувањето кон проблемот/ решението е задоволително и дали е во процес на имплементација);
• Дебати меѓу претставници на локалната самоуправа (одговорни за постапување по мониторираното прашање) и експерти по соодветната област/тема со цел да разменат мислења за постигнатиот напредок или недостаток на напредок;
• Организирање на широка група на граѓани (локална заедница) да ги потсетат локалните власти (и партии) на нивните ветувања (концерт, мирен протестен марш итн.);
• Герила акции преку кои ќе се споделат резултатите од мониторингот претставени во форма на леток, постер, видео, итн.;
• Организирање на потпишување петиции/ отворени писма до одговорните институции на локалната самоуправа;
• Развој на едноставни ИТ апликации за мобилизирање на локалната заедница околу и во однос на мониторираното прашање;
• Организирање и одржување на форуми (онлајн или во живо) за избраната тема и собирање на мислења од членовите на локалната заедница во однос на мониторираното прашање и до кој степен е преземено нешто во однос на тоа;
• Други активности кои придонесуваат кон остварување на главната цел на проектот и неговите резултати.

Иновативните иницијативи треба да се фокусирани на локални прашања чие решавање е во надлежност на локалната власт. Апликантот треба да избере област/тема која била ветена за време на локалните избори во 2021 г., да провери дали областа/темата е внесена во работниот план и буџетот на ЕЛС за 2022 г. и да ги организира активностите околу таа тема.
Времетраењето на иновативните иницијативите треба да биде помеѓу четири (4) и шест (6) месеци.
Барањето за грант треба да изнесува најмногу 300.000 денари.
Апликантите на овој повик треба да имаат предвид дека ќе се сметаат за подобни доколку испратат само една апликација.

Вкупната сума која е на располагање за овој повик за апликации е 6.600.000 денари.

Апликациите мора да се поднесат преку електронска пошта со заглавје: „Повик за апликации – грантови за иновативни иницијативи“ на следната адреса: applications2ig@mcms.mk
Краен рок за поднесување на апликациите е 30 септември 2022 г. до 16:00 часот (македонско време). Датумот и часот на пристигнување на електронската пошта ќе се смета за релевантен доказ за поднесување на апликацијата во зададениот рок. Апликантите ќе бидат известени за приемот на апликацијата со повратен одговор на нивната електронска порака.
Проектот нема да ги прифати апликациите пратени по редовна пошта или лично доставените апликации.

Секоја апликација мора да биде поднесена како ЕДНА е-порака која во прилог ќе ги содржи следните документи во соодветен формат (MS Word/Excel и во PDF, каде што е применливо) и нема да надминува 20MB :
Пополнета апликација за грант
Прилог 1. Буџет на иновативната иницијатива и Оправданост на трошоци (1а. Буџет на 2И; 1б. Оправданост – линк)
Прилог 2. Кратки биографии (CV europass формат – линк) од проектниот тим
Прилог 3. Кратки биографии (CV europass формат – линк) од двата предложени мобилизатори на заедницата
Прилог 4. Доказ за правен статус на апликантот (потврда за тековна состојба издадена од Централниот регистар, не постара од шест месеци, сметајќи наназад од денот на објавувањето на овој Повик (5 септември 2022 г.); се прифаќаат и скенирани верзии;
Скенирана Изјава на апликантот (пополнета и потпишана од неговиот законски застапник – дел В. изјава на апликантот).

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Прашања во врска со повикот и апликацијата може да бидат испратени на следната адреса: info2ig@mcms.mk не подоцна од 20 септември 2022 г.

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА
Проектот ќе одржи една онлајн информативна сесија за овој повик за апликации на 14 септември 2022 г. со почеток во 12:00 часот. Сесијата можете да ја следите на платформата Zoom, на следниов линк:
https://us06web.zoom.us/j/87974938366?pwd=WXBYZnEva3FqdGJWSlVVUTY3bFVRQT09

ПРЕЛИМИНАРНА ВРЕМЕНСКА РАМКА
Отворање на повикот за апликации: 5 септември 2022 г.
Информативна сесија: 14 септември 2022 г. 12:00 ч.
Краен рок за поднесување на апликации: 30 септември 2022 г., 16.00 ч.
Одлучување на Комисијата за избор на грантови: октомври 2022 г.
Известување за доделените грантови и за одбиените пријави: октомври 2022 г.
Преговори и потпишување договори: октомври 2022 г.

Галерија