Анкета во Тетово за информираноста на граѓаните за субвенциите за велосипеди

Иновативни иницијативи - мобилизатори на заедницата, Мобилизатори на заедницата

За време на јавен велосипедски настан во Тетово, партнерската граѓанска организација For Tetovo спроведе кратка анкета со граѓаните за нивната информираност за општинската програма за субвенционирање велосипеди, во рамки на активностите поддржани од Изборната програма за поддршка.

Анкетата покажа голем интерес кај граѓаните за мерката, но истовремено укажа дека само мал број од нив биле информирани за нејзиното постоење. Наодите ја истакнаа важноста не само на усвојувањето и спроведувањето на локалните мерки, туку и на нивното соодветно комуницирање со граѓаните.

Активноста овозможи директно прибирање на мислењата и искуствата на граѓаните и нивно преточување во конкретни мониторинг наоди.

Преку поддршката на ваквите активности, Изборната програма за поддршка придонесува кон поголема вклученост на граѓаните во следењето на изборните ветувања и кон потранспарентно и поотчетно локално управување.

Галерија