Изминатиот викенд во Струмица, истражувачко-аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ и ИФЕС заеднички организираа работилница за членови на подмладокот на партијата насловна „Од идеја до јавна политика: Развој на новата генерација политички лидери“.
Во текот на тридневната интерактивна работилница, младите политичари имаа можност да учат и да разменат искуства за организациското функционирање на политичката партија, креирањето јавни политики засновани на докази, јавниот настап и политичката комуникација, како и развојот на лидерските вештини.
Програмата претставуваше комбинација од интерактивни сесии, практични вежби и разговори со поискусни политичари, со цел да им се овожможи на учесниците да ги поврзат стекнатите знаења со реални предизвици и да се даде придонес кон градењето на поинформирани, поодговорни и граѓанско-ориентирани политички процеси.
Оваа активност е дел од континуираните активности на Швајцарската програма за поддршка на изборите во насока на јакнење на капацитетите на политичките партии за креирање политики засновани на докази.
