Работилница за преглед на напредокот и взаемно учење за учесниците во Петтата генерација на Академијата за јавни политики: Зајакнување на иницијативите за јавни политики - Пишување, комуникација и застапување за промена во јавните политики

Иновативни иницијативи - политички партии, Млади од политички партии, Настани, Политички Партии

Изминатиот викенд во Тетово ја одржавме последната работилница во рамките на петтата генерација на Академијата за јавни политики, организирана преку Швајцарската програма за поддршка на изборите во Северна Македонија. Во текот на дводневната програма, учесниците работеа на унапредување на своите иницијативи за јавни политики, со посебен фокус на тоа како резултатите од истражувањето да се преточат во јасни и аргументирани документи за јавни политики и како предложените решенија ефективно да се комуницираат и застапуваат пред релевантните носители на одлуки и пошироката јавност. Во периодот што следи, Академијата влегува во својата завршна етапа, во која ќе продолжи индивидуалната работа со секој од учесниците на спроведување на нивните иницијативи и подготовката на документите за јавни политики. Целта е знаењата и вештините стекнати во текот на Академијата да се преточат во конкретни предлози засновани на потребите на граѓаните, со потенцијал да придонесат за подобрување на јавните услуги и квалитетот на животот во локалните заедници.

Галерија