Со интерактивната работилница изминатиот викенд, петтата генерација на Академијата за јавни политики ја започна втората фаза, во која идеите и проблемите од локалните заедници треба да се претворат во конкретни, аргументирани и остварливи предлози за јавни политики.
Во текот на работилницата, заедно со учесниците работевме на дефинирање на локалните проблеми, проучување на методите на истражување и собирање на релевантни информации, идентификување на засегнатите страни, и, конечно, како сето тоа да се претвори во јасен план и документ за јавна политика.
Но, ова е само почеток. Во следниот период, со наша поддршка, учесниците ќе продолжат со истражување, разговори со луѓе од заедницата, собирање информации и развивање на своите идеи во конкретни јавни политики.
Од „имам идеја“ до „имам предлог што може да се спроведе“ – почнуваме!
