Со реализираниот трет модул насловен „Демократско еколошко управување и младинско лидерство“, успешно ја заокруживме првата фаза од петтата генерација на Академијата за јавни политики, фаза посветена на јакнење на знаењата и капацитетите на младите политички лидери. Во текот на изминатиот викенд, учесниците имаа можност да дискутираат за зелени политики, биодиверзитет, управување со отпад и улогата на младите во креирањето одржливи еколошки политики. Преку интерактивни сесии, практични активности и разговори со експерти, младите политичари ги унапредија своите вештини за критичко размислување, аргументација и јавно застапување.

Во следната фаза од Академијата, која ќе се реализира во втората половина на годината, учесниците ќе имаат можност стекнатото знаење да го применат во пракса преку развој на документи за јавни политики и спроведување иновативни иницијативи во нивните заедници. Процесот ќе кулминира со промоција на конкретни решенија, подготвени од самите учесници, како придонес кон поодржлив и поинклузивен локален развој.

Галерија