Одржување и унапредување на урбаното зеленило во општина Битола: (1) Изработка на Стратегија за развој на зеленило, (2) Поставување на подземни садови за комунален отпад

Матрица за мониторинг

Бр.Критериум за мониторингСтатусКраток опис и забелешкиИзвор на информации
I. Спроведување на мерката која се мониторира
1.1Алоцирани буџетски средства во буџетот на општината за 2026 година за реализација на мерката Да

Обезбедени се средства во буџетот на општината за мониторираната мерка. Тие средства се јасно алоцирани и тоа:
а) 1,5 милиони денари за - Изработка на Стратегија за развој на зеленило и
б) 3 милиони денари за - Поставување на подземни садови за комунален отпад.
Сите средства ги обезбедува општината и засега нема пренамена во други цели.

Програма за животната средина во Општина Битола за 2026 година бр. 09-137/24.

Образложение кон Буџетот на Општина Битола за 2026 година. 

1.2Планирани и/или реализирани јавни набавки во врска со мерката Да

Во планирани јавни набавки на Општина Битола за 2026 година се Изработка на стратегија за развој на зеленило како и Поставување на подземни садови за комунален отпад но не се реализирани. Во планот за јавни набавки наведено е дека двете јавни набавки ќе бидат објавени во мај 2026 година.

Годишен план за јавни набавки 2026 год

Прва измена и дополнување на план за јавни набавки за 2026 

 

 

1.3Обезбедени се неопходните предуслови за реализација на активности поврзани со мерката (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не

Сѐ уште се во фаза на подготвување и за стратегијата и за подземните садови за комунален отпад. Иако во Планот за јавни набавки на Општина Битола за 2026 година предвидени се набавки за Изработка на стратегија за развој на зеленило како и за Поставување на подземни садови за комунален отпад, се уште нема реализирано јавни набавки.

Записник бр.1 од 18.06.2026 година од воведна средба со раководителката на Одделението за урабнистичко планирање и заштита на животната средина.

Годишен план за јавни набавки 2026 год

Прва измена и дополнување на план за јавни набавки за 2026

 

1.4Се спроведуваат конкретни активности во врска со мерката Не

Активности не се спроведени заради тоа што сѐ уште се во фаза на подготвување на самата документација за понатамошно отпочнување на процесот во следниот период.

Записник бр.1 од 18.06.2026 година од воведна средба со раководителката на Одделението за урабнистичко планирање и заштита на животната средина.

II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата
2.1Општината т.е одговорната институција редовно споделува информации за мерката на веб страницата и социјални медиуми Не

Во периодот јануари - јуни 2026 година нема објавено новости на веб-страните и социјалните медиуми на Општина Битола и ЈКП „Комуналец“ - Битола повразни со мерките. На состанокот со раководителката на Одделението за урбанистичко планирање и заштита на животната средина на општина Битола бевме информирани дека сѐ уште е во фаза на подготвување на документацијата.

Записник бр.1 од 18.06.2026 година од воведна средба со раководителката на Одделението за урабнистичко планирање и заштита на животната средина.

Веб страница на Општина Битола, веб-страница на ЈКП „Комуналец“ - Битола, Фејсбук профил на Општина Битола, Фејсбук профил на ЈКП „Комуналец“ - Битола, Фејсбук и Инстаграм профил на г-дин Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола.

2.2Општината т.е надлежната институција одговара на Барање за информации од јавен карактер испратени за конкретната мерка Не

Пратено е барање за информации од јавен карактер преку електронска пошта до Општина Битола, но до овој момент немаме добиено одговор. Немаме информации дали некој друг има испратено барање за добивање на информации од јавен карактер поврзани со мерката која е предмет на мониторинг.

Барање бр. 1 за информации од јавен карактер од 22.06.2026 година

2.3Општината т.е одговорната институција споделува информации за мерката по барање на засегнати страни преку состаноци, интервјуа, средби и сл. Не

Нема достапни информации дека во текот на извештајниот период биле одржани состаноци, средби, интервјуа или други активности на кои биле споделени информации за мониторираната мерка.

Веб страница на Општина Битола,

веб-страница на ЈКП „Комуналец“ - Битола,

Фејсбук профил на Општина Битола,

Фејсбук профил на ЈКП „Комуналец“ - Битола,

Фејсбук и Инстаграм профил на г-дин Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола.

III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки
3.1Граѓаните се вклучени во одлуки поврзани со реализација на мерката Не

Во врска со реализација на мерката што ја мониторираме не се одржани формални консултации и средби со граѓани ниту пак имаме информација дали граѓаните биле консултирани. Од одржаниот состанок со раководителката на Одделението за урабнистичко планирање и заштита на животната средина, г-ѓа Валентина Андријашевиќ Кривашија не добивме информација во врска со ова прашање.

Записник бр.1 од 18.06.2026 година од воведна средба со раководителката на Одделението за урабнистичко планирање и заштита на животната средина.

3.2Граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мерката која се мониторира Не

Нема достапни информации дека во текот на извештајниот период граѓаните иницирале учество во одлуките поврзани со мониторираната мерка преку барања, петиции, граѓански иницијативи или други форми на учество.

Проектен тим

Граѓаните биле вклучени во процесот на спроведување на конкретната мерка преку:
3.3.1Јавни собири, дебати и форуми Да

Се организира еден јавен настан - тркалезна маса на тема „Локални мерки за заштита на животната средина во Битола: предизвици и следни чекори“, одржана на 25.06.2026 година во организација на Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ - Битола. На настанот присуствуваа 26 учесници, од кои 5 млади, претставници на Организација на жени на општина Битола, Регионално географско друштво ГЕОСФЕРА - Битола, СОЕУ „Јане Сандаски“ - Битола, Општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски и директорот на ЈКП „Комуналец“ - Битола. Се дискутираше за реализацијата на мониторираната мерка, при што беше нагласена потребата од поголема транспарентност, редовно информирање на јавноста и поактивно вклучување на граѓаните во процесот на нејзина имплементација. Беше заклучено дека е потребно да се забрза реализацијата на мерките за урбано зеленило и управување со отпад, со поголема транспарентност и редовно информирање на јавноста. Препорачано е да продолжи соработката помеѓу Општината, јавните претпријатија и граѓанските организации, како и граѓаните да бидат поактивно вклучени во следењето на спроведувањето на мерките.

Фејсбук објава на ИНТЕРАКТИВ - Битола

Фејсбук објава на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски

 

3.3.2Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не

Во текот на извештајниот период не е евидентирана можност за електронско учество на граѓаните (преку веб-страница, електронски обрасци, мобилни апликации или други дигитални алатки) во врска со мерката што е предмет на мониторинг. Поради тоа, не се реализирани електронски консултации или други форми на учество на граѓаните за оваа мерка.

Записник бр.1 од 18.06.2026 година од воведна средба со раководителката на Одделението за урабнистичко планирање и заштита на животната средина.

3.3.3Отворени денови на општината Не

Нема информација за реализиран отворен ден на кој што се дискутирално за мониторираната мерка.

Веб страница на Општина Битола,

веб-страница на ЈКП „Комуналец“ - Битола,

Фејсбук профил на Општина Битола,

Фејсбук профил на ЈКП „Комуналец“ - Битола,

Фејсбук и Инстаграм профил на г-дин Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола.

Се спроведуваат активности
3 од 12 критериуми исполнети (25%)
Општина Битола
Организација Здружение за меѓународна младинска соработка „ИНТЕРАКТИВ“ – Битола