Оваа 2И има двојна цел. Таа ќе се осврне на недостатокот на туристичка понуда во општина Тетово, но не само тоа. Имајќи го предвид високото загадување на воздухот во Тетово, иницијативата ќе ја истражи можноста за воведување на туристичка транспортна еко-воз линија. Еко-возот ќе тргнува од центарот на Тетово (од Шарената џамија) и ќе се движи околу 3,2 км до Бањица, каде што се наоѓа постојниот центар за рекреација на Тетово. Еко-возот ќе ги охрабри граѓаните да користат воз (колективен превоз) наместо индивидуални автомобили, со што ќе придонесат за намалување на загадувањето на воздухот покрај зголемувањето на туризмот во тој регион . Преку јавни дискусии и кампања за социјални медиуми, оваа 2И ќе ја претстави идејата за еко-воз пред граѓаните и ќе ги прибере нивните ставови во врска со таквата линија на возот и најдобрите идни опции